Марјан Ристески

Верувале или не е тематиката на ова обраќање или поинаку кажано нашата реалност помеѓу реалноста и фикцијата.

Премиерот и владата најавија борба и одговорност против лажните вести во државава!
Браво! Морам да признаам нè изненади, нè остави подзинати, гледаш-слушаш и си велиш: Можно ли е ова, кога лично тој и најмногу тој и владата се шампиони за лажни вести?
Надежта последна умира, така велат, па и нашава и си велам ако е за фајде можеби ќе се зафати со самиот себе и тимот околу себе за почеток и конечно ќе дојде крајот на лагите на оваа власт.

Оваа власт си има и свој уникатно-препознатлив лик за лаги – стави ја раката на срце, со блажен поглед и насмевка – ете тоа е тој вистински препознатлив стил кој народот го гледа и насетува-ете пак нова лага, пак нова лажна вест од СДСМ!

Овој уникатен „body language“ е уникатен во презентирањето лаги а народот паднат во длабок дефетизам веќе не се ни обидува да ја слуша и гледа “вистината” која му ја сервираат.

Навикнавме секој ден да гледаме нови и нови лаги фабрикувани во кујната на СДСМ – крај се нема, народски кажано ни срам-ни перде! Секој што го гледа препознатливиот стил , однапред му е јасно дека пласираната вест кратко ќе трае и не се оптоварува многу со тоа, затоа што наредниот ден имаме демант или полудемант на истата!!!

Во една од рекламите по медиумите имаме слушнато „Чувство кое долго трае“! Е овде, со оваа влада имаме обратно „Чувство кое кратко трае“! Арно ама долго траат последиците по народот и државата! Оваа влада мисли дека со бомбардирање на секојдневни лаги и лажни вести, човек нема капацитет да стигне да ги запомни и да ги следи, па така ќе си тераат во недоглед една, па друга, па трета!

Или…практиката и редоследот на оваа власт е следен: се пласира дневна доза на лага и лажна вест, а веќе наредниот ден имаш извртување на истата, па после тоа демант и продуцираш нова лага, потоа се правиш дека воопшто не си кажал така или не си бил вистински сфатен од народот…и сето тоа така се врти во меѓепсан круг до недоглед.
Овие народната „речено-печено“ ја претворија во „речено – непечено –одречено – неречено – запечено“ – вистинска турлитава!

Body language-ов за лаги можат да го патентираат или во најмала рака да го поднесат како апликација во фонд за иновации. Дарежливоста на фондот за вакви идеи е многу добро позната.

Категоризација на лагите и лажните вести на власта се сведува на неколку поткатегории: мали, средни, крупни лаги и универзални лаги, или пак, класификацијата може да биде на: поминати, обновени и идни лаги.

Може да се направи категорија и на болни лаги или лаги кои помалку болат (може и други категоризации да се направат, но тоа секој човек според сопствените чувства и болка).
Прирачник за лаги може да ви биде и Програмата на СДСМ -“План за живот” и тогаш е поедноставно e, само ги вадите лагите и ги категоризирате, но пак да речам…рака на срце…ги има многу и ќе имате доста работа!

Од тука доаѓате до совршено непријатното чувство дека премиерот и целата влада биле лажна вест за Македонија и македонскиот народ!

И за крај, да го завршиме текстот со неколку народни поговорки за лагата:
– Кој лаже, тој и краде
– На лагата и се кратко нозете
– Со лага – Ага не бидува
– Од лага не се живее
– Со лага дојдоа – со лага ќе си одат
На крај, одговорност за сето ова мора да има!

П.С. Успешноста на секоја влада се мери со процентот на реализација на ветената програма и во која мерка го подобрила квалитетот на животот.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.