Ламбе Арнаудов

Зоране! Ти си убедливо најлошиот човек во државава. Ама, не си најлош во партијата твоја. Таму има и полоши од тебе. Не сите. Само оние кои помеѓу тебе и државата се избраа себе си.

Сега гледај. Ти сигурно заминуваш засекогаш, на радост на народот и татковината. Многу се огреши кон народот и Македонија, ти се насобраа гревови што сите душмани на Македонија заедно досега толку многу не направиле. И, што е најлошо сите кога ти укажуваат на гревовите што им ги нанесуваш на луѓето, ти се колнеше во сé најмило и најсвето што еден човек може да поседува и безобзирно ЛАЖЕШЕ. Вистинско олицетворение на КРИВОКЛЕТНИК.

Во деновиве што следат судбинската поврзаност помеѓу тебе и твоите нарцисоидни себични “новороденчиња“ ќе биде раскината.

Таквите типчиња, кога е во прашање изборот меѓу тебе и себе, повторно без срам и намус ќе се изберат себеси.

  • Ти сигурно ќе одговараш за своите злодела, тие ќе се оградуваат од тебе.
  • Ти ќе тврдиш дека не си само ти крив, тие ќе се правдаат дека не те познавале или дека ти си ги наведувал на криминални дејствија.
  • Истите тие кои те фалеа дека одлично се справуваш со ковид кризата ќе те обвинуваат за смртта на нивните блиски и пријатели.
  • Кога на површина ќе излезат многу незаконски дејствија што си ги правел, први тие ќе те осудат и ќе кажат како не му е срам.
  • Градовите в Македонија се мали, улиците се тесни, ќе се сретнеш со нив. Ќе погледнат во затворениот мобилен или ќе застанат пред некој излог и ќе речат во себе: “Кај излезе ова ѓубре пред мене?“
  • До крај те подржуваа кога и ги нанесе најголемите зла на Македонија, менувајќи го името, бришејќи го идентитетот, јазикот македонски го стави во изумрени, сопствената историја ја замени за непријателска, туѓа, од нашата најмлада генерација, нашите деца направи АЗИЛАНТИ во сопствената татковина. ТИЕ, “твоите деца кои ти се родиле и мораше да ги гледаш“ сега ТЕБЕ ќе те посочат како предавник од прва категорија, а себеси ќе се воздигнуваат како патриоти кои ти си ги довел во заблуда.

Кога некојси чесен човек ќе ги укори дека не се во право што така те казнуваат бидејќи виделе арно од тебе, ќе одговорат: “Кој знае од која причина и со која намера ми помагаше. Сигурно имал некоја голема корист, а со нас се покриваше.“

  • Тие се орбитални луѓе, добро го познаваат законот за грешниците. Центрипеталната сила твоја е мала, веднаш ќе преминат кај другите и ќе тврдат дека секогаш таму припаѓале, а дека ти си грешка на природата со ниска, краткотрајна и помалку заслепувачка вредност кој сите си ги излажал и од нив си направил несвесни твои соучесници и за тоа ти се многу лути и ќе бараат секаква одговорност од тебе.
  • Ако те прогласат за виновен, што искрено не ти посакувам, ако не си, тие твои Зоранчиња никогаш нема да се задоволат од било која висина на казната. Обесете го! Ќе зборуваат.

Но, да знаеш, тие не се виновни, ти ги направи такви, со што посеа зла маја и го затру  македонското општество.

Во една прилика лично в очи ти кажав Зоране, те познавав многу одамна и ти реков дека можеби си добар човек но времено те нападнал нечистивиот нате ма го. Сега гледам многу долго те држеше, по се изгледа ти е вродено. Многу гревови направи.

Еве ти прилика, одважи се. Излези храбро и достоинствено пред народот барај прошка и сега во Божиќните пости заколни се дека се каеш и дека никогаш повеќе тоа нема да им го правиш на народот и на Македонија и онака друга прилика никогаш повеќе нема да имаш.

Зошто грешките, гревовите и кривоклетвата се лични и само твои, а страдањата нé погодуваат сите нас во Македонија. Живи луѓе гореа во болници, во автобуси, невини дечиња, грижни мајки и млади луѓе, умираат од ковид и тие кои не требеше, донесе беда, сиромаштија, енергетска и економска криза. Дословно не остави без правото на здравствена заштита и  осигурување и квалитетно школство што со Устав и Закон ни припаѓа, од сите граѓани на Македонија направи социјални, правни и економски робови.

Ај сиктер таму со се тие што сакаш да ги поставиш, кои се длабоко инфицирани од чумата што со себе ни ја донесе на сите нас и преку нив можеби полошите од тебе да го толчиш македонскиот народ и да ја разнебитуваш Македонија.

МАКЕДОНИЈА НЕ ТЕ САКА!

МАКЕДОНИЈА СЕ РАДУВА!

МАКЕДОНИЈА  НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ДА ЈА ГАЗИ политичко џуџе задоено со длабока омраза и гнев кон својот народ и татковина, што сите јасно ја видовме во тебе!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.