Михајло Маневски

Три недели после одземање на лиценцата за работа на Еуростандард банка, општата состојба е исклучително тешка и сложена. Сликата во банката и окулу банката е морничава. Владее тотално мртвило.

Блокирани со брави и со ленти се просториите и влезната врата на банката, на која лента пишува “НБ на РСМ”, што го означува субјектот кој за затворил и блокирал банката. На самата врата, покрај лентата на Народната банка, на стаклото се залепени неколку соопштeнија кои се однесуваат на клиентите на банката, кои стрпливо избезумени чекаат да ги прочитаат.

На многу шалтери во четири определени банки чекаат повеќе десетици илјади граѓани што примале пензиии и други надоместоци во банката во стечај, голем метеж и нервози. Се чека со саати по цели денови да се извади нова трансакциона сметка. Тоа треба да го сторат преку 100 илјади граѓани за да можат да ги добијат пензиите или надоместоците. Окулу 20 илјади пензионери тоа објективно не ќе можат да го сторат, поради што ќе останат без пензија за месец август, се додека не извадат нова трансакциона сметка.

Единствена светла точка е сината табла закачена на ќошето на зградата на банката која силно свети на августовското сонце и на која пишува Улица “Никола Кљусев”. Улицата го носи името на првиот премиер на независна и самостојна Република Македонија, кој на седница на Собранието ги извади и ги покажа на јавноста првите македонски пари.

Последиците и штетите од стечајот на Еуростандард банка допрва ќе се урврдуваат и ќе се чувствуваат. Многу правни и физички лица и акционери на банката се доведени во крајно незавидна состојба. Трпат граѓаните, трпи и бизнисот. Како што стојат работите, штетите од пропаѓањето на Еуростандард банка ќе бидат за окулу 3 пати поголеми од оние на штедилницата ТАТ, која се памети по големо зло спрема десетици илјади граѓани кои ги изгубија своите пари.

Отворена стечајна постапка на банката

Законот за банките содржи посебни одредби за стечај на банка кои се однесуваат на исполнување на условии за именување на стечаен управник на банка и пропишување на определени рокови за преземање на дејствија. Во членот 160 став 1 се предвудува дека за стечаен управник на банка може да биде именувано лице кое ги исполнува условите предвидени во Законот за стечај и кое согласно со одредбите од Законот за банките ги исполнува условите за член на управен одбор на банка.

Според член 31 од Законот за стечај, стечајниот судија именува стечаен управник. Изборот на стечајниот управник се врши според методата на електронско избирање од листата на стечајни управници. Стечајниот судија е должен оваа метода да ја примени и во случај кога именува нов стечаен управник, во случај на разрешување на претходниот.

Одлучувајки по предлогот на гувернерката на Народната банка на Македонија, стечајниот судија на Граѓанскиот суд Скопје Ирена Антовска Петрушевска го усвоила предлогот и донела Решение СТ. бр.123/20 од 14.08.2020 година за отварање на стечајна постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје.

За стечаен управник на Еупростандард банка е именуван Душко Тодевски од Скопје. Стечајниот управник Душко Тодевски во 2018 година бил назначен за стечаен управник на Експорт Импорт банка на Методија Смиленски, бидејки бил разрешен предходниот. Овој стечаен управник со решение СТ. бр. 91/19 од 10.11.2019 година е именуван да ја спроведува стечајната постапка и на Технометал – Вардар Увоз – Извоз, АД за надворешен и внатрешен промет од Скопје.

Стечајниот управник според членот 161 од Законот за банките е должен во рок од десет дена по објавувањето на огласот за отворање на стечајна постапка во “Службен весник на Република Македонија”, записнички да ја утврди состојбата на сите побарувања и обврски на банката во стечај на денот на отворањето на стечајната постапка и записниците да ги достави доа Народната банка. Обие записници Народната банка ги проверува и е должна да му ги достави на судот кој ја води стечајната постапка и на Фондот за осигурување на депозити, најдоцна во рок од десет дена по приемот. Рокот за пријавување на побарувањата на доверителите, одреден со решението на судот за отворање на стечајна постапка на банка, не може да биде подолг од 20 дена. Побарувањата на правни и физички лица по основ на депозити во банката се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка на банката.

Стечајниот судија во предметот на Еуростандард банка со решението закажал рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на 08.10.2020 година.

Нема пропаѓање на бакна без одговорност

Ќе се утврди ли вистината за пропаѓањето на Еуроставндард банка? Како што тргнаа работите од самиот почеток, тешко е тоа да се очекува. Постои сериозно сомневање за утврдување на вистината за пропаѓањето на банката, бидејки уште од самиот почеток посилнии се напорите да се прикријат фактите и особено да се прикрие одговорноста, одколку да се утврди вистината. Во Еуростандард банка сè е ставено под катанец и вистината и одговорноста. По се изгледа, ќе бидеме сведоци на реприза на штедилницата ТАТ, чија стечајна постапка и после 22 години уште не е завршена. Кога се откри аферата, тогашниот премиер на Владата се колнеше и во свети СДСМ, дека ќе ја сече главата на октоподот.

По некое непишано правило, кога се работи за стечај на банка, после отварање на стечајната постапка, се смета дека настапува време на молчење, како да се работи за некаква кој знае каква државна тајна. Молчат сите и никој ништо не презема. Се се тргнало на страна и надлежни инстуитуции и државни органи. Зошто сите бегаат од тоа да се утврдат фактите и да се испита одговорноста за пропаѓањето на уште една македонска банка?

Нема пропаѓање на бакна без одговорност, посебно сега во ова време на банките, кога бележат многу големи профити како никогаш досега, при состојба на симболични камати на депозити и наплата на провизија во значителен износ. Отварањето на стечај на банка, секаде значи тревога за мобилизација на сите субјекти за утврдување на причините за отварање на стечај на банката и одговорноста на надлежни субјекти и органи на управување и контрола внатре во банката и на надлежни државни органи.

Утврдување на причините за стечај на банката и одговорноста, не е само субјективно прашање, туку тоа е прашање од огромно значење заради заштита на правните и физичките лица клиенти и акционери на банката и за јакнење на доверието во банкарскиот систем. Пропаѓањето на една банка значи удар врз економскиот систем на државата, без одглед на тоа што во овие околнопсти неосновано се настојаува да се минимизира уделот на Еуростандард банка во бакнкарското работење, на банка која веќе 20 години е во банкарскиот систем.

Инертност и недопуштена институционална пасивност

И после три недели од одземање на дозволата за работа на Еуростандард банка, нема никакви информации за преземање на некакви законски мерки од надлежните институции за испитување, одкривање и гонење на кривичните дела и нивните сторители.

Институционалната пасивност не може да се оправдува со тоа дека банката има стечаен управник и дека со тоа работата е завршена. Тоа е голема заблуда. Тоа ни го покажаа стечајните постапки во други банки кои траат повеќе од десет години или некои и после 20 години не се завршени.

За Народната банка со поднесување на предлогот и со донесување на решението за стечај работата не е завршена, иако во јавноста проструи и таква информација. Тоа воопште не е така. Ќе има ли соработка и ставање на увид и расположивата документацијата на Народната банка за сите констатирани незаконитости во работењето и наодите од ревизорски или извештаи од супервизија во банката?

Сирурно дека Еуростандард банка не отиде во стечај за работење во време од 2-3 месеци, туку незаконитости вероватно биле констатирани подолго време за кои на банката и било укажувано. Од таму, се до утврдување на правите факти, никој не може да се тргне од случајот, бидејки ако на овој начин се одвиваат работите, тоа во случајот ќе се сведе на чисто бириократско постапуавање.

Она што посебно загружува е тоа дека нема никакви реакции од старана на Јавниот обвинител на Македонија, на првиот човек согласно Уставот и законите за откривање и гонење на сторители на кривични дела, на Министерството за внатрешни работи,

Финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Агенцијата за финансиско разузнавање, за евентуално перење пари и на други органи. И покрај бројните укажувања и докази за сторени крупни незаконитости во кои се содржат и елементи на кривични дела сторени од внатрешни лица во банката во органи на управувањето или од надворешни сибјекти, досега никој од овие органи не се огласи, барем со изјава дека ќе постапат во рамките на нивните овластувања и ќе ги проверат бројните укажувања.

Каде е овде положбата на јавниот обвинител да ги мобилизира и задолжи овие органи да ги испитаат состојбите и да преземат дејствија во рамките на нивните овластувања. Зошто се бега од обврските?

Ќе се утврди ли одговорност за пропаѓање на Еуростандард банка

Секој што го прекршил законот за банкарското и деловно работење и со тоа допринел банка да биде доведена во состојба на стечај, мора да сноси одговорност. Тоа е правило во цел свет, кога ќе пропадне банка се утврдуваат причините и се преземаат законски мерки.

Само кај нас за тоа се молчи со цел да се прикрие злоупотреба на положбата, повластување на доверителои, очигледни лоши кредитни пласмани без соодветно стварно покритие, несовесно вршење или пропуштање на должниот надзор и други очигледни незаконитости.

Еве да наведенме неколку:

1. Кај нас, како по правило, нема стечај на банка без учество на министер. Министерката за финансии Нина Ангеловска го подигнала депозитот што го имала во Еуростандард банка во време кога знаела за состојбата во банката и дека банката ќе оди во стечај. Министерката подигнала значаен дел од штедниот влог од банката на 26 јуни 2020 година, од кога на 1-ви јуни 2020 година било донесено решение од Народната банка за одземање на најзначајните банкарски овластувања. Со оглед на положбата што ја имала во одреден орган, таа ја знаела состојбата на банката.
Антикорупциската комисија утврди дека министерката Нина Ангеловска била во позиција да ги има податоците и информациите за банката и таквата нејзина позиција ја става во ризична состојба на судир на интереси. Но сепак, ДКСК наведува дека “ние не утврдуваме кривична одговорност”, меѓутоа од етички аспект прашањето го покренува ме на високо ниво. Во случајот не се работи за никаков етички проблем, туку се работи за за класичен случај злоупотреба и искористување на положбата.

2. Зарем нема да се утврди и да се преземат законски мерки за кривични дела Злоупотреба на положбата или Повластување или оштетување на доверители во случаи кога доверители кои располагале со инсајдерски информации ги подигнале штедните влогови непосредно пред одземање дозволата за работа на банката? За тоа имало и објективни можности, бидејки со Решение на гувернерката на Народната банка на 1-ви јуни 2020 година на банката и се одземени најзначајните банкарски овластувања. Тоа во сушитна значи, да се изразам сликовито, дека на банката на 1-ви јуни и е ставена јамка окулу вратот, а на 12 август, кога и е одземена лиценцата, само е подтурнато столчето. Имало цели 42 дена, а тоа е многу време такви инфирмации да останат неодкриени.
Ова мора да се направи, затоа што се прави голема неправда спрема 760 лица кои имале влогови поголеми од 30.000 евра и во поголеми износоси и до 7 милиони евра, кои ќе се намитруваат од стечајната маса, ако нешто остане.

3. Ќе останат ли неодкриени и без никаква одговорност членови на Управниот, Надзорниот или Кредитниот одбор и Одборот за ревизија во банката за така наречени лоши пласмани. Во суштина, тоа се сведува на кредитирање со значителни износи на средства без соодветно стварно и реално обезбедување?. Како можело да се одобруваат такви кредити, а претседателот на управниот одбор Николче Петковски, со искуство од 10 години на таа функција да не реагира? Како можело да се доделуваат кредити во големи износи на микро фирми кои не го обезбедувале кредитот со валидна хипотека и кои по кусо втреме оделе во стечлај, а банката неможела да ги поврати своите пари, затоа што должникот немал никаков имот?

Ќе наведам еден пример за такво “кредитирање”:

На Друштвото за производство, услуги, трговија на големо и мало АУТОПЛАСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз од Чашка, микро фирма, видно од нотарскиот акт ОДУ 20/2012 година и бил одобрен кредит со ставање под хипотека работилница и стари помошни простории на поранешен ЗК ЛОЗАР од Велес, кои се наоѓале во општина Чашка, а под хипотека била ставена и трафостаница на која друштвото ималo “владение”! Ова Друштво до 2017 година од земениот кредит на банката и немало вратено износ од окулу 10 милиони денари.
Во 2017 година, друга фирма од Чашка, Друштво за производство, трговија и услуги, на големо и мало “ТЕО АГРО ДООЕЛ“ увоз – извоз, микро фирма, од Еуростандард банка побарала кредит во износ од окулу 50 милиони денари.

Бидејки Друштвото “ТЕО АГРО ДООЕЛ“ немал имот за ставање под хипотека за обезбедување на кредитот, Друштвото АУТОПЛАСТИКА ДООЕЛ од Чашка, според нотарскиот акт ОДУ бр.289/17 се појавува како заложен должник со истиот имот – работилница и стари помошни простории на поранешен ЗК ЛОЗАР, па и со хипотека на трафостаница во “владение”. Банката го прифатила барањето за кредит со заложен должник врз имот кој веќе бил ставен под хипотека и иа Друштвото “ТЕО АГРО ДООЕЛ“ му одобрува кредит од окулу 50 млиони денари. Ова Друштво од Чашка е ставено под СТЕЧАЈ со Решение на Основен суд Велес СТ. бр. 82/19 од 22.10.2019 година, а кредитот на Еуростандард банка не бил вратен.

Бидејки на овој кредит заложен должник било Друштвото Аутопластика, побарувањето на вкупен износ од над 50 милиони денари било усмерено спрема ова Друштво. Имотот ставен под хипотека на должикот и заложиот должник Аутопластика не е вреден имот, ниту објективно, ниту локациски и не задоволува ниту 5% од побарувањата и тој имот тешко може да се продаде.

Во конкретниот случај многу е тешко може да се говори за кредиритрње, бидејки е очигледно дека се работи за грабеж на пари на банката? Кој е одговорен за вакво “кредитирање”? Ова не може да остане неодкриено и неказнето.

4. Ќе се утврди ли кои се тие струмички фирми кои од банката зеле знаалителен износ на кредитни средства со сомнително обезбедување, а дел од нив отишле во стечај?
Оваков однос на кредитирање на една банка е неразбирлив и тоа е во доменот на неизвршување на службената должност, крајно несовесно работење или се работи за некоја спега за нанессување на штета на банката и прибавување на корист за друг? Должност е да се утврдат сите вакви или слични кредитирања кои се нарекуват “лоши пласмаи”, а под овој поим не можат да се сведат кредитрања кои се должат на злоупотреба на службента положба и несовесно извршување на слубената должност.

Можеше ли да се спаси Еуроистандард банка која работи 20 години и да се обезбеди нејзино работење? Можеше ли да се помогне на една македонска банка да ги преброди тешкотиите? Дали беше единствено решение одземање на лиценцата за работа на баната? На ова и други суштински прашања прашање долго ќе се бара одговор. Како стојат работите, немам аргументи да верувам дека има воља да се најде.

За состојбата во банката знаел и тогашниот премиер Зоран Заев, но како вели, ништо не можеле да сторат!. Штедачите ќе биле обештетени од Фондот за осигурување на депозити, а банката имала и атрактивен имот во центарот на Скопје за обештетување на клиентите на банката. Дали клучот е во тој атрактивен имот?

Дали стечајот во Еуростандард банка ќе ги промени стандардите за јакнење на законитоста и одговорноста во банкарското работење и владеење на правото и законите во ова област?

Како е можно покрај толку многу контролни органи за ревизија, внатрешна, надворешна, супервизија, толку органи на управување, да се случуваат вакви работи? Има нешто што е нездраво и во банкарското работење, кое инаку треба да биде светиња на законитост и дисциплина. А ова што го гледаме не е тоа. Како што започнаа и како што се одвиваат работите, тешко е да се очекува дека такво нешто ќе се случи.

Дали во вакви состојби перниците и душеците на граѓаните ќе ги заменат банкарските депозити и сефови, ако и во банките парите не им се сигурни? Тоа не е во ничиј интерес. Токму заради тоа, мора да се утврдат сите причини и да се понесе секаков вид на одговорност за пропаѓање на банката за сите лица кои ги повредиле прописите за банкарското работење и да се бара да ги надоместат штетите. Само така може да јакне доверието и кредибилноста на монетарниот систем во државата.

За да се реализира сето тоа објективно и непристрасно, мора да се изнајдат решенија за обезбедување на надворешна контрола од стручни лица, особено во случај кога се работи за одземање на лиценца и стечај на банка. Стечајниот управник не е никаква гаранција за тоа, поради тоа што тој е само една административна фигура и тој неможе ништо да стори за постигнување на овие цели.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.