Михајло Маневски

Зини земјо, отвори се!
Избави не од ова зло.
Ова повеќе неможе да се трпи.

Те уништија, светлино моја Македонијо.
Те предадоа изроди, лажговци, среброљупци,
рекетари, кодоши и клети арамии,
бедници, гниди, празни глави вошлосани….

Те убија, земјо моја мила, ти го сменија вековното свето име МАКЕДОНИЈА.
Те направија СЕВЕРНА!
Никола Димитров, егеец по татков род од Цакони, изрод мајко,
ти подпиша смртна пресуда.
Над глава му стоеше диктаторот од Муртино Зоран Заев,
велепредавник и лажливец.

Те обесчестија мајко, те осквернавија безбожници и платеници.
Слуги на ѓаволот.
Ја поништија вољата на народот изразена на два референдуми,
на 8-ми септември 1991 и 30-ти септемвери 2018 година.

Душмани, Македонијо мајко, го згазија гласот на народот.
Ги згазија коските на илинденците, комитите, војводите, партизаните …
Ја извалкаа крвта на твоите најдобри синови и ќерќи пролеана
низ вековната борба за слобода и независност.
Го урнисаа АСНОМ и со сила го сменија УСТАВОТ.
ОСУМ пратеници, ЈУДИ мајко, од тоа дебело профитираа.
Ја згазија заклетвата на Уставот и честа на народот.

Те пљачкаат мила мајко Македонијо, ти ја крадат историјата и културата.
Ти ја крадат духовноста и творештвото.
Те распнуваат на крст, те черечат и ја распродаваат твојата вековита
национална, културна и духовна историја и традиција.
Те распродаваат, како на пазарска тезга.

Се откажуваат, лулко моја Македонијо, од твоите национални,
духовни и културни светители и просветители.
Се откажуваат од твоите преродбеници кои низ вековите
ја просветлија духовноста, писменоста и културата и
ги поставија и зацвтстија темелните на твоите национални, духовни,
културни и историски вредности.
Ги прават заеднички!

Те грабаат од сите страни, светињo мајко Македонијо.
Сите имаат по нешто “свое” за земање од тебе.
Самo ти мајко, немаш ништо.

Се срамат од тебе, Македонијо мајко мила.
Се срамат од тебе бедни изроди да ти го изговорат вековното
свето име МАКЕДОНИЈА .
Се срамат од македонскиот народ.
Го избришаа својот род во соседните земји.
Го направија дијаспора и незнаат на кој јазик зборува!?.
Гниди.

Со векови те газеа земјо мила.
Со векови крвта ти ја цицаа како крлежи и пијавици и уште не се наситија.
И сега се настрвеа, како крволочни волци да те парчосат до крај.

Имаш гробишта насекаде, мајко Македонијо, непреболена.
Гробишта англиски, германски, српски, грчки, бугарски, француски…..
Кои овој народ со пиетет ги чува.
Немаш само гробишта македонски од тие крвави освојувачки војни
Балкански, кога те поробија, парчосаа и поделија.

Твоите чеда Македонијо мајко.
Интернирани во туѓи војски беа присилени да се борат за туѓи интреси.
Да се бори брат, против брат.
Со векови страдале и биле жртви, газени и убивани.
Но, никогаш не се откажале од борбата за слобода по секоја цена.

И денес, городст наша Македонијо, гнијат во зандани,
твои најдобри синови, патриоти и родољуби.
Осудени од ова диктаторска власт како терористи.
Изроди, монтираа политички случај на тероризам.
Ги осудија на драконски казни од над 2 века и ги пикнаа во зандана.

Со месеци и години не ги виделе своите најмили.
ЧЕНТО не го видел своето новородено чедо цели 20 месеци!
Какви нечовечки и монструозни постапки на овие злосторници.

Згасна горилникот на незнајениот јунак во Скопје.
Го згаснаа пламенот на слободата и сеќавањето на жртвите за слобода.
Веќе е скршена спомен плочата на 28.000 деца бегалци.
Се спроведува постапка на бришење, кршење, уривање и рушење.
“Расцвета” пупката на демократијата.
На дело сe покажува бедотијата и срамот.
Бездушници.

Илјадници твои чеда умреа за тебе мајко.
Се бореа и самите крвта си ја пролеваа храбри јунаци
под налетот на моќните поробители или предадени од клети
кодоши и изроди, живи да не се паднат во рацете на крвниците.

Опејана си света мајко Македонијо во илјади песни.
Како ниедна друга земја во светот.
Пееја и гинеа во борбата за слобода твоите синови и ќерќи.
Умреа со песна за тебе мајко, стотици илјади борци,
патриоти и родољуби, преродбеници, учители….
опејани во песните.
Гинеа и машко и женско, и старо и младо, кренати на нозе
да те ослободат од клетите тирани.

Сега, гордост наша Македонијо,
бедни изроди, се срамат од свите корења.
Се срамат од македонските патриотски песни,
опејани за тебе мајко и твоите херои,
за борбите и страдањата низ вековите.
Се срамат од песните Земјо македонска, Народе македонски, Царот пирински,
Во борба македонски народе, Војводата капиданот,
Болен ми лежи, Бојот започна …………
Ти ја бришат историјата, песните, традцијата, фолклорот…..
Бришат сé што е македонско.
Слепци.

Сега мајко и на државните празници,
не се пеат и не се споменуваат песните за борбата и слободата,
за храброста, страдањата и радоста на твоите јунаци
опејани во песните.
Сега мајко, владее гробна тишина, штама.
Завладеа беда на разумот, посилна и од црната чума.

И на најсветлиот ден ИЛИНДЕН мајко, на Пелинце.
Вокална група на ансамблот ТАНЕЦ.
Испеа една срамна хумористична неприкладна песна.
И на овој најсветол историски ден нема патриотски и родољубиви песни.
Истата слика се повтори и на Мачкин камен и во вилата Водно.
Се повтори и на 8-ми септември во паркот во Скопје.
И лисјата на дрвјата затреперија од срам.

Залутаниот во вилата Водно Стево Пендаровски, познатриот “љубави”.
Како со токмак удрен по глава.
На Илинден се срами и се плаши да го изговори името МАКЕДОНИЈА.
Кажи МАКЕДОНИЈО , ст*ко, му одговорија граѓани.
Големиот “историчар”, уште не седнат на столчето го предаде Гоце Делчев.
Народот тоа никогаш нема да го заборави и нема да му прости.
Нема ниту доблест да се извини.
Тоа е новиот македонец од сенката своја што бега, ќе каже поетот.
Бедник.

Македонијо мајко страдалничке, си прегрмела многу премрежја.
Си страдала од туѓи чизми, колежи и пљачки.
Си бдеела за своите чеда.
Си страдала од клети предавници, кодоши и душмани.
Страдањата низ вековите те челичеле да опстоиш низ вековна исконска борба.
Со огромни жртви.

И денес, страдаш Македонијо мајко, окрвавена од огнена стрела во срцето.
Страдаш мајко, од диктаторот Зоран Заев од Муртино и
предавничката клика окулу него.
Те ставија на столбот на срамот, да те срамотат и тебе и твојот род.
Нема да се смират, додека до крај не те уништат.

И денес крвариш мајко.
Те пљачкаат корумпирани властодршци и рекетари.
Те водат до банкрот.
На секаков начин сакаат да те уништат, да те снема, да не постоиш.

Го ставија под јарем и го осиромашија народот.
Го доведоа до просјачки стап и го присилуваат мајко
да ја напушти родната грутка и да отиде во јабана.
И поетот крвари за тебе мајко.
Поетот пee, а душата му гори:
“ Зар има уште нешто да се земе, зар потешко има од ова бреме,
што ни донесе ова време, во својата земја тугинец безимен да си ти,
а со корени вековни од искона пуштени”,

Доаѓа денот мајко, кога ова ненародна власт,
ќе ја урниса гласот на народот.
Доаѓа денот мајко, кога за злоделата што ти ги направија,
ќе одговараат пред народот.
Доаѓа денот, кога секој што те предаде и што те понижи
ќе се соочи со народната правда и со казната од народот.
Никој не избегал од народната правда, па нема да избегаат ниту
овие изроди, предавници и душмани.

Тешко ранета, земјо моја мила Македонијо, со тебе се твоите синови
и ќерќи што си ги родила.
Да те ослободат од ова ропство и тиранија.
Да ги излечиме тешките рани кои долго крварат.
И смртно ранетите борци, умираа со твоето име на усните.
“О Македонијо, Македонијо, за тебе умирам” и со последниот здив
изговараа “ќе победиме”.

И денес, света земјо македонска ќе победиме.
Ќе победи народот.
Ќе победи, ТАТКОВИНО НАША МАКЕДОНИЈО.
Да те ослободи од ова тиранија и диктатура.
Да те ослободи од ова копумпирана ненародна предавнична власт.
На лажовци криминалци и предавници.

НЕКА ТИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНЕИЕ 11 0КТОМВРИ

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.