Ламбе Арнаудов 

Зоран Заев, Стево Пендровски со вашата антинационална, антидржавна, антицивилизациска негаторска политика кон својот народ и татковина сте директни виновници за сé она што се случува денес на Македонија и за опасните внатрешни поделби помеѓу граѓаните, а и за крајно влошените состојби во односите со соседите.

Двајцата самоклонирани браќа близнаци, диктатори без преседан, во поновата политичка култура на владеење во Европа, ниту еднаш, ама барем ниту еднаш не застанавте во одбрана и заштита на името, народот, идентитетот, историјата, потеклото и наследството.

Згора на тоа диктаторски се однесувате кон нас народот и без грам демократски избор да ни оставите, ни наредувате:

Прво: Не смеете да го употребувате името, дури ни по дома: Нема Македонија, нема македонец ниту македонски. А името е судбина. Ова најстара библиска мудрост е директно поврзана со Господ а вие од нас барате да одиме не само против себе туку и против нашиот Создател.

За срамота и непростливо.

Второ: Го укинувате предметот историја.

За ништо да нема до вас и сé да почне со вас двајца. Сакате да се поистоветите со синот божји ИСУС Христос односно да се бележи времето не како досега, пред и после Христа, туку НИШТО пред Зоран и Стево, сé после нив.

Трето: Ја укинувате Катедрата по македонски јазик.

Ни ги „исековте“ јазиците, сега ќе лаеме како кучиња некој, а повеќето ќе блееме како овци. Можеби вие двајца ќе бидете ексклузивни преведувачи за целиот македонски народ. ИЗРОДИ!

Четврто: Терате Закон за попис на населението дискриминаторски за сопствениот народ сé со цел  што помала бројка да прикажувате постепено до степен на исчезнување.

Петто: Диктатори со болни умови.

Го тепате својот народ. Зарем малку е тепан македонскиот народ. Го тепале многу војски, полиции, насилници, паравоени структури. Издржувал јуначки, ни глас, ни писок, ни солза не пуштил. Ама сега многу боли. Боли до неиздржливост. Лузните не зараснуваат, душата не преболува, разумот не прифаќа. Зошто? Зошто е тепан од “своите“.

Е, па затоа сте виновни за палењето на бугарското знаме. Осудата на вашата политика, наталожениот гнев од народот допрва ќе се излива. Ќе има и други потпалувања и знамиња и кукли со вашите ликови, ќе ве исмејуваат вас недопирливите, не ќе можете да се воздржите и убеден сум ќе одговорите со пендрек воспитување, па потоа со гумени куршуми, за на крај повторно без причина да апсете невини луѓе и ги пратите на долгогодишна робија.

Дека сум во право деновиве потврди вашата долгогодишна соработничка, црнила во македонската политика, лик со заштитен знак злоба и вештерство во нејзината кариера, персона кутра за жалење, била нервозна што не ги осудиле „организаторите“ на настаните од 27 април.

Госпоѓо, не мораш да го чекаш 30 април, Валпургиската ноќ, твојата омилена ноќ на вештиците, одма самозадоволи се, бидејќи само така знаеш, јави се кај судечките судии, обвинители марионети и поротници кукли, уште вечерва нека пресудат уште 200/300/400 години робија. Така направивте со патриотите кои веќе четврта година „на правда Бога“ гнијат во вашите зандани. Насладете се така, цицајте благородна патриотска крв на честити луѓе, вие животински суштества облечени во човечко руво, змејови од чии усти блика злоба, огин и пламен. Не знам зошто ама силно ме потсетуваш на озлогласената управителка на логорот на смртта од култната серија од пред 50-тина години, ТВ серијата Баница.

Кога треба да направите нешто добро се гледа и дека не сакате, а и не можете, затоа што сте неписмени, полуписмени и глупави.

Меѓутоа, на крилјата на гневот и омразата што ги гаите према својот народ, власта што ја киднапиравте, не само што го гуши креативниот дух на македонскиот нормален граѓанин, туку од него правите духовен инвалид за што не постојат помагала и протези и така се обезбедувате да не бидете загрозени од слободното, вистинското и правилно расудување на слободномислечкиот човек од кого вие ситни души се грозите.

Ја продадовте ЧЕСТА, најскапоцената вредност што ја поседува човекот како разумно битие со што се разликува од животните. Се претворивте не во обични туку крвожедни животни кои се сити само кога во големи количини се напојат од духот и крвта на народот кого го третираат како каста од најдолен ред.

На крај. Вашата мизерна пропаганда како оправдување за вашите катастрофални грешки, апокалиптични за опстанокот на Македонија, дека сме исти многу не навредува нас Вмровците. Воопшто не личиме. Сосема сме различни.

Ако сега, заради вашиот начин на декадентно живеење не читате, сетете се на книгата за деца „Алиса во земјата на чудата“. Алиса кога се губи во шумата го прашува мачорот: По кој пат можам да излезам од шумава? Каде ќе одиш? – прашал мачорот. Било каде, само да излезам од шумава. Тогаш оди по било кој пат и ќе излезеш. Бил одговорот.

ВМРО-ДПМНЕ и во 1990 год. и во 2002 и во 2016 и сега во 2021 година галантно го даваше своето мнозинство од 38 пратеници, 72, 51 и сега 44 само Македонија да излезе од шумата на безизлезноста во која вие себични, алчни политички бездомници, волци крволочни само за сопствени лични интереси ја втурнавте.

ВМРО-ДПМНЕ сé што поседува дава за Македонија, вие и она што не би треба го грабате од Македонија само за да ја опустошите од што ја мразите.

Огромна е разликата во корист наша, затоа ќе бидете победени од нашата чест, љубов, честитост и патриотизам наспроти вашата лакомост, предавство и суровост.

Зоран, во претходната колумна те нареков Нерон, сега ти го додавам твојот брат близнак КАЛИГУЛА во персонификација на Стево, ќе бидете најсурово казнети од народот. И ти Зоран и ти Стево, како НЕРОН и КАЛИГУЛА ќе бидете избришани од сите записани пергаменти, белешки, документи, дела, емисии, архивски записи, како да не сте постоеле.

Како Нерон и Калигула за кои не постои никаков пишан документ во Рим и за вас двајцата исто ќе биде во Македонија.

Најголемата казна е да бидеш избришан лик од колективната меморија на еден народ.

Толку е голема омразата кон вас двајца. Останатите ваши совладатели и следбеници кога луѓето ќе ги среќаваат на улица најблаго ќе ги казнуваат со тоа што ќе им ги вртат главите, понекоја пцовка, а и поначесто со довикување „Марш предавнику!“.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.