Ламбе Арнаудов

Пред некое време напишав: наскоро ќе дојдат нови млади лавови со здрави и остри заби, неисполнети со месо, но затоа со срца и души преполни со љубов и лојалност кон својот народ и татковината.

Благодарение на вас преспанофилите и заради вашето велепредавство и брутално владеење, искрено да ви кажам дојдоа многу порано од што очекував. Ги предводи еден млад човек, необично храбар, силен, независен и доволно мудар да се справи со сите предизвици кои се попречуваат на неговиот пат, со име Христијан Мицковски и кој е лидер на младите лавови од ВМРО ДПМНЕ. Човекот, кое пред некое време ќе каже Македонија е во прашање, ни треба народот. Златно правило е од оној што бараш, нему да му враќаш. Истиот тој човек пред некое време клекна пред својот народ како што илјадници години наназад истото го правеле цареви, кралеви пред да ги крунисаат. Ако сакате и самиот Џорџ Вашингтон истото го направи што симболизира благодарност кон Господ за довербата што ја добил и ставајќи го народот високо над себе на кого верно ќе му служи.

Овој текст ви го посветувам на вас младите лавови, надеж наша незгасната.

Квинслизмот е општествено политички субсистем кој се заснова на велепредавство од група луѓе, најчесто со сомнителен интелектуален капацитет, лесно поткупливи, индивидуално неспособни кои имаат потреба од целодневен надзор од оној кој ги поставил. Владеат за себе и свои потреби и во интерес на туѓинци, спротивно на волјата на мнозинството од сопствениот народ. Владеат со терор, внесување на страв, понижување, омаловажување и негирање на својот народ. Наречен е по името на норвешкиот велепредавник Кнут Квинслинг кој потпиша пакт со Хитлер непосредно пред почетокот на Втората светска војна. Аналогно на тоа и следбениите се нарекуваат квинслинзи и тоа не само во Норвешка, туку овој израз веќе осумдесет години се одомаќини како симбол на предавство на својата татковина. Лично мислам дека тоа е малку неправедно кон норвешкиот народ, бидејќи во тоа време осумдесет проценти од денешните земји членки на ЕУ и НАТО имаа исти или слични договори со Хитлер. Меѓу нив најсмешни се државите на кои ова срамно пактирање им влегло во навика. Исти држави прво биле во капутилански пакт со Хитлер само после некое време да му се придружат со Сталин, за денес да се во НАТО, а утре кој знае со кого. Важно е да не си сам, небезбеден и гладен како што е случајот со Швајцарија. Среќна околност е што ваквите капитулански субсистеми не траат долго.

Во последно време гледаме на голема врата во историско политичката и национално идентитетска терминологија влегуваат во употреба два нови термини мејд ин СДСМ, еквиваленти на квинслизмот и квинслизите со преспановизам и преспанофили. Иако значењето им е исто штетата од овие вторите е многу поголема затоа што според епските димензии на катастрофалните последици по мојот народ се далеку поголеми и во многу нешта ги надминуваат. Преспановизмот и преспанофилите вршат директен идентитетски геноцид на македонскиот народ, не прават азиланти во државата во која сме се родиле и со апокалиптична перспектива од нас да направат бездомници.

Преспанофилите се суштества од раниот период. Тие се неразвиени безрбетници по род мекотилци, зглавкарии празноглави со фантастична способност многу брзо да се движат наназад лазејќи и помешечки, веднаш штом ќе се соочат и со најмала опасност. Тоа се сорта која е во изумирање кои немаат никаква шанса наспроти хомосапиенсот- македонецот. Тие се краткотраен шунд наспроти вечната класика, вчера дојдоа утре ќе си заминат, ќе се стопат како рана утринска слана под топлото македонско сонце. Не е никаква загуба што ќе заминете затоа што и онака на никого нема да му недостасувате. Слободата повторно ќе блесне со сиот свој сјај и затоа сега не очајувајте оти секогаш е така, пред да почнеш да ги уживаш удобностите и комфорот на слобоата мора со неа да се дружиш и кога таа значи бол, тага, самоодрекнување и саможртвување. Потоа истрајноста ќе биде стократно наградена со најпосакуваниот човечки дар – слободата.

Кога е во прашање слободата на луѓето никогаш и со ништо нема да ме замолчите. Ако сега замолчам, чувствувам дека тајните што ги носам со себе ќе ме сомелат ќе ме направат осамен, напуштен од сите и што е најтешко, посрамотен од самиот себе. Нема поголема казна од тоа.

Ова ме потсетува на една мудрост кога молела тишината , не кажувајте ми го името ќе изчезнам. Сега, наредил Заев не споменувајте Македонија треба да изчезне.

Јас не сум тишина да молам, напротив јас сум гласност и не молчам, а сум и слободен човек и не слушам наредби, особено непристојни.

Јас, како и сите вие, имам мајка која ме родила и има мајка во која сум се родил.

На мајка ми и благодарам што ме родила, а за се останато и благодарам на мајка ми во која сум се родил. Затоа и јас имам подеднаква љубов кон двете мајки како што има и други луѓе кои така љубеле.

Изминативе денови бев во мојот Охрид и насекаде видов тажни и сневеселени лица на мои сограѓани кои власта се обидува да ги направи емотивен крш, неспособни да се одбранат. Отидов дома и долго не можев да заспијам и излегов од мојот дом кој претставува непресушен кладенец на мојата инспирација и скулптор на мојот облик. Само на педесетина метри поминав покрај куќата на големиот јунак охридскиот гемиџија Марко Бошњаков. Дваесетина метри понатака е куќата на македонскиот Гарибалди, прославениот војвода Хритсо Узунов, антологиски пример за еднаква и вечна љубов кон двете мајки биолошката и родината.

Тука, лево, десно, напред, назад, погоре, подолу се домовите на Протогеров, Шанданов, Кецкаров, Шапкарев, Абраш, Бојаџиев, Шахов, Златарев, Спространов, Снегаров, куќата во која извесно време живеел и дејствувал идеологот на ВМРО Христо Матов, нешто погоре се куќите на големите војводи Чаулев, Патчев, Арсов, тука некаде живеел и Петре Пирузе, за на средина како и што прилега на неговиот лик и дело да дојдеме до куќата нивниот учител безвремениот Глигор Прличев кој направи прличевизмот да живее и денес еднакво како тогаш. За момент тука подзастанав и ако беше тој ден најстуден оваа година со минус осумнаесет степени, срцето и душата ми ја облеа необична топлина. Во тој момент се потврди она што од секогаш го знаев дека Северна Македонија никогаш нема да заживее во мене. Премногу е студена и недостасуваат емоции, нема флуид од мене кон неа и од неа кон мене.

Верувале или не сето тоа се наоѓа на површина помалку од еден хектар. Во земјите на вашите пријатели на кои им дозволивте на македонските тела да ви насадат туѓи глави, хектар површина им служи за мерење на приноси на хибридни житарици, разни репи и најчесто недозреани тикви. За разлика од нив само во Охрид на еден хектар површина црната плодна македонска земја залевана со крвта на своите чеда изнародила МАЈЧИНИ СИНОВИ, горостаси, храбри јунаци, мудри народни трибуни, преродбеници кои жестоко се спротивставувале на фанариотите, и војводи кои кога оделе, како што вели песната, калдрмите се треселе. Да не заборавиме во тој период во Македонија како мојот Охрид имаше повеќе од сто градови, со ист таков број на жители или поголеми каде исто така се раѓале честити и храбри со љубов исполнети кон Македонија мајчини синови.

Преспанофили, таква нација не може да изчезне вие не можете да бидете субститут на мојот народ. Светот ќе тагува по Македонија и по македонскиот народ, затоа што и се сеуште потребни. Кај нас има уште многу вредни дарови што мојата татковина треба да ги сподели со сите народи на плаетава земја, бидејќи Македонија и припаѓа на целиот свет. Светот нема да биде ист без Македонија.

Од кога ќе го поминеш сето ова и ќе се насладиш со врвни патриотски чувства и дарови, е тогаш ќе те обземе чувство дека со тие јунаци можеш и да разговараш. Тие не бараат да бидеме како нив. Искрено не ни можеме. Нивните пораки се јасни и недвосмислени. Доволно е да не почитувате нас, да го продолжите нашето дело, да не се откажувате од нашата идеја и да имате пиетет кон нашата загубена младост и саможртва. Тогаш ќе бидете подобри од нас, ние ќе се радуваме што нашите наследници не надраснале во секој поглед. Немој да го трошите она што ние го спечаливме, плаќајќи го со највредната цена и вас ви го дадовме како наследена сопственост и духовен имот, да го раскрчмувате бесплатно. Ние се боревме да направиме држава, вие сте должни заради нас, заради вас и заради идната генерација да ја сочувате. Гледате, не треба многу, ама и не е лесно и не е така едноставно изводливо, но доволно е секое утро кога ќе се разбудите да се потсетите на нивниот завет за да не се посрамотите пред себе и пред другите.

Преспанофили! Неговото височество пресврт неминовно доаѓа, вие ќе заминете, ние нема да ве осудуваме, ама срамот за навек ќе си го носите со себе.

П.с. Јас не сум против ЕУ и НАТО, но сум реалист и немам премногу очекувања затоа што знам држава која со предавство на елита, а без никакви спроведени реформи и демократски принципи влегува незаслужено во ЕУ и НАТО никогаш нема да биде рамноправна со останатите членки.

1974 година бев мобилизиран да ја бранам Далмација и Истра од фашистичките апетити за нивно припојување кон Италија. Денес Италија и Хрватска навидум се рамноправни членки на ЕУ и НАТО и повторно закоравениот неофашист Тајани прави иста провокација. Се прашувам третата провокација какви последици ќе има по Хрватска?

Нобеловата награда за мир пред дваесетина години ја споделија Јицак Рабин и Јасер Арафат за мир воспоставен помеѓу израелците и палестинците кој не беше по терк на интересите на двата народи, туку како што им одговараше на нивните покровители. Можеби ќе ви е чудно лично ги познавав и двајцата и тврдам дека беа меѓу петте најинтелегентни луѓе во светот и ја заслужија Нобеловата награда. Нобелова награда добија, мир не видоа, кратко се радуваа, војната продолжи. Палестина денес е две светлосни години подалеку од сопствена држава од тогаш. Дури никој не и го споменува името и е разделена на две територии, Газа и Западна обала.

Сево ова колку за потсетување и да не се заборави.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.