Михајло Маневски

Обесчестена, засрамена и понижена Македонија

Во својата долгогодишна историја Македонија и македонскиоот народ никогаш не биле толку понижени и засрамени како во овие 3 години. Ова катил време на владеење на струмичкиот клан ЗАЕВИ и нивниот репрезент Зоран Заев, предавник и ноторен лажоман, и збирштината окулу него на предавниците квислинзи Рармила Шекеринска, Оливер Спасовски, Никола Димитров, Петре Шилегов, Љупчо Николовски и дузина покорни градоначалници и директори. Јавните обвинители Љупчо Јовевски и Вилма Русковска и судството и Судскиот совет раководен од Киро Здравев и кривичниот суд со кој раководи Иван Џолев, тотално заробени се претворија во покорни слуги на политички и криминлни интереси на струмичкиот клан и врхушката окулу него, против народот.

Овие предавници ја уништија Република Македонија за која со векови се бореа и гинеа најдобрите синови и ќерќи на македонскиот народ. Во ова тешко време на корона епидемија, кога ништо друго не оди, само корона криминалот и корупцијата цветаат. Овие однародени предавници на татковината, свесни за направените злодела према народот и државата и за времето кое доаѓа да положат сметка, сè ставија на една карта, по секоја цена да ги добијат изборите и да се спасат од казнена одговорност за направените злодела. За таа цел во целосна служба ги ставија државните ресурси и вршат масовен подкуп на избираи и за нивно натамошно баснословно богатење во ова матно корона време на корона корупција и криминаал. Тие се господари и на животот и на здравјето и на имотот на граѓаните. Манифестираат бескруполеозен луксуз и највисок степен на ароганција.

Обесчестена и понижена, со сменето вековно име и со идентитетски и културен геноцид остварен со октроисан Устав донесен со насилство, уцени и подкуп, Република Македонија е тешко изрезилена во политиката, човековите права, судството, јавното обвинителство, антикорупцијата, економијата, образованието, културата … Нема област која не е изрезилена.

Република Македонија на дното на срамот

За три години ова однародена власт на предавници и квислинзи, Република Македонија ја сместија на дното на сите верифицирани меѓународни стандарди за процена на основните демократски вредности и заштита на човекоите права и слободи и здравјето на луѓето.

Најнови сосема кратки флеш манифестирани инсерти го потврдуваат тоа.

1. Република Македонија е на дното на листата на ФОРБС во светот во борбата против корона вирусот. Рангирана е на дури 103-то место и ја нема на листата на сто најбезбедни земји. Се наоѓа во друштво со некои островските држави и на последното место од европските земји. Сите земји од регионот се подобро рангирани од нас.

На вратот на Комисијата за заразни болести и на вратот на министерот за Венко Филипце е коленото Зоран Заев со силен притисок за одржување на избори по секоја цена и по цена на животот и здравјето на луѓето. Тие веќе се “задушени” и крајно време е да си заминат. Цената на ова налудничавост ја плаќаат граѓаните и државата и уште долго ќе ја плаќаат, но тоа на овие властодршци воопште не им е важно. Важна им е само власта, богатењето и бегањето од одговорност, а не животот и здравјето на луѓето.

Жалосно и за секаква одуда е тоа што го понижија здравствениот систем и згазија на честа и достоинството и на лекарите и целиот медицински пердсонал, кои по цена на сопственото здравје и живот веќе четврти месеци бијат лавовска битка и даваат се себе да се спасат животите на болните и да се спаси народот од ова епидемија. Толку ли се непособни и некадарни да се најдат на дното?

Политиката на лажоманот Зоран Заев и на кликата окулу него ги доведе во таква жалосна состојба. Сите земји не запишаа во списковите како опасно подрачје, со ограничено движење забрана за нашите граѓани. Ги уништи политичкото влијание на Зоран Заев и Оливер Спасвски, кои се прават поголеми доктори од епидемиолозите.

2. Во Република Македонија владее хибриден режим. Според индексот на демократијата 2019, Македонија е рангирана на 77-то место и се наоѓа во категоријата на земји со хибридни режими. Во ова категорија Македонија е веќе три години.

Така, со ова власт дојде животот, дојде правдата и демократијата, завладеа правото? Во хибриден режим нема ниту право, ниту правда, ниту демократија и заштита на човекови права. Има само терор и диктатура на муртинскиот моторџија и неговите поданици.

3. На листата на Транспареси интренешенал за перцепција на корупцијата Република Македонија е дури на 106 место со во друштво со некои африкански и островски земји познати како рај за Оф Шор компаниите и перење пари.

Толку понижена земја во светот како Република Македонија нема.

Резил на тешки новопечени богаташи социјалдемократски експлоататори

Кланот ЗАЕВИ се поднови со луксузен џип МЕРЦЕДЕС на вредност од окулу 150 до 200 илјади евра, за да има што да вози богатиот син и внук.

Делат пакети и масовно подкупуваат избирачи. Си ја перат совеста за пљачката што ја вршат на народот.

Марихуана империјата на Заеви, како тргнало, на пат е да ги достигне и небеските височини.

РЕЗИЛ е на Радмила Шекеринска, потпретседател на Владата и министер за одбрана што ги остави граѓаните на Скопје 4 дена во карантин, од кои голем број неможеа ниту леб да си купат, а таа отиде во зимскиот дворец во Маврово да ужива во социјалдемократската благосостојба.

Камените портали на дворецот и паркираните скапи автомобили пред него, јасно говорат за двоецот во дворецот. Бесрамничката пред да замине порача дека на Макединија и се потребни уште пари од странство!!! Потребни се уште пари за да ги делат на различни начини за подкуп на избирачи, партиски врабортувања и да вршат неказнет криминал. Малку ли се кириите за изнајмени станови, и за стан во кој се живее.

РЕЗИЛ е на Петре Шилегов, градоначалник на град Скопје и Раководител на кризниот штаб на градот што ги остави граѓаните на Скопје 4 дена во карантин, а тој со замина во зимскиот дворец на брегот на Мавровското езеро и избега од карантинот во Скопје да ужива во езерските убавини на Маврово. Граѓаните на Скопје ги остави како сираци без градскиот татко, егоист кој не се однесува ниту како очув.

Наместо да се грижи за граѓаните и вработените во градската администрација и презема мерки за спречување на корона вирусот, личниот комодитет и негрижа на Петре Шилегов доведоа до тоа да се затвори Барака број 1 во градот каде е сместен Советот на град Скопје и други службви и 20 вработени да одат во самоизолација поради заболен од корона вирус. Ете го капацитетот на Петре Шилегов, кој и не живее од плата, ама за “консиултантски услуги” наплаќа дебело од својата фирма.

РЕЗИЛ е на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, кој како дибек застанал пред еден зид ден пред карантинот и говори “седите дома”. Тој дволичен лажливец веднаш замина на Беровското езеро да избега од карантинот. Брее, какви недоветни шупци и лажомани, кои одлично го совладале манирот на својот ментор Зоран Заев може само да згреши па да каже нешто вистина.

РЕЗИЛ е изјавата на Министериот за економија Крешник Бектеши дека Владата не дискриминирала никого по етничка основа при доделувањето на ваучери за туризам. Министерот изјавува дека луѓето на списоците ги исполнувале пропишаните критериуми за да добијат ваучери за туризам од 100 евра и платежни картички од 50 евра. За податоците била одговорна Управата за јавни приходи.

Како тоа ниту еден влав и ниту еден србин не ги исполнуваат критериумите за добивање на ваучери за годишен одмор и платежна картичка? Какви се тоа критериуми и какви се тие податоци кога само 1% бошњаци, 7% турци, 11% Роми ќе добијат ваучери? Какви се тие критериуми кога само 16% македонци, а дури 64% албанци ги исполнувале критериумите и ќе добијат ваучери за летување?.

Од овие податоци изгледа дека некои припадници на етнички заедници се толку богати што не ги исполнуваат критериумите за ваучери или ги исполнуваат само еден незначителен дел. Две третини од средствата или окулу 10 милиони евра во вид на ваучери и платежни картички ќе добијат етничките албанци кои ги исполнувале критериумите. Кој воопште може да поверува во ова што го говори министерот. Дали Владата не можеше да најде друг начин за подршка на туризнмот и да определи такви критериуми кои нема да бидат на подкуп на избирачи како овие.? Во ова што го говори министерот никој не може да поверува и ова распределба на државните средства треба да се преиспита.

РЕЗИЛ е и тоа голем резил на Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Јовевски и на јавната обвинителка Вилма Русковска селективниот прогон и тешка повреда на принципот на легалитет. Го носат ли политичкиот јарем наметнат од Зоран Заев со гордост? Спроведуваат кривична постапка по диктат само против поранешни функционери кои окапаа во судниците со филовани обвиненија, а за спас на менторот Зоран Заев од случајот подкуп дури намеравале менување на закони, како што се смени Кривичниот Законик на оној син на пратеничката Владанка Авирвилќ, за да може да му се изрече условна осуда, како и што се стори. Тоа ли е јавен обвинител? Тоа не може да се каже дека е само срам, тоа во суштина се елементи за кривична одговорност за злоупотреба и незвршување на службената должност.

Вилма Русковска која за случајот РЕКЕТ не побара да се спроведе вештачење на телефонот на Бојан Јовановски, алијас Боки 13, значи не само резил, туку тешка повреди првата буква на форензиката. Како е можно да не се изврши такво вештачење? Од што се плаши? Кого штити на тој начин и зошто? Го штити ли Зоран Заев? На кого му фрлаат прашина во очи? Резил е да се падне толку ниско.

За случаите од поранешното СЈО во судници со месеци се читаат илјадници пораки и списи од надуени картонски кутии кои ги носеше со камиони поранешното криминално рекетарско СЈО. А сега, не се бара да се вештачи телефонот кој го имаат во раце, зошто? Зошто се бега од вистината?.

Не се пронајде ташната со пари? Да беа носени во шлепер можеби ќе ги пронајдеа. Какви напори вложи јавниот обвинител да се најдат парите? Никакви. Ако ги бараа, ќе ги пронајдеа, ама ќе го пронајдеа креаторот и реализаторот на рекетот, а тоа не беше од интерес на врвот на власта.

Бидејки јавниот обвинител очигледно бега од вистината, тогаш судот мора да биде непристрасен и да го примени словото на законот. Никаква пресуда за случајот РЕКЕТ неможе да опстане без да се прибави со вештачење содржината на телефонот на првообвинетиот Бојан Јовановски. Затоа судечкиот совет, кој треба да ја објави пресудата, согласно членот 397 став 1 од Законот за кривичната постапка треба повторно да ја отвори главната расправа заради дополнување на постапката и за разјаснување на одделни прашања и да пообара вештачење на телефонот. Ако не го стори тоа, каква пресуда да се донесе, таква пресуда неможе да опстане. Таква пресува не може да опстане затоа што се повредува елементарното право на одбрана на обвинетиот Ако овде под притсок тоа не се стори, пред Судот за човекови права таква пресуда ќе падне како гнила круша.

Резилот е голем, а одговорноста никаква. Доаѓа времето на отчестност и одговорност за сето зло што ова однародена власт со криминалното владеење на Зоран Заев и кликата окулу него му ја нанесе на народот и државата. Тоа ќе биде прво поразот на престојните избори кога и да се одржат и след тоа лична казнена одговорност за сторени тешки криминални дела на велептредавство и корупциски и организиран криминал од големи размери.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.