д-р Кирил Лазов

Почеток на изборна кампања… невообичаена, специфична, оригинална, извонредно вонредна во уште повонредни услови, но без вонредна состојба.

Македонија и понатаму соочена со предизвикот на вирусот КОВИД-19 секојдневно брои големи бројки на новозаразени и починати. Сепак коранавирусот го прифативме како опасност која не демне и се заштитуваме со заштитни маски и ракавици, со држење социјална дистанца, избегнување масовни собири. За среќа медицинските лица со надчовечки напори се борат со короната.

Но има еден друг вирус, многу поопасен, посмртоносен. Вирус што пеплосува и ништи се што е македонско. Вирус што ја уништива три години Македонија и македонскиот народ. Синдромот македонска агонија предизвикан од вирусот муртинска пародија. Вирусот што го направи Муртино синоним за криминалот во Македонија, а Македонија синоним за криминал и корипција во светот. Многу вирулентен, предизвикан од Зоран Заев, Ден Дончев, а преку тендерско рекетарски дејствија го шири Филипче, па така СДСМ е најопасен кластер на овој вирус.

Истиот овој вирус одреден период добиваше сила, се актуелизираше, инфицираше и на моменти слабееше три години. Конечно кулминираше во судницата во која Боки ја обелодени вистината која сите ја знаеме за Луј Витон торбата и милионите во неа, а само обвинителството на Русковска молчи и не слуша. Истиот тој Боки вистината ја адресираше на муртинска адреса кај Заеви.

Во предвечерието на предизборната кампања уште еден муртинец со своите незаконски, криминални дејства го привлече вниманието на јавноста и стана ново минско поле кое сигурно го минира столчето на Заев и предизвикува тектонски движења во неговата позиција. И додека илјадници граѓани бараат помош од Фондот за здравство за набавка на лекови за ретки болести, додека бараат помош за лекување во странство, довчерашниот прв човек е фатен во тежок криминал. Истиот тој директор својот криминал го правда со оправдани причини. Човекот со име Ден, а мрачен и матен како ноќ е олицетворение на владеењето на СДСМ. Производ на Заев и заевизмот. Носител на муртинската пародија.

Истиот тој Ден беше назначен од министерот за тендери кој го клекна македонското зравство на колена, го доведе здравствениот систем во колапс и го погази достоинството на здравствените работници. Истиот тој Ден кој беше на чело на на Фондот за здравство е десна рака на Заев и Филипче и заедно со нив го уништија македонското здравство и во услови на светската пандемија кога имаше потреба од зацврстени капацитети тие го доуништија оти вирусот муртинска пародија кој предизвика македонска агонија е посмертоносен од сите други вируси.

Ама обновата доаѓа. Македонија се исправа.

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“

После 15 јули Македонија пак ќе оживее!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.