Утринава, на 81-годишна возраст, почина македонскиот театарски режисер Љубиша Георгиевски. Јавноста го паменти како можеби најавангардниот македонски режисер со најмногу забранети претстави. Во почетокот на 2014 година луцидниот Георгиевски одбележуваше значаен јубилеј, 55 години творештво и 77 години живот и по тој повод во Македонскиот народен театар (МНТ) беше поставена неговата претстава „Аферата Елсинор“, која беше само дел од настаните со кои се одбележуваше 55-годишното творештво на Георгиевски.

Во неделникот „Република“ по тој повод објавивме интервју со Георгиевски, кое сега го објавуваме во целост.

Лу­цид­ни­от и се­ко­гаш ек­стра­ва­ган­тен Ге­ор­ги­ев­ски е те­а­тар­ски и филм­ски ре­жи­сер, драм­ски пи­са­тел и есе­ист, те­о­ре­ти­чар на те­а­та­рот и про­фе­сор по те­а­тар­ска ре­жи­ја и актер­ска игра на Фа­кул­те­тот за драм­ски умет­но­сти во Скоп­је. Дип­ло­ми­рал на Ака­де­ми­ја­та за те­а­тар, филм, ра­дио и за те­ле­ви­зи­ја, гру­па те­а­тар­ска и ра­ди­о­ре­жи­ја, во Бел­град 1974 го­ди­на. Ка­ко те­а­тар­ски ре­жи­сер, има по­ста­ве­но 165 по­ста­но­вки во Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Хр­ват­ска, Бос­на и Хер­це­го­ви­на, Сло­ве­ни­ја, Бу­га­ри­ја, Ро­ма­ни­ја, Пол­ска, ка­ко и че­ти­ри по­ста­но­вки во САД, ка­де што на уни­вер­зи­те­ти­те во Јуж­на Ка­ли­фор­ни­ја и во Те­ксас пре­да­вал те­о­ри­ја на те­а­та­рот и актер­ска игра. Не­го­ви­те прет­ста­ви се игра­ат на по­ве­ќе од де­сет ја­зи­ци и го­сту­ва­ле низ Евро­па, од кои поз­на­чај­ни го­сту­ва­ња му се во Мос­ква и во Ви­е­на.

Со прет­ста­ва­та „Афе­ра­та Ел­си­нор“ од­бе­ле­жу­ва­те 55 го­ди­ни тво­реш­тво на ма­ке­дон­ска­та и на свет­ска­та сце­на и 77 го­ди­ни жи­вот. Се пра­ша­вте ли во еден мо­мент, ко­га по­ми­наа го­ди­ни­те?

Ге­ор­ги­ев­ски: Ап­со­лут­но, пра­ша­ње­то ви е на ме­сто, на мои го­ди­ни чо­век се пра­шу­ва ток­му та­ка: ко­га по­ми­наа тол­ку го­ди­ни, ка­ко сѐ да бе­ше вче­ра? Ме­ѓу­тоа, ко­га ќе поч­не чо­век да мис­ли на­на­зад, ми­гот се рас­тег­ну­ва во ми­ле­ни­ум. Мно­гу не­шта се слу­чи­ја во мо­јот жи­вот, та­ка што е не­воз­мож­но да се ком­при­ми­ра­ат во еден миг. Из­бег­ну­вам да гле­дам на­зад за­тоа што ми­на­то­то е без­на­деж­на ра­бо­та, не мо­же да го про­ме­ни­те. Ми­на­то­то е свр­шен чин и не е пре­по­рач­ли­во да мис­ли­те на не­што што за­вр­ши­ло, без раз­ли­ка да­ли ќе мис­ли­те по­зи­тив­но или не­га­тив­но. На­про­тив, ид­ни­на­та е ин­те­рес­на, прет­ста­ву­ва аван­ту­ра. Ид­ни­на­та, ба­рем ние има­ме илу­зи­ја де­ка ние ја мо­де­ли­ра­ме сопс­тве­на­та ид­ни­на. Тоа е, се раз­би­ра, илу­зи­ја, но чо­ве­кот не мо­же да жи­вее без илу­зи­ја.

Не­у­мор­на­та Је­ле­на Лу­жи­на прес­ме­та­ла де­ка со 165 прет­ста­ви, во про­сек по 40 де­на ра­бо­та, вие ре­чи­си 18 го­ди­ни жи­ве­е­те во те­а­та­рот. Што е тоа што Ве те­ра по­сто­ја­но да му се да­ва­те, без тро­шка за­др­шка?

Ге­ор­ги­ев­ски: Јас мис­лам де­ка цел жи­вот жи­ве­ам во те­а­та­рот. За ме­не Шекс­пи­ро­ва­та мис­ла де­ка цел свет е сце­на и ние лу­ѓе­то сме са­мо акте­ри што до­а­ѓа­ат и си одат е најд­ла­бо­ка­та и нај­точ­на ви­сти­на. Ко­га се за­ни­ма­ва­те со те­а­тар или сте оп­сед­на­ти со не­го, тоа не е про­фе­си­ја, тоа е на­чин на жи­вот. Во таа смис­ла, тоа е огро­мен пер­и­од. Тоа е вре­ме­то што јас сум го по­ми­нал зад ре­жи­сер­ски­от пулт. Но, ко­га има­те тол­ку бо­гат опус, то­гаш, пра­ктич­но, не оста­ну­ва вре­ме за ни­што дру­го. Но, не се ка­ам по­ра­ди тоа. Ко­га не­мав ве­ќе што да ка­жам во те­а­та­рот, из­ле­гов од не­го и поч­нав да се за­ни­ма­вам со по­ли­ти­ка. Тој пер­и­од не тра­е­ше дол­го, шест-се­дум го­ди­ни. Тоа е еден кри­зен пер­и­од ко­га чо­век се чув­сту­ва праз­но и ко­га сам на се­бе си ечи ка­ко та­пан. Ако ечи­те ка­ко та­пан, нај­до­бро е да се за­ни­ма­ва­те со по­ли­ти­ка. Со умет­ност мо­же да се за­ни­ма­ва­те са­мо ако има­те што да ка­же­те. Бев го­стин во по­ли­ти­ка­та, бев го­стин во раз­лич­ни те­а­три, се­га се вра­тив та­му ка­де што при­па­ѓам, во сво­е­то ја­то, и сме­там де­ка на­пра­вив до­бар из­бор. Сме­там де­ка си­те по­ли­ти­ча­ри по из­ве­сен пер­и­од тре­ба да ѝ се вра­тат на сво­ја­та про­фе­си­ја. Та­ка е ба­рем во нај­до­бри­те де­мо­крат­ски оби­чаи. Кај нас, за жал, сè уште, во јав­но­ста, ако чо­век се пов­ле­че од по­ли­ти­ка­та, се сме­та за по­раз. По­бед­ник е тој што ќе го из­не­сат од кан­це­ла­ри­ја со но­зе­те на­пред. Тоа е со­ци­ја­ли­стич­ки мо­дел на по­ли­ти­чар. Во ко­му­низ­мот, по­ли­ти­ча­ри­те са­мо мр­тви ја на­пу­штаа функ­ци­ја­та, жи­ви ни­ка­ко.

Во ед­но ин­терв­ју во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни из­ја­ви­вте: не сме си­те Тр­пе и Трај­че во др­жа­ва­ва. Уште ли сто­и­те на тој став?

Ге­ор­ги­ев­ски: Ко­га ја ста­вав­ме на но­зе оваа др­жа­ва, исто­ри­ја­та не ни доз­во­лу­ва­ше да би­де­ме по­ве­ќе Тр­пе и Трај­че. Си­те раз­брав­ме де­ка тоа е пос­лед­на­та шан­са што ни ја да­ва исто­ри­ја­та ка­ко на на­род да се одр­жа­ви­ме. Тоа што го имав­ме до то­гаш, онаа ас­ном­ска др­жав­ност, ни­ка­ко не е за пот­це­ну­ва­ње во исто­ри­о­граф­ска смис­ла за­тоа што тоа прет­ста­ву­ва ед­но про­дол­же­ние, кон­ти­ну­и­тет. Ме­ѓу­тоа, ви­стин­ска­та др­жа­ва, со си­те ни­ша­ни, ја соз­да­дов­ме во 1991 го­ди­на.

Вие сте те­а­тар­ски и филм­ски ре­жи­сер, ре­жи­ра­вте два­е­се­ти­на фил­мо­ви, те­ле­ви­зи­ски дра­ми, Вие сте и драм­ски пи­са­тел, есе­ист, те­а­тар­ски пе­да­гог… Од ка­де ја цр­пи­те таа енер­ги­ја и инс­пи­ра­ци­ја­та за сѐ што сте ра­бо­те­ле до­се­га?

Ге­ор­ги­ев­ски: Да чук­нам во др­во, чо­век ни­ко­гаш не знае од ка­де му е енер­ги­ја­та. Таа по­стои или не по­стои. Но, се­ка­ко, за да по­стои та­ква енер­ги­ја тре­ба жи­во­тот да е по­ста­вен на не­ка­ков кон­цепт. Мо­јот кон­цепт е не­мир и не­по­мир­ли­вост со со­стој­ба­та. Јас од де­те сум љу­бо­пи­тен и тоа ме дви­жи на­пред. Не­по­мир­ли­вост со не­кои ра­бо­ти. Бе­га­ње од свет во свет. Мо­ја­та глав­на хе­ро­и­на во „Афе­ра­та Ел­си­нор“ ве­ли: „По­бег­нав од по­ма­ла луд­ни­ца за да дој­дам во по­го­ле­ма и се­га се вра­ќам на­зад, во ма­ла­та ми е по­у­ба­во“. Тоа е ре­ак­ци­ја на све­тот та­ков ка­ков што е скро­ен. Све­тот, за жал, е та­ков ка­ков што е. За мал­ку бо­сан­ски­те на­ста­ни ме пре­стиг­наа со пре­ми­е­ра­та.

Да­ли лу­ди­ло­то е бла­гос­лов во те­а­тар­ски­от за­на­ет?

Ге­ор­ги­ев­ски: Лу­ди­ло­то е бла­гос­лов во жи­во­тот. Ако не по­лу­ди­те, на­праз­но сте жи­ве­е­ле. Се раз­би­ра, ма­ло­гра­ѓа­ни­те го стиг­ма­ти­зи­ра­ат лу­ди­ло­то ка­ко прок­лет­ство, ка­ко бе­ле­жа­ност од бо­га и слич­но. Ме­ѓу­тоа, лу­ди­ло­то ка­ко та­кво го до­ве­ду­ва во пра­ша­ње све­тот. Кој свет? Овој свет, кој не лич­ни на ни­што во пос­лед­но вре­ме. Не е свет, по­ве­ќе е не­свет откол­ку свет. Во по­че­то­кот на де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни ра­бо­тев во Ита­ли­ја, во Трст, во еден азил за нерв­но за­бо­ле­ни ли­ца, про­чу­ен во Ита­ли­ја. Та­му се ра­бо­те­ше по прин­цип на ан­тип­си­хи­ја­три­ја. Тој прин­цип е мно­гу ин­те­ре­сен. На се­кој бол­нич­ки кре­вет не­ма ди­јаг­но­за, ту­ку кра­тка би­о­гра­фи­ја. Ни­кој не до­би­ва ме­ди­ка­мен­ти, а се­кој во три сме­ни, по осум ча­са, до­би­ва чо­век за раз­го­вор, кој ќе глу­ми се­стра, брат, та­тко, мај­ка, род­ни­на, се­мејс­тво. Нај­че­сто тоа го пра­веа мла­ди ли­ца од до­бро­твор­ни ор­га­ни­за­ции. Та­му бев ан­га­жи­ран од нај­поз­на­ти­от ита­ли­јан­ски пси­хи­ја­тар Ро­те­ли, да пра­вам те­а­тар со тие па­ци­ен­ти, а јас за се­бе да истра­жу­вам кои се гра­ни­ци­те на те­а­та­рот, но и гра­ни­ци­те на чо­ве­кот и на нор­мал­но­ста. Це­ло­то искус­тво од та­му го су­ми­рав во сце­на, ко­ја трае 15 ми­ну­ти во „Афе­ра­та Ел­си­нор“. Тоа е страш­но искус­тво. Јас спи­ев во исти­те со­би, кои не­ма­ат ни­ту ре­ше­тки, ни­ту ка­тан­ци. До­бро­вол­но, на мо­јот ци­мер му глу­мев при­ја­тел. То­гаш сфа­тив де­ка гра­ни­ца­та ме­ѓу лу­ди­ло­то и нор­мал­но­то, во ос­но­ва, не по­стои. Таа гра­ни­ца е по­ста­ве­на од ме­ди­о­кри­те­ти­те. Се­кој ме­ди­о­кри­тет се пла­ши да из­ле­зе од сво­ја­та ме­ди­о­кри­тет­ска ко­руп­ка. И тоа го сме­та за лу­ди­ло, и тоа е точ­но. И офи­ци­јал­на­та пси­хи­ја­три­ја ве­ли та­ка, но анг­ли­ска­та, та­ка­на­ре­че­на ан­тип­си­хи­ја­три­ја е до тол­ку ин­те­рес­на што све­тот го гле­да ка­ко луд­ни­ца. Тоа зна­чи де­ка си­те сме по­тен­ци­јал­ни лу­да­ци.

Се се­ќа­ва­те ли на Ва­ша­та пр­ва прет­ста­ва, на воз­бу­да­та со ко­ја ја ра­бо­те­вте и да­ли де­нес, по тол­ку го­ди­ни, не­што е сме­не­то?

Ге­ор­ги­ев­ски: Воз­бу­да­та е се­ко­гаш иста. Тоа е та­ка би­деј­ќи ни­ко­гаш не се по­вто­ру­ва исто. Емо­ци­ја­та е иста, ама про­во­ка­ци­ја­та е раз­лич­на. Раз­лич­но­ста на про­во­ка­ци­ја­та ја га­ран­ти­ра исто­вет­но­ста, иден­тич­но­ста на ин­тен­зи­те­тот на ре­ак­ци­ја­та на емо­ци­и­те.

Вие сте ре­жи­сер со најм­но­гу за­бра­не­ти прет­ста­ви. За кол­ку прет­ста­ви ста­ну­ва збор? Кој ги за­бра­ну­ва­ше? Ти­то?

Ге­ор­ги­ев­ски: За­бра­на­та не е до­бра тер­ми­но­ло­ги­ја. Гле­да­но прав­но, не­кои беа за­бра­не­ти со де­крет, не­кои суд­ски. За по­ве­ќе­то, образ­ло­же­ни­е­то бе­ше: слу­шај­те, Це-Ка ре­ши де­ка таа прет­ста­ва не се пре­по­ра­чу­ва. Ќе му се те­ле­фо­ни­ра­ше на ди­ре­кто­рот, не­му ќе му се стре­соа пан­та­ло­ни­те и по­тоа му се тре­сеа во след­ни­те три го­ди­ни и ќе нај­де­ше на­чин ка­ко да не се игра прет­ста­ва­та. Прет­ста­ва­та мно­гу лес­но мо­же да се абор­ти­ра – бо­лест на актер, отсус­тво на па­ри, отсус­тво на пуб­ли­ка. Или, пак, при­сус­тво на пуб­ли­ка – ќе дој­дат 250 аген­ти и ќе ви­ка­ат уа­а­аа! Тоа не е те­шко да се ор­га­ни­зи­ра. По­ра­неш­ни­от ре­жим рас­по­ла­га­ше со 23.000 ко­до­ши. Тие се­ко­гаш му беа на рас­по­ла­га­ње на ре­жи­мот во Ма­ке­до­ни­ја. Се пу­шта­ат 50 ко­до­ши и прет­ста­ва­та вед­наш се уни­шту­ва. Мо­и­те прет­ста­ви беа уни­шту­ва­ни или суд­ски или со ре­ше­ние на пар­ти­ски фо­рум. Еден актер до­би ин­фаркт за­тоа што му се за­ка­ни­ја де­ка ако не до­бие ин­фаркт, ќе до­бие не­што дру­го. Тој од гри­жа до­би ви­стин­ски ин­фаркт. Ед­на прет­ста­ва бе­ше за­бра­не­та по 100 из­вед­би. „Свад­ба­та на Ма­ра“ бе­ше суд­ски за­бра­не­та по че­ти­ри из­вед­би. По­тоа бе­ше суд­ски ре­ха­би­ли­ти­ра­на, и ста­на мно­гу по­пу­лар­на во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, се игра­ше 100 па­ти. Тоа беа не­ус­пеш­ни убис­тва на прет­ста­ви. Јас во сво­ја­та кни­га тие лу­ѓе што ги уни­шту­ва­ат прет­ста­ви­те ги на­ре­ку­вам те­а­три­ци­ди. Во мо­ја­та пи­е­са „Афе­ра­та Ел­си­нор“ не се го­во­ри за за­бра­на на прет­ста­ва, ту­ку за убис­тво на прет­ста­ва.

Јав­но­ста Ве до­жи­ву­ва ка­ко ин­те­ле­кту­а­лец од ед­на вон­стан­дард­на, ре­чи­си ре­не­санс­на, де­нес ве­ќе изу­мре­на сор­та. Се чув­ству­ва­те ли та­ка?

Ге­ор­ги­ев­ски: На мои го­ди­ни чо­век се чув­сту­ва мно­гу оса­ме­но. Про­сто, за­тоа што тоа е еден жи­во­тен прин­цип. Тие со кои сте се дру­же­ле, бли­ски лу­ѓе, ги не­ма ве­ќе. Ги не­ма ва­ши­те ду­хов­ни мен­то­ри, ги не­ма ду­хов­ни­те под­др­жу­ва­чи, кои се по пра­ви­ло по­ста­ри од вас. По­не­ко­гаш ме фа­ќа па­ни­ка ко­га ќе ви­дам мој уче­ник, кој дип­ло­ми­рал во мо­ја­та кла­са, а е бел во ко­са­та. Ме фа­ќа па­ни­ка и срам би­деј­ќи јас не сум бел во ко­са­та. Ни­ко­гаш не мо­же да оста­ри тоа што е ди­на­мо на чо­ве­кот. Жи­во­тот е жи­вот, ни­кој ни­што не му мо­же. Ед­ни си одат, но дру­ги до­а­ѓа­ат. Ова пра­ша­ње го но­сам со се­бе ка­ко ме­та­фи­зич­ко прок­лет­ство. Мно­гу мои бли­ски лу­ѓе по­чи­наа. А ко­га одев во Бел­град се ра­ду­вав де­ка ќе се дру­жам со нив. Таж­ни се тие ра­бо­ти, ама бож­ји. Јас уште не чув­ству­вам ре­зиг­на­ци­ја, освен во нај­фи­ло­зоф­ска­та смис­ла на збо­рот. Имам уште пла­но­ви. Прос­ла­ва­та про­дол­жу­ва. Во Драм­ски те­а­тар ќе ја ра­бо­там „Да­лај­ла­ма“, тоа е ед­на по­ве­дра пи­е­са, не е мрач­на ка­ко оваа. За­вр­ше­ни­от дел од прос­ла­ва­та на ју­би­ле­јот ќе би­де на „Би­тфест“, ка­де што ќе ја ра­бо­там пи­е­са­та „Ге­но­цид“, ко­ја би тре­ба­ло да се игра на Хе­рак­ле­ја. Кни­га­та што ја под­го­тву­вам, „Те­а­тар­ски ма­гии“ е при крај. А по­тоа ќе ви­ди­ме, ка­ко ќе ре­че гос­под Бог.

Разговараше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Игор Ан­ге­лов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.