Ламбе Арнаудов

До сите граѓани на Република Македонија!
Толку лесно и без никаков отпор ќе се согласите доброволно и понатака да живеете уплашени, понижени и посрамотени и да бидете само коса црта во затворот што ви го изградија Зоки, Коки, Каки, Фрики, Кики, Паки, Шеки, Вики и други Ки монструми преоблечени во човечко руво, хохштаплери со тежок духовен инвалидитет, или конечно ќе се исправете барем за момент и малку ќе заличете на своите горди храбри родители, баби и дедовци и подалечни предци, честити луѓе и домаќини со неизмерна љубов и силно изразе патриотизам кон својот народ и својата татковина Република Македонија и решително ќе кажете: ДОСТА Е !!!

Алиби, како изговор дека ништо не можете, е не одржлив и лесно се соборува, а е својствен на тешки и лигави опортунисти, а не на вистински мажи. Ако сега ништо не преземете целиот свој живот ќе се потпирате на инвалидските патерици на вашата осакатена совест, посрамотени, презрени од сите кои не се како вас, од своите блиски, од познати – непознати, од самите себе, а на радост и потсмев на непријателите на Македонија.
Македонија и македонскиот народ живееле и пред нас, ќе продолжат уште долго, долго да живеат, гордо и достоинствено и после нас само што нам ќе ни припадне срамот.
За ваквите луѓе во првата половина од минатиот век постоеше еден израз употребуван во целиот свет што се нарекуваше: Изгубена генерација. За наша несреќа ние нема да бидеме ни тоа, туку ќе бидеме генерација која изгубила сé: народ, татковина, јазик, историја дури и споменот ќе ни биде избришан. Срамот да биде поголем продаваме нешто што никој од нас не го спечалил.
Земете ја метлата во свои раце да го изметеме минатото на Зоки Баба и 40-те разбојници и да ја собереме иднината за народот.

Секоја политичка криза неминовно се одразува и на уметничкото творештво особено на филмската индустрија која јасно и прецизно ги пренесува аномалиите или вредностите на одреден историски период.

Заради тешката политичка криза во Република Македонија и случувањата во неа создадоа духовна инспирација кај филмските творци и невообичаено многу порано ги доделија оскарите за оваа година.

Оскар за најдобра главна машка улога за Коки за улогата на прилично женствен тип кој се трансформира во жестоко „мажиште“ фасцинантно одигрувајќи ја улогата на безмилосен рекетар.

Оскар за најдобра главна женска улога за Каки, која својот изглед на благородна бебиситерка или ухранета готвачка беспрекорно го трансформира во лик на бездушна шефица на криминален клан, која е спремна за остварување на своите криминални цели да ги жртвува и најблиските.
Оскар за најдобра споредна машка улога за Ники Лигушот. За него беше најлесно. Беше доминантен, над своите конкуренти и неверојатно успешно ја долови улогата бидејќи и во приватниот живот е таков.

Оскар за најдобра споредна женска улога – за Вики за улогата каде што од „прекален“ борец за правда се претвори во вешт манипулатор спасувајќи го шефот на мафијата кого го претстави како заштитен сведок за да го спаси од одговорност.

Оскар за оригинално сценарио – Анонимен (по негова желба иако сите го знаат). Одби да го прими Оскарот, но не од исти причини како легендарниот Марлон Брандо, кој својата апстиненција ја оправда со загрозените права на Индијанците, туку заради тоа што во филмот не успеа да ги докрајчи Македонците.

Оскар за најдобро адаптирано сценарио. Се доделува групно на осумте сламени кучиња на предавството кои маестрално ја одиграа улогата во разурнувањето на Македонската Држава, ликови на тешки подмолни суштества кои тоа го прават за пари.

Оскар за најдобар анимиран филм се доделува на Судството на Република Македонија со напомена дека подобар филм во овој жанр не е снимен.

Оскар за најдобар пропаганден филм се доделува на Саки и Чоки од 1 ТВ кој преку телевизијата во која работеа брутално го лажеа сопствениот народ.

Оскар за најдобра филмска песна се доделува на Тамара Тодевска за извонредната изведба иако во мошне скратена верзија успеа да го навреди својот народ до степен на бесмисленост.
Оскар за најдобра филмска музика се доделува на уредникот Гоки кој успеа од сите македонски песни од македонското творештво да го избрише зборот Македонија. Тоа толку вешто го направи што Македонците не можат за ги препознат своите омилени песни.

Оскар за најдобар филмски трик се доделува на Кики и Фрики за неверојатно вешто криење на вистинскиот идентитет дури и од своите најблиски кои работат токму во органите на прогонот.
Оскар за најдобри звучни ефекти се доделува на Леди Факи за нејзините прес конференции каде што секогаш многу зборуваше за правдата а ништо разбирливо не кажуваше.

Оскар за најдобар филм од немакедонско говорно подрачје се доделува на СДСМ, нивните членови и симпатизери, кои преку ноќ го заборавија својот мајчин јазик а успешно го совладаа јазикот што ниту го познава, ниту пак го признаваа народот кој го зборува. Припадниците на истиот тој народ со нагласена негативна конотација ги нарекуваа “нагалено“ Татари. Мора да се признае дека овој оскар се додели без ни еден глас против што ја потврдува “величествената“ изведба.

Оскар за најдобар режисер се доделува на Зоки за режијата на филмот “Преспанска капитулација“. Оскар за кој немаше вистинска конкуренција. Толку убедлива режија што ќе остане вечно во сеќавање на македонскиот народ. Со ова “грандиозно“ дело и со намерите што ги има кон сопствениот народ најверојатно во блиска иднина ќе заслужи барем номинација за Оскар за (до)животно дело.

Оскар за најдобар филм … ???

Додека ова го пишував се јавија со соопштение од најмоќната и најпризната асоцијација на филмски работници, Националната академија за рецензија, оценување и доделување или скратено НАРОД и ги повлече сите номинации и доделени Оскари, прогласувајќи го филмот за тежок плагијат, веќе виден во минатото, особено за времето на II Светска војна, како во Норвешка, Франција, Австрија … Во соопштението понатаму се наведува дека во согласност со своите надлежности, овластувања и постапувања ќе распише оглас за оригинално сценарио на иста тема под друго име (Сите луѓе на преспанското предавство). Академијата исто така соопштува дека ќе ги повика истите актери, ќе им додели нови поинакви улоги и за нивните остварувања ќе им додели “награди“ какви им прилегаат.

Напомена: Се извинувам што заборавив да кажам, бидејќи не знам зошто, ама стигна жестока реакција за селективност и пристрасност при доделување на номинациите и Оскарите од редакцијата на неделникот Фокус.

П.С. Господине Професор Калајџиев, исклучително Ве ценам како врвен експерт и честит човек, само се прашувам во себе дали како правник ги погодивте точно вашите претпоставки и размислување кој ќе биде првообвинет во случајот “Рекет“ – Каки или … ?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.