Ламбе Арнаудов

А, бе Таче, актуелен манипулатор наследник на велепредавникот Заев и дружината, имам неколку прашања до тебе и тие како тебе.
Често сум бил предмет врз кого демонстрирале насилство, токму заради тоа сум категорично против секаков вид насилие, особено ако тоа предизвикува крвопролевање, губење животи, страдања и егзодуси на цивилно население како што деновиве сме сведоци на она што се случува во Украина, и се молам на Господ да им даде разум на сите, пред сé на агресорот, да запрат со насилства и да им дадат шанса на мирни преговори за излез од оваа криза која ако продолжи може да предизвика апокалиптички последици за човештвото, до комплетно исчезнување. Затоа молам СТОП.

Прашање број 1. Дали Таче после, убеден сум, успешно завршените преговори за мир ќе им сугерираш на Украинците да прифатат дека Русите не се агресори и окупатори туку администратори?
Уверен сум дека твоето наследено искуство од претходните шутраци дополнето со твоето “разумно“ разбирање за геостратешките политики и залагањето за одбрана на татковината, народот, идентитетот и јазикот, Украинците ќе го прифатат.

Прашање број 2. Таче, мислиш ли дека Украина после мирот постигнат во деновите што следат, и понатака ќе биде држава, а Украинците нација, ако прифатат формулација администратори наместо вистинското име – окупатори со примена на сила?

Прашање број 3. Дали и ако одреден број граѓани на Украина се согласат дека Русите се администратори, како ти и дружина одродени Македонци минорни на број, ќе го убедат и мнозинството Украинци дека се администратори исти како Бугарите во 1941 во Македонија, е во ред?
Едноставно, волјата на екстремното малцинство наспроти волјата на огромното мнозинство не е вистинско загрозување на елементарното право на сите демократски принципи, начела и критериуми и право на самоопределување на народите.

Прашање број 4. Таче, иако си непоправлив лажго, обиди се да ми одговориш искрено барем еднаш. Може ли да се направи разлика на две подеднакви создадени ситуации, една во Македонија пред 80 години и иста таква деновиве во Украина, едните да се агресори окупатори, а другите да се администратори? Е, сега кажи, кој ти кажа и како ти го окупира мрзливиот мозок да правиш разлика на штета на твојата татковина и народ?

Што е понепринципиелно, да лажеш кога е во прашање твојата татковина или да ги лажеш оние кои те учеле што да кажуваш по и за нивна потреба.

На ова прашање одговор вистински ќе ти дадам јас. Мамелеџија си од прва категорија, ЛАЖЕШ ВО ДВАТА СЛУЧАИ, бербат луѓе сте и ти и тие пред тебе и сите со тебе, го лажете грозно и бесмислено и својот народ срамно, долно, просто неразбирливо, ама и дрско ги лажете Меѓународната заедница, НАТО, ЕУ и целата светска јавност, затоа што глумите загриженост за Украина, а сите сте докажани тешки русофили и потајно навивате за Русија бидејќи генетски го мразите сиот прогресивен и демократски свет.

Немој да порекнувате, не се браните, вие сте исти како и секој автократски клан на кој за ништо не им е грижа освен да владеете и со предавства и елиминирање на политички неистомисленици и да го понижувате сопствениот народ пред секого, само за да се допаднете на оној кој ве поставува и ви наредува. Сите вие сте исти клонирани малоумни типчиња, од Господ без надареност затоа што со НЕГО сте скарани. Слабоста ја прикривате бидејќи сте со новосоздадени сексуални “вредности“ од напред и од позади пресадени, насадени и лигави полжави што го заземате врвот на кој треба да стои лав или орел, никако поинаку освен со ПОЛЗЕЊЕ.

Прашање бој 5. Таче, што е поголем грев, окупаторите и агресорите сами да се правдаат дека се администратори, или пак вие елита предавници на сила да го терате сопствениот народ, жртвата, да ги прифати окупаторите и насилниците за администратори спасители кои им го подобриле животот?

Одговорот на ова прашање, не го знаеш ти, не го знам ни јас, ама совршено точно, јасно и прецизно го знае оној кој најмногу знае – НАРОДОТ.

Одговорот многу скоро ќе го добиете, е тогаш ќе видиш што е ХИСТЕРИЈА.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.