Михајло Маневски

Избришани податоците од службениот телефон на Катица Јанева, а се бришат и податоци од компјутери на СЈО!
Што чекате јавни обвинители? Нема никакво оправдување за тоталната пасивност и за непреземање на никакви законски мерки за случајот РЕКЕТ. Што треба уште да се случи за да реагира обвинителот, кој е должен да преземе кривично гонење за сторено кривично дело што се гони по службена должност? На тоа го обврзува член 18 од Законот за јавното обвинителство.

Дали на Катица Јанева, која осум 8 дена ја немаше никаде и никој не занаеше каде е, смислено не и се остави време да ги прикрие и унишпти доказите, да прикрие материјални докази, да влијае врз сведоци и соучесници, да ги брише трагите на кривичното дело?
Ги избришала сите податоци од службениот мобилен телефон! Ги избришала податоците од телефонот кој бил пријавен дека бил изгубен во Белград! Како тој телефон се најде кај девојката на нејзиниот син? Кој и кога ги избриша податоците од телефонот? Бришењето на податоците од телефонот formatiran е стручна работа, која таа ниту знае, ниту може да ја изврши. Кој го направи тоа, кога, по чија наредба и со каква цел? По нејзина наредба се бришеле податоци од компјутери во СЈО. Како баш сега тоа се чини?

Дали некој треба да се заштити од сторениот криминал?

Тотално е неразбирливо, за ваков невиден грандиозен скандал за рекет и изнуда на државно ниво во целата земја со целосна вмешаност на високи државни функциоери на власта, досега да не се преземат никакви мерки. Се нешто се прикрива од јавноста со фразата во интерес на истрагата. Која истрага? Против кого?

Од самиот почеток, беа многу очевидни намерите да се забошоти случајот. Направени се елементарни пропусти. Зошто не е извршен претрес во работните простории на СЈО, претрес во канцеларијата на Катица Јанева, личен претрес на неа, во нејзиниот стан, во становите на рекетарите, на нејзиниот син, претрес во просториите на т.н Меѓународниот сојуз и заплена на документацијата и компјутерот, претрес во домот на “бабата” со 750 илјади евра, прибавување на документацијата на рекетираните жртви, заплена на конпјутери, списи и предмети, забрана на отуѓување на имот и предмети и многу други дејствија за ваков грандиозен криминален случај. Ова се елементарни одредби од Законот за кривичната постапка, кој мора да се почитуваат. Не верувам дека јавните обвинители не ги познаваат овие одредби и потребата од преземање на неопходните истражни дејствија и мерки на кривично гонење.

Случајот РЕКЕТ е уште во повој!

Случајот РЕКЕТ е во повој и уште не почнал да се расплеткува? Опструкциите случајот да се расветли до крај, веќе се видливи. Се остави огромен простор за манипулации и за бегање од одговрност. Во јавноста веќе многу силно се укажува на сето тоа. но резултати во гонењето нема. Дали некој им врши влијание на обвинителите и дали поради тоа не ги преземат потребните мерки на кривичното гонење на сторители на тешки кривични дела извршени од високи функционери на власта на СДСМ, Катица Јанева и други нејзини блиски лица инволвирани во тешки криминални дела?
Клучното прашање е зошто толкава спорост во постапувањето и толкава неефикасност и елементарни законски пропуштања на преземање неопходни дејствија и мерки на гонење и проширување на истрагата поротив многу актери на овој рекет, при постоење на очигледни несоборливи докази.
Не верувам дека некој ќе се стаписа кога ќе ги погледне фотографиите на Боки 13 со врвот на носители на функциите на власта? Ќе беше ли толку моќен Боки 13, на кого сите му се клањаа, ако не беше поврзан со државниот врв?. Што направи тој Боки 13 и со што “маѓепса” толку многу највисоки функционери на власта? Права епидемија, како современ РАСПУТИН на дворот, но и дворјаните си имале и си ги задоволувале своите интереси. Без нив, Боки 13 би останал обичен шарлатан.
Боки 13 создал беспрекорно организирана криминална банда во која масовно биле инволвирани високи функционери од власта и обвинителството. Сите тие мора да го понесан товарот на одговорноста за рекетарскиот октопод, кој масовно ги раширил пипците и навлегол во голем број фирми и рекетирал огромен број бизнисмени за суми дури и по неколку милиони евра!.
Јавниот овбинител е должен да ја изврши функцијата на кривично гонење. Секој обид за селективен прогон и за спас од одговорност на креаторите на овој одвратен рекетарски октопод на функционерите од власта и обвинителството ќе биде контрапродуктивен и ќе биде осуден на неуспех. Тоа веќе кај народот не поминува.

Обвинителите со досегашното работење во овој случај оставаат силен впечаток на пасивност и селективност и повреда на принципот на легалитет за кривично гонење на сите што сториле кривични дела. Но, со јавноста повеќе неможе да се манипулира.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.