Алдо Климан

На оној „супер невин“ големоалбански „фолклорист“ од големоалбанската политичка организација „Арбреши“ од Косово, што „од културно-уметнички причини“ ја нагрди сo албанско знаме Самуиловата тврдина во Охрид, големо речиси колку самата таа, му е одредена петгодишна забрана за влегување во Македонија и протерување од државата. Казната е сосема заслужена но апсолутно незначителна, зашто сме навистина веќе не само изморени туку и дефинитивно згнасени од тој перманентен, примитивен, насилнички големоалбански освојувачки „фолклор“, и од тие големоалбански „фолклористи“ што подмолно и цинично танцуваат, и танцуваат, и танцуваат низ нашата татковина Република Македонија.

Се прашувам каква ли пак и колку голема казна, по паѓањето на валканата велепредавничка заевско-големоалбанска хунта, му следува на големоалбанскиот воено-политички конвертит со „европски манири“ и со „европско знаменце“ Талат Џафери, кој на еднаков таков насилнички „фолклорен“ начин, на 27 април 2017 година, со државен удар и со пеење на албанската химна во срцето на македонската државност – Собранието на Република Македонија, беше инсталиран за незаконски претседател на македонскиот парламент, и кој албанското знаме веднаш го „забоде“ на својата окупаторски запоседната „спикерска“ работна маса, кое оттогаш таму „фолклорно“ се „вее“ како среде Тирана и Приштина, додека тој, еве, „културно-уметнички фолклорно“ си се подготвува за функцијата претседател на Република Македонија. Онаа кратенка „в.д.“ пак што евентуално ќе оди со тој највисок државнички прерогатив, всушност воопшто и не е важна, зашто на Балканот најпосле ќе имаме три држави со тројца албански „фолклорни“ претседатели, т.е. конечно во реалниот живот ќе ја имаме Троедна Голема Албанија. Се разбира, доколку македонскиот народ, аман, барем во овој последен, најтежок, решавачки момент за Македонија, не прогледа и не се свести дека е навистина премногу и доста, и оти мора, излегувајќи масовно на гласање во вториот круг на претседателските избори, да ја земе судбината во свои раце, да го покаже и искаже својот демократски потенцијал, да им одржи цивилизирана, граѓанска лекција на тие безобѕирни крим-политички натрапници, и енергично да му стави крај на тоа хистерично шовинистичко и ограбувачко големоалбанско лудило однатре и однадвор.

Што се однесува до големоалбанската екстремистичка група што на Самуиловата тврдина го изведе грубиот напад на македонската државност, тие со нескриена гордост порачаа дека во Охрид и во Струга биле со предумисла за да прослават годишнина од некакви битки на Скендербег, дека ова отсекогаш била нивна земја од која никогаш нема да се откажат, и оти Охрид е албански град.

Интересна приказна, но таа нивна сосема јасно декларирана политичко-терористичка цел е апсолутно во спротивност со „поетичната“ и „романтична“ реакција од страна на големоалбанската партија во Македонија Алијанса за Албанците на Зијадин Села, истакнат супер-големоалбанец alias Хасан Приштина, во која се вели дека истакнувањето на албанското национално знаме на Самуиловата тврдина не претставувало ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека, како што велат, „во Северна Македонија“ Албанците сочинувале една третина од населението и биле автохтон народ. Притоа уфрлија и неколку приземни диктаторски, неосталинистички соцреалистички флоскули и стигми со полициски предзнак, од типот „логика на дискриминаторскиот менталитет“ и „југословенски комунистички систем“.

Да им одговориме кратко на овие глупости:

Прво, Албанците од Косово, и притоа дури од Ѓаковица, воопшто не се автохтони Албанци во Република Македонија. Но природно е големоалбанците да се сметаат за автохтони и во Филаделфија или во Занзибар. Кај што има и еден Албанец таму е Албанија! Едноставно си го преземаа слоганот на Слободан Милошевиќ. Супер добро големо-национал-шовинистичко друштвенце!

Второ, истакнувањето на националното знаме на некоја друга држава во Република Македонија е строго дефинирано со законот, како впрочем и во сите држави во светот, и точно се знае во кои прилики тоа е можно. А овој варварски акт воопшто не спаѓа во тие и такви прилики, туку е израз на најобично дивјачко племенско слепило.

Трето, господа големоалбанци, ако сакате некој навистина сериозно да ве сфати, освен оној што слепо им верува на вашите безочни измислици и лаги, најнапред, како што е редот, цивилизирано почекајте „консензуално“ да направиме општонационален попис, па сите убаво да се увериме и едните, и другите, и третите, и сите заедно, дали етничките Албанци во Република Македонија навистина ги има една третина од вкупното население, како што не престанувате да лажете и да трубите на сите страни без каков и да е аргумент освен вашата панаѓурска проценка „од око“, па така и во врска со овој охридски племенски инцидент, или пак ќе се покаже дека всушност е точно, или многу, многу попрецизно од вашите квази-демографски небулози, дека таа бројка едвај и да се доближува до 17 или 18 проценти.

Четврто, на вашите и заевско-големоалбански фашистоидно-сталинистички жигосувања  од типот „дискриминациски менталитет“, „југословенски комунистички систем“ и слични глупости, здравото и освестено јадро на македонскиот народ не само што воопшто не им се плаши, туку ги гледа со длабок презир и сожалување кон вас. Па токму вие, цврсто сплотени со другата, подеднакво црна големоалбанска фела со која не сте на „добар ден“ само тогаш кога се во прашање вашите лични интереси и приватни и политички кариери, но супер функционирате во општата големоалбанска агенда против Република Македонија – да ве потсетиме, токму вие заедно го инсталиравте и го одржувате на власт најголемиот велепредавник во светската историја, Зоран Заев, благо речено роден сталинист и диктатор кој го промовира вашиот заеднички проект за „граѓанска, наднационална неокомунистичко-космополитска држава со сите отворени граници, особено кон Албанија и Косово“, како и вашиот заеднички „дискриминациски менталитет“ кон мнозинскиот македонски народ, и тоа во неговата сопствена национална држава Република Македонија, што безочно ја дрпате како што ќе ви текне.

Ете, толку за „романтичната“, модерна евроатлантска и демократска Алијанса за Албанците и нивниот струшки лидер Зијадин Села alias Хасан Приштина, кој не станува при интонирањето на македонската химна, ниту пак стои под македонското знаме, но затоа евроатлантски ужива во дивјачкиот, антицивлизациски чин на косовските „Арбреши“ во древната македонска престолнина Охрид, над која е развеано албанско знаме, големо како фудбалско игралиште.

По повод криминалниот случај со албанското знаме на Самуиловата тврдина се огласи уште еден модерен евроатлански хуманист, Талат Џафери, кој за Click Plus на ТВ21 изјави дека поставувачите на албанското знаме во Охрид биле „културно-уметнички работници“ и, според него, поради тоа казната требало да биде поблага. Префинетата уметничка душичка Џафери, ете, пак се покажа како голем разбирач и вљубеник во ваквите големоалбански шовинситички „фолклорни“ перформанси, а тоа е сосема разбирливо, зашто тој со својот досега ненадминат големоалбански собраниски пучистички „културно-уметнички фолклорен“ перформанс и инаку се смета за заслужен родоначалник на тој досега најмрачен политички жанр во Република Македонија.

Јас можеби и не би напишал ниту еден ред за овие бедни политички свинштини, бидејќи во нив и нема ништо ново, ниту оригинално, зашто тоа е нашата тажна „граѓанска“, „наднационална“ заевска квислиншко-големоалбанска реалност со веќе одамна излитеното „европско знаменце“ и со приземните Хановско-балкански „европски манири и методи“, но имав потреба како vox populi, во предвечерјето на судбоносната разврска во вториот изборен круг, најискрено да им укажам на актуелните претседателски кадидати дека е премногу очигледно – па дури и непријатно да се гледа и да се слуша – како му се додворуваат на апсолутно рамнодушниот албански електорат, па што и да си мислат самите тие за тоа. Во таа смисла, границата на пристојноста на кандидатите спрема македонскиот електорат е навистина сериозно поместена кон неприфатливост. Зашто, да не се лажеме, освен не така бројните исклучоци на граѓани од албанската заедница во Република Македонија, кои се заинтересирани за соживот и заемно прифаќање на културните и етнички различности, зад крајно компактниот и национално јасно обоен албански електорат стојат три црни, подеднакво антимакедонски, големоалбански и, токму поради тоа, апсолутно антиевропски партии, кои имаат само една единствена и сосема иста политичка цел – создавање Голема Албанија. Република Македонија нив воопшто не ги интересира, или ги интересира само како нужна меѓуфаза додека се создадат соодветни меѓународни предуслови своите големоалбански цели да ги доведат до крај.

Независно од слатката поредизборна реторика, розовите, божем концилијантни наративи и наместените телевизиски насмевки на албанските политички лидери и коментатори, резултатите од првиот круг јасно и недвосмислено покажаа дека албанскиот електорат е крајно и строго контролиран и диригиран, за разлика од македонскиот, кој е дисперзиран и растурен на дивергентни, па и крајно спротивставени групации, поголеми и помали. Си спомнувате, нели, дека на денот на првиот изборен круг господин Река најави оти ќе добие 80.000 гласови, и промаши само за неколку десетици гласови, бидејќи и тие неколку гласачи што биле пресметани во таа бројка а не се појавиле на изборното место, веројатно одненадеж „настинале“, или, ете, им искрснале некои други непредвидени обврски. Но таквата милиметарски прецизна проценка е можна само кога е во прашање ултра-дисциплиниран и совршено, речиси „војнички“ подготвен електорат. Јасно е дека гласачите на ДУИ безмалу исцело го бојкотираа првиот круг, а на Алијанса за Албанците и на Беса им беше важно да си ги „покажат забите“, т.е. да покажат дека се релевантен политички фактор на кој треба да се смета во евентуалното преземање на власта од Заев. Но, повеќе одошто сигурно е дека и тие, заедно со ДУИ, еднодушно исцело ќе го бојкотираат вториот круг за да го урнат цензусот, зашто новата политичка криза што потоа би уследила, со безобѕирниот големоалбанец Џафери како в.д. претседател на државата, на сите ним апсолутно им одговара, бидеќи води во за нив најпожелната заедничка политичка насока: конечно довршување на процесот на целосната деструкција и растурање на Македонија, јасно изложена и подвлечена со непреминливите „црвени линии“ во Тиранската платформа, потпишана и доследно и ултра брзо и координирано спроведувана од сите нив.

Па дури и ако постои нешто за што и околу што навистина не можеме да шпекулираме, некаква тивка дипломатија и договор „под маса“ помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката Сиљановска, од една, и колицијата Алијанса за Албанците и Беса, од друга страна, првите мораат да знаат дека во таа смисла не се, ниту ќе можат да бидат, ни за нијанса поумни, поитри и повешти од Заев, и оти големоалбаците секогаш многу прецизно, многу јасно, ладнокрвно и немилосрдно, но дрско и јавно, за уцената да има што поголем јавен ефект, како безмилосни банкари што ви дале заем, ќе бараат договореното и ветеното да им се испорача до последната трошка, и тоа со дебели политички камати, а притоа секогаш ќе бараат уште, и уште, и уште, без крај и свршеток. Со тие и такви екстремни политики нема игра и коцкање. Со тие и такви безобѕирни политики се излегува на крај само со енергична, автентична, достоинствена, уверлива и доследна, неподелена, самостојна политика, со која не можат да манипулираат ниту внатрешните ниту меѓународните фактори. Но олку нагласеното свиткано приоѓање и додворување на албанските гласачи, за жал, воопшто не ги потврдува тие и такви карактеристики, и загрижувачки потсетува на неприфатливата, карикатурална и трагична заевската снисходливост. Безидејниот и сосема празен „евроатлански“ и големоалбански фразер Пендаровски навистина и нема друго чаре освен да се обиде „да ги воодушеви“ Албанците со некои нови „ветер на магла“ ветувања, зашто нивното, заевското, веќе јасно се виде, особено на последниот собир во Берлин, на кој беа глатко „премочани“ (простете, но нема друг попрецизен збор за тоа), но на вистинскиот претседателски фаворит, кандидатката Гордана Сиљановска Давкова, со сиот нејзин импресивен интелектуален, хуманистички, па и политички потенцијал – тоа навистина не ѝ е потребно. Зашто, таа или едноставно ќе биде препознаена како таква, или не кај албанските гласачи, а сѐ друго е одвишно и без какви и да е вистински ефекти, барем што се однесува до гласовите што евентуално ги очекува од нив.

Поради сето тоа треба да бидеме сосема свесни дека овојпат цензусот најмногу и пред сѐ ќе зависи од излегувањето на гласање на македонскиот електорат, како и од гласачите од останатите национални заедници што живеат и што сакаат во соживот и татковинска поврзаност да живеат во заедничка Република Македонија, а најмалку од етничките Албанци, кои, nota bene, со своето евентуално одбивање да учествуваат во очекуваниот албански политички бојкот на гласањето во вториот круг на претседателските избори само ќе придонесат кон доброто на целата општомакедонска, што значи и албанска заедница, а тоа значи и кон доброто на една вистински проевропска Македонија.

Затоа оној од двата кандидата што навистина сака изборите да успеат, т.е. да се постигне потребниот цензус на излезноста, во овие уште неколку преостанати денови до гласањето, мора да стори сѐ што поуверливо и што посилно да го покрене и да го мотивира македонскиот електорат да излезе на гласање и да ја исполни својата граѓанска должност. Само тоа е вистинска и последна шанса за една модерна, демократска и слободна Република Македонија. Во спротивното, за жал – се знае…

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.