Биографот на НБА ѕвездата Ламар Одом – ​​Крис Палмер најави шокирачки пикантерии околу заедничкиот живот на играчот со Клои Кардашијан.

Партнерката го откачи во момент во кој Одом се бореше за својот живот по проблемите со алкохолот и дрогата, а сè околу нивните односи ќе биде опишано во книгата со наслов „Од темнината кон светлината“.

Ќе ја пуштиме книгата во почетокот на 2019 година. Ламар знае и ми кажа многу валкани работи не само за Клои, но и за целото семејство. Можев да напишам над 100 страници со гадотии и да ги уништиме сите од семејството Кардашијан. Клои е бездушна жена која го искористи тоа дека сопругот може да умре, за да го крене рејтингот на реалното шоу и сето тоа е во книгата“, прокоментира биографот на Олдам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.