Александра Честоева

Сведоци сме на една глобална пандемија која што во целост го смени нормалниот тек на живеење, како на приватно така и на професионално поле. Слободно можам да кажам дека оваа состојба пред се стана извор на промени кои ги почуствуваме сите без исклучок.

Како еден катализатор на промени, пандемијата се покажа како причинител за огромен број на жртви на пазарот на трудот.

Голем број на компании кои впишуваа завидни успеси во бизнис секторите, за жал се соочија со катастрофална криза која ги принуди на отпуштање на огромен дел од вработените кои со години ги граделе своите карирери во одредени области.

Укинувањето на илјадници работни места ја доведе во прашање егзистенцијата на фамилиите кои патем единствени приходи за живот ги заработуваа токму на тие позиции.

Речиси и да не постои сектор кој не е засегнат од овие глобални случувања на економски план, меѓутоа реалната слика е застрашувачка кога станува збор за менталните последици предизвикани од истите.

Стравот од загуба на работното место како еден од многубројните состојби предизвика ризик фактори за менталното здравје кое е најзасегнато во овој период.

Како и после секоја криза на светско и глобално ниво се очекува и економската која носи дополнителни потешкотии за голем број категории на граѓани. Иако психијатрите порачуваат соочување со овие последици, неизбежна е нивната помош бидејќи менталното здравје под еднакво е вредно како и телесното.

Пред се мораме да се ослободиме од бариерата на затвореност и да бидеме реални, одговорни, дисциплирани и да работиме на отстранување од акутниот страв се со цел да го зачуваме менталното здравје.

Потребно е да се зборува отворено за невработеноста како главен ризик фактор во ек на пандемија и да не се занемаруваат симптомите кои што се предизвикани од овие случувања.

Кризите од овој вид на случувања генерално носат и позитивни и негативни страни. Додека како негативна страна би го земале напуштањето од работа, сметам дека позитивната е моментот каде здравјето е пред се. Оваа состојба ни покажа како да направиме правилен морален избор кога станува збор за сопственото здравје без разлика на последиците од економскиот развој.

Како економист во областа на финансискиот сектор апелирам до сите засегнати страни да пружат пред се можност, подршка и отвореност како би се изнајдиле начини и решенија за намалување на невработеноста а со тоа и намалување на последиците кои се предизвикани од загрозувањата на егзистенционалните прашања.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.