Непосреден повод за оваа колумна е крајно идиотско демонстрирано непријателско и предавничко искажано лицемерие од страна на СДС со предложената декларација по повод 120 години ИЛИНДЕН!
Како не ви е срам? Како не ви е грев кон својот народ и како си земате за право со вакво нешто од ваша страна, апсолутно недостоинствено.
Па, вие ги погазивте, ги убивте сите придобивки од ИЛИНДЕН и АСНОМ.
Вие сте најголемиот и најсвиреп сериски убиец на идентитетот на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и нашата татковина МАКЕДОНИЈА, кој за сега сé уште не е изведен пред лицето на правдата. Но, скоро ќе дојде и на вас редот. Куртул за предавства и тоа намножени НЕМА.
А, сега нешто и за споредбата со злосторствата на сериските убијци.
Прво, вашето злодело е плод на дејствување, и тоа крајно незаконски и спротивно на Уставот и законите на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, собрани во злосторничко здружение со крајна цел уништување на идентитетот, постоењето и иднината на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА и сведување на ранг орда или модерна раја која ништо не знае за себе, нема поим каде се наоѓа и од кого е ставена под јарем и кога ќе ни дојде времето за упатување идентитетската кланица.
Втората споредба, ништо помалку важна е таа што при ваква сериозна опасност од сериски убиец сите безбедносни и одбранбени сили се мобилизираат до највисок степен на приправност додека таквата опасност од граѓаните не се неутрализира или елиминира.
Во вашето злосторство што произлегува организирано, синхронизирано, раководено и спроведено од злосторничкото здружение СДС, која преку својата партиска држава и нејзините институции одродени од сопствениот народ и одметнати од Уставот и законите на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, наместо да го спречи, гони, неутрализира, токму партиската држава упорно го спроведува.
Како? Еве како.
Да почнеме од најмладите, децата во градинките се подложени на превоспитување, од мали нозе да не знаат ништо за себе, за своето семејство, народ и татковина, потоа во училиштата со систематска промена на програмите, бришење датуми и личности значајни за нашиот опстој, до енергични забрани да се спомне името МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЕЦ и настани што обележуваат бунтови, востанија, декларации за независност, референдуми и прогласување на суверена, самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА.
Скусување на средства за одбележување на нашиот национален идентитет, осакатување на институтите за историја и македонски јазик, избегнување на чествување на заслужни личности, настани и епопеи.
Раскинување на папочните врски со дијаспората, негрижа за нашинците и потсмевање со нив.
Донесовте на сила, спротивно на изразената јасна волја на народот преку референдумски изјаснувања и парламентарни декларации, закони со кои сé се брише, што сега вие во вашата квази декларација, чиста фатаморгана и резил на денешницава, сакате да се промовирате како “душегрижници“ за идентитетските белези на македонскиот народ и македонската држава, смешни и јадни сте лажговци од прва категорија и приврзаници на политика „купи ден помини“ без јасна визија и стратегија за обезбедување на долгорочни и трајни придобивки за народот. Не ви поминува!
Без око да ви трепне, сето ова го спроведувате токму преку Владата на Р.МАКЕДОНИЈА и нејзините министерства меѓу кои најмногу се “истакнуваат“ оние кои треба да бидат најголеми заштитници а не предавнички институции кои живеат на грбот на народот кој што системски го сотираат и „убиваат“.
За жалење сте, Министерството за образование, за култура, институции, агенции, институти, Министерството за правда преку својот извршител Министерството за внатрешни работи со своето неморално, неетичко и незаконско однесување кон најпатриотскиот и најдемократскиот дел од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Сакам да ве прашам вас од Министерството за образование. Постојано се правдате дека треба да образованието го ускладите со она во земјите на ЕУ. Како тоа до сега овие десетици години ништо не усогласивте од математика, физика, хемија, филозофија, географија и другите туку само по ИСТОРИЈА?
Одговорот го знаеме сите. Вие од министерството сте серискиот убиец на македонскиот идентитет и такви ќе бидете запаметени засекогаш во колективната меморија на честитиот МАКЕДОНСКИ НАРОД.
ВМРО-ДПМНЕ со својот лидер професор доктор ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и неговите соработници ви порачуваат: СЕ НАСАНКАВТЕ! НА ТЕНОК МРАЗ СТЕ!
Сиот родољубив народ собран околу највисокото исправената партија и организација ВМРО-ДПМНЕ ќе ве победи и збрише затоа што нашата борба е праведна и нашата цел е света.
Заедно гордо исправени во ВМРО-ДПМНЕ за и самите поединечно да сме гордо исправени секогаш.
НАВИКА Е ТОА!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.