Бразилската фудбалска супер ѕвезда, Нејмар, на неговиот „Јутуб“ канал одговараше на прашања поставувани од сегашни но и поранешни фудбалери.

На прашањето на фудбалерот на Манчестер Сити, Бенамин Менди, дали би сакал да игра во Премиер лигата, Нејмар изјави дека верува дека секој голем играч барем еднаш во кариерата мора да заигра во Премиер лигата, меѓу редови најавувајќи дека ќе цели кон такво нешто во иднина.

Тоа е големо натпреварување, едно од најдобрите во светот. Не знаеме што ќе се случи утре, но јас верувам дека секој голем играч, барем еднаш мора да заигра во Премиер лигата, изјави Нејмар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.