Ламбе Арнаудов

Прво да бидеме на чисто. Ниту формулацијата, ни содржината ниту пак суштината на забелешката упатена кон мене, апсолутно не одговара на вашите апсурдни тврдења, и е наопаку изместена и произволно смислена провокација. ЗОШТО?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ГОСПОДИНОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ е до врв комплетно формирана личност со високо морална и етичка определба, воспитан, културен, изграден од цврст непотрошлив и неуништлив не’рѓосувачки материјал, многу редок и тешко достапен денес на овие напатени простори во жална Македонија. Згора на тоа, неговиот дух исткаен од најпатриотски нишки, вроден, наследен и со голема репродукциска моќ кон останатите, едноставно го прави автономен, и како таков воопшто не му е потребна одбрана или правдање пред посните и несмасни “обвинители“.

Едноставно човекот е лика и прилика од најпознатата латинска мудрост искована за таквите, за храбрите.

“НЕ ЗА СЕБЕ, ЗА ТАТКОВИНАТА“

Но, нејсе. И да сте во право:

Според вас кого требаше да бранам? Веројатно мислите на Леонид Брежнев, вашиот и на вашите предци, татковци и дедовци, идеолошки родител, автор на озлогласената “Теорија за ограничен суверенитет на државите“. Па, вие се надминавте и неговата теорија ја доградивте и надградивте до степен на перфекција, применувајќи во пракса распродавање на целосен суверенитет, идентитет и самостојност на сопствената татковина која не ја чувствувате за своја, МАКЕДОНИЈА, која не е само ваша туку припаѓа на целиот македонски народ и сите граѓани во неа. Насилно, без да ги прашате дали се согласуваат за тоа, односно игнорирајќи ги резултатите од референдумот со кои бевте ставени на тенок мраз од своите кои ги ставивте под останатите и немилосрдно ги казнивте.

Јас според својата духовна градба сум и неповторлив, демократски определена личност, и заради тоа не можам да ве разберам и да ја утврдам тежината на вашиот демократски капацитет.

Со денови, оркестрирано, приземно, недостоинствено, честопати и вулгарно го напаѓате ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, поединци, медиуми, портали, и гледај чудо, демократијата, хуманоста и еднаквоста при утврдени стартните ПОЗИЦИИ ИСЧЕЗНА. НЕ ВАЖИ ЗА НЕГО.

Демократијата и убавите работи се резервирани за вас, и тоа кога, кога не можејќи да ги контролирате омразата, гневот и бесот, флагрантно ги кршите и им ја одземате слободата на другите да се одбранат, да изнесат свое мислење или не дај Боже кажат збор што не ви се допаѓа.

Е, нема да ви угодуваме!

Прво сте нерелевантни. Сите, да не ве набројувам, ама сите до еден сте се опробале во политичката, во партиската професија, тука таму и во некоја друга професија и сте пропаднале. Не ве бива ГУБИТНИЦИ за пример, затоа и никој не ви приоѓа, сте сé поосамени, љубоморни и непромислени, мислите ако удрите и тоа неоправдано врз ВРЕДНИТЕ ќе ги прикриете вашите слабости.

Не, уште повеќе ќе потонете во густото блато, живата песок ќе ве покрие. И тоа многу побрзо од што мислите, затоа што панично, неконтролирано со страв претате и се прпелкате со што го забрзувате вашето неизбежно потонување.

Јас и многумина како мене кои се илјадници пати повеќе од колку што знаете или мислите дека знаете не го браниме нашиот ЛИДЕР.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, за среќа, нé брани секогаш и успешно нас од таквите како вас, ‘рѓосани  штрафчина и лагерчиња, но и од многу побрутални од вас трговци непрокопсани џамбази кои не спечаленото бадијала го распродаваат.

Ме брани мене, моето семејство, моите пријатели, комшии, познати и непознати, со кои се среќаваме на улица или се поздравуваме или не, сигурно многумина ваши познати освестени можеби и роднини и пријатели попаметни од вас, ги брани граѓаните без оглед на политичката, верска, национална или било каква друга различност.

ГИ БРАНИ СИТЕ КОИ САКААТ ДА БИДАТ ОДБРАНЕТИ.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВМРО-ДПМНЕ и заедно со сите чесни и честити луѓе го брани името, идентитетот, јазикот, историјата, ја чува и негува традицијата, ја гради сегашноста, ја предвидува и остварува иднината што треба да ја живеат заслужено среќни луѓето, граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Затоа на крај ви порачувам: Немој да ги извртувате фактите.

Преобратите се вие, додека не е доцна. Времето тече и само тоа не се враќа. Во оваа држава има место за сите.

За секој за колку и за каде заслужил.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.