Михајло Маневски

На очиглед на целокупната јавност, пратеникот Талат Џафери две години нелегално и нелегитимно ја извршува функцијата Претседател на Собранието на Македонија. И после две години, сеуште не е усвоен записник од наводната седница на Собранието за „изборот” на Талат Џафери на највисоката функција во законодавната власт.

Ова ли е правна држава? Ова ли е владеење на правото? Зошто и после две години до пратениците не е доставен и не е усвоен Записник од таканаречената седница на Собранието од 27-ми април 2017 година за избор на Претседател на Собранието? Колку време му треба на Собранието да го изготви Записникот и тој Записник да биде ставен на усвојување на пленарна седница на Собранието? Дали немало време тоа да се стори? Што се крие зад таа тешка манипулација? За ова очигледна груба повреда на Уставот на Македонија и Деловникот на Собранието, сите молчат. Молчи Јавниот овбвинител, молчи Уставниот суд, молчи Собранието и никој ништо не перезема.

Согласно член 104 и член 105 од Деловникот за работа на Собранието, на седницата задолжително се води записник, кој ги содржи основните податоци за работата на седницата, предлозите што се поднесени и заклучоците што се усвоени во врска со прашањата од дневниот ред. Записникот е огледало на седницата. Записникот, по правило, им се доставува на сите пратеници најдоцна три дена пред одржувањето на седницата на која треба да биде усвоен. Како може и после две години Записникот од седницата да не биде доставен до пратениците и да не биде усвоен на седница на Собранието, а од тогаш се одржани над сто седници!? Таков акт преставува груба повреда и пречекорување на службените овластувања и злоупотреба на службената должност. Да беше легален изборот, досега записникот ќе беше сто пати усвоен.

На 27-ми април 2017 година во Собранието на Македонија се изврши тешка манипулација во режија на власта. Во една вжештена атмосвера предизвикана од груба повреда на актите на раководење во Собранието и со грубо кршење Уставот и Деловникот за работа на Собранието се режираше некаков “избор” на претседател. Група пратеници од власта собрани во еден дел од салата симулираа избор на претседател на Собранието, без да се закаже седница, без дневен ред, брез дискусија, без утврдување на присутни пратеници, без објава на резултатот од “гласање”, без записничар, без записник, без стеногравски белешки, спротивно на преку дцвадесет одредби од Деловникот. Се изврши една тешка манипулација на грубо самоволие и злоупотреба на власта со целосно непочитување на Уставот и Деловникот за работа на Собранието.

На 27-ми април 2017 година не е извршен легален избор на претседател на Собранието на Македонија. Ништо на “седницата” на 27-ми април не е законито. Тоа е само една одвратна фарса која за жал сеуште трае. До кога? Јавниот обвинител на Македонија го побара записникот од Собранието, но според јавно објавените известувања, не му бил доставен таков записник. Не му е доставен таков записник, затоа што таков записник нема. Да беше легален изборот, запосник секако ќе имаше. Да имаше Записник, ќе се видеше целата лакрдија наречена избор на претседател.

Креаторите и организаторите за тешката злоупотреба на законодацвниот дом сеуште остануваат неказнети. Пратеникoт бедник Горан Мисовски, самиот се определи да раководи со “седницата”, преземајки ја палката од пратеникот Ферид Мухиќ, и покрај присуствто на најстариот пратеник во Собранието. При очигледни и неспорни околности и докази, се поставува прашањето што се чека од страна на Јавниот обвинител и зошто не се спроведува кривичната постапка за тешка злоупотреба на функцијата? Уставниот суд на Македонија и да не го споменувам, бидејки Уставен суд фактички нема, а токму вакво флагрантно кршење на Уставот, неможе да биде незабележано од судот надлежен да ја штити уставноста и законитоста.

Две години нелегитимно се врши највисоката функција во законодавниот дом и за две години не само што не се усвои записник од “седницата”, не се преземени никакви мерки на одговорност на креаторите и организаторите на ова тешка манипулација во законодавниот дом со несогледливи штетни последици. Сите дејствија што се преземени од нелагален и нелегитименм претседател се ништавни и не можат да произведуваат никакви правни дјствија. Дали некому уште не му е јасно зошто Македонија тапка во место и наместо напред длабоко загази во општествена и правна провалија, затоа што не владее правото, туку владее самоволие и беззаконие.

27-ми април злоупотребен за нанесување злокобен удар врз македонските родоуби и патриоти

Наместо да одговараат креаторите и организаторите за тешките злоупотреби на срамниот чин на наводен избор на претседател на Собранието, набрзо по настанот за таканаречениот крвав члетврток се монтира случај на политички прогон против 33 лица за непостоечко кривично дело Загрозување на уставниот поредок и безбедноста од членот 313 од Кривичниот законик. Со селективната замнестија беа опфатени најодговрните лица Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, кои ја отворија влезната врата на Собраието. Пратеникот – вратар предавник Крсто Муковски, дури нема доблест да се повлече од пратеничката функција и бесрамно ужива во привилегиите на амнестијата и привилегиите на власта. Со отварањето на вратата на Собранието зеде наврат многу невини луѓе. Да не ја отвореше вратата заедно со бесрамниците – предавници Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, ништо немаше да се случи.

Основниот суд Скопје 1 на 16 невини лица, кои не беа опфатени со актот на срамната селективна амнестија, им изрече драконски казни во висина од 7 до 18 години затвор. Повеќе од 18 месеци гнијат во затвор предани родољуби и патриоти, жртви на ова ненародна предавничка власт. На најголемиот број обвинети лица им се изречени драконски поединечни казни, како да се најголеми злосторници, а не чесни патриоти и родољуби. Тие не сторија никаво кривично дело, не сторија никаков злостор. Тоа не се терористи кои работеле против државата. Овие невини лица никого не повредија, не употребија никаква сила против никого. Тие што употребија сила се драконски казнети за дела со измислени тешки правни квалификации.

Чесните родољуби и патриоти не се злосторници и терористи кои го рушеле уставниот поредок. Против државата и против Уставот работеа тие што симулираа избор на претседател на Собранието со грубо кршење на Уставот и Деловникот за работа на Собранието. Тие го предизвикаа гневот на народот кој 73 дена мирно го изразуваше својата несогласност со предавничката политика на Зоран Заев и неговата клика.

Пресудата на Основниот суд е најсрамната и најнечовечната пресуда што е донесена за монтиран случај на политички прогон со цел за брутална пресметка со осудените кои го изразуваат својот непокор обземени со љубов спрема татковината и предани на својот народ, што ја сакаат и ја бранат својата татковина. Таа пресуда преставува закана за сите што ја сакаат и бранат својата земја. Оваа незаконита пресуда и целокупната режирана постапка за случајот 27-ми април 2017 година е чин на одмазда и порака на застрашување и уцени.

Ова срамна незаконита пресуда расплака многу деца, расплака многу мајки и татковци, расплака многу сопруги, браќа и сестри, роднини и пријатели. Ова пресуда ја расплака Македонија. Тие што ја расплакаа Македонија со монтиран политички случај на кривично гонење за непостоечко кривилчно дело и со изрекување на драконски казни од над 2 века, ќе дојде време кога ќе положат сметка пред народот за злоделата што ги прават. Македонскиот народ тоа никогаш нема да им го заборави и никогаш нема да им прости.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.