Алдо Климан

Шарениот „месијанизам” на Зоран Заев дефинитивно потона во целосно ментално бунило, а самиот тој и неговата гротескна квислиншка клика неповратно се изгубија во сопствениот ЕУ и НАТО мистицизам, при што за нив Европската Унија е нова Света Земја, НАТО милитаризмот нова Света Религија, европските и американските политичари нови Свети Евангелисти, нивните амбасадорчиња нови Свети Апостоли, нивните „мислења” – нова Света Книга… а Македонија ја нема никаде.

Во таа виртуелна идолопоклонска ЕУ и НАТО фреска, пред тие неприродни, пластични, нераспадливи, однатре празни и надуени нови „божества”, кој ничкум, кој паднат на коленици, се молат „заевските нововерници”, опиени од „пуста надеж” што, по цена на краен саморезир и самоодречување, им ја влеа морбидната заевска политичка содомија со своите лигави, отровни ветувања и подмолни шиштења со расцепениот јазик, претворајќи ги тие кутри, заблудени и цинично злоупотребени невини човечки души во обневидени фанатици и следбеници на неговата и национално и хуманистички суицидна, велепредавничка, политичко-криминална секта. О, само да знаат колку бедно, колку неприродно всадени во просторот, и колку бескрајно изгубени во вселената делуваа на Мечкин камен следбениците на таа од народот и од нацијата отпадната „секта северни белокапци”, отсекаде прибрани и со автобуси „депортирани” во Крушево на техничкиот заевски митинг!

Прашањето за влегување во ЕУ и во НАТО беше и сеуште е нулто прашање на импортираната заевска месијанско-содомиска доктрина, доктрина на која требаше да ѝ се жртвува, и на која ѝ е жртвувано сѐ што е македонско. Зашто доктрината си е доктрина, и кога ќе се дотурка до тоа таа да стане „единствена можност”, единствено правило, единствена форма на мислење и на живеење – тогаш веќе од неа не може да се оди ниту чекор понатаму.

Доктрината ги заробува умот и душата, таа го заробува општеството, и не дозволува никакво слободно, поинакво мислење и оспорување на нејзините „вистини”. Затоа, како и во сите тоталитарни системи, таа станува безобѕирно агресивна, насилна, и настојува со сите репресивни сили и средства, инквизициски, до искоренување на сѐ што ѝ се спротивставува и што ѝ стои на патот, да се наметне како единствен и недопирлив Супер-Закон.

„Доктрината”, вели Херцен, „го исклучува сомневањето. Сомневањето е отворено прашање, доктрината е затворено, решено прашање”.

За ЕУ и за НАТО „случајот Македонија” мораше да биде конечно „затворено, трајно решено прашање”, без какво и да е „сомневање” во исправноста на сето тоа, и без какви и да е други отворени нешта. Тие решија да одат до крај. Тоа беше и остана единствената нивна непоколеблива доктрина. А тоа можеше да се реши само со супермистификација на проблемот и со супермитологизирање на оние организации и на оние ликови што тоа прашање требаа беспоговорно да го „затворат”, па и со невидени, насилни, криминални и хибридни терористички методи (ЕУ, САД, НАТО, и суријата велепредавници: Заев, Димитров, Шекеринска… а за големоалбанските „лидери”, со нивните непоколебливи тирански агенди, Ахмети, Џафери, Османи, Груби… и да не зборувам).

Доктрината е врвна точка на секоја мистификација и на секој мистицизам. Мистицизмот, пак, верски, идеолошко-политички, етнички и каков и да е друг, опстојува исклучиво врз своите крути и неменливи доктрини, секогаш вообличени во кратки, застрашувачки и заканувачки формулации, со сила и значење на божји заповеди. Мистицизмот, па така и „заевскиот евроатлантски мистицизам”, подразбира слепо верување, верување во ветувања, верување во ништо опипливо и конкретно, верување во нешто сосема маглено и нејасно, верување во апстракции и невидливи и недопирливи идоли, верување заради верување, верување во ветер на магла, верување во голи доктринарни фрази.

Доктрините на „ветер на магла мистицизмот на ЕУ и НАТО”, најсурово применети врз Македонија, на македонскиот народ крајно агресивно, гебелсовски пропагандно му беа пласирани од страна на евроатлантските „Евангелисти” и ”Апостоли”, и од разноразни соседни, грчки, бугарски, албански и домашни „политички свештеници”, во форма на кратки, ступидни, подмолни, антицивилизациски и антидемократски твитови/заповеди и етикети од типот:

– демократијата мора малку да се поттурне кон напред (државен удар)

– промена на името или изолација (референдум)

– примена на балкански методи (менување на името и идентитетот)

– октроиран народ и октроирана држава

– народ без идентитет и без сопствена историја

– „ваша земја”, „ваш народ”

– северна земја

– невеста што треба да прифати друго/туѓо (през)име

– …

Со тие црни фашистички доктрини, пароли и понижувачки „давидови ѕвезди” на челото на секој Македонец, секојдневно, секоја минутка и на сите страни пласирани од „ЕУ и НАТО Црквата”, во име и во интерес на тој и таков „ЕУ и НАТО мистицизам”, Заев и неговата безобѕирна банда истомисленици, како најправоверни ЕУ и НАТО „свештеници”, доследно и со вртолумна хистерија, до распаметеност ја индоктринираа својата верна шарена „паства заевски мистици”, жртвувајќи ја Македонија на олтарот на ултимативните и уценувачки туѓински интереси и посегања, причестувајќи се обредно со македонската национална „крв” и со македонското национално „тело”.

Идиотскиот, кретенски „говор” на Заев на Мечкин камен така сликовито и до крајност ги одрази неговото лично бунило, ментално растројство и распашаната политичка содомија. Тој „говор” на еден ординарен глупак и аналфабет, самозаљубен во својата психо-интелектуална исколченост и поместеност, беше типичен синопсис/катихизис на заевскиот „северџански ЕУ и НАТО мистицизам”, наменет како опиум на заглупената „секта северни белокапци”, единствени, најретки примероци на човечката врста во светот, кои Лудилото, отелотворено во нивниот орвеловски „лидер во Регионот”, го доживуваат како чудесна „Објава” на новиот, „северен”, „ЕУ и НАТО Свети Дух”. А сите други, и дома и во светот, слушајќи го, плачеа или на таа беда ѝ се „смееја” низ горчливи солзи и со стегнати тупаници!

Северџанскиот Кретен, нашиот најстрашен непростлив национален Срам, мора да си оди и, сакал-несакал, ќе си оди! Тој може уште некое време да смета и да се повикува на своите грчки, бугарски, албански, евроатлантски и други „пријатели”, но, како што вели Матош, „и пријателствата ʼрѓосуваат”.

Од друга страна, ужасно застрашува тоа што проблемот со „божескиот” ЕУ и НАТО мистицизам, еднаш раширен и вкоренет во Македонија, и натаму останува присутен, а воспоставените и бетонирани „догми” и натаму ќе бидат апсолутно „затворени и конечни”. Во Македонија, и особено меѓу водечките политички партии и нивните поистакнати челници (со ретките исклучоци на некои помали конзистентни партии и некои поединци), претставата за ЕУ и за НАТО не само што е слична, туку е и сосема идентична. И за едните и за другите, политичките „елити” од ЕУ, од САД, од соседните „пријателски” земји, разни Столтенберзи од НАТО и едикојси амбасадорчиња, се длабоко почитувани и пожелни појави и фигури, со кои е „гламурозно”, зад затворени врати, по партиските кабинети или по амабасадите, да се игра некаква голема политика, да се разговара „плодно и исцрпно, за европскиот пат на земјата, за демократските процеси, за реформите” и за којзнае што сѐ, што останува под превезот на нивните „дипломатски дискрециски тајни”, или пак оттаму информациите до јавноста допираат само во вид на неколку реченици штури партиски соопштенија, и со по една-две фотки со кисела вода на масата. Но тоа е многу евтина, лоша, толкупати видена и крајно здодевна политичка театарска претстава! Dejà vu! Dejà vu!

Се прашувам во што, во кои (макар и најмали) детали се разликуваат гледиштата и ставовите на двете најголеми политички партии, кога станува збор за нашите безочни ништители ЕУ, САД и НАТО? За жал, во ништо! Едноставно, не постои никаква видлива, автентична разлика, ниту политичка, ниту филозофска, ниту практична, ниту емотивна. Евидентна е само една голема безидејност и премаленост на секоја слободарска мисла и став, и целосна подготвеност на иста сервилна подложност кон „надворешниот фактор”, кога ќе дојде времето да се сменат улогите. А јас, парафразирајќи го Наполеон, ќе речам: на тие туѓински натрапници Македонија им е потребна само како војнички и работен логор, а не како модерен, слободен, национален демократски форум и независен државно-правен и политички субјект!

На сите ни е јасно дека кога северџанскиот Кретен ќе отиде, зад него ќе ни остане само една страшна државна, правна, стопанска и финансиска урнатина од Република Македонија, но многу, неизмерно се лаже секој оној што сериозно претендира по него да заседне на власт дека Македонија кога и да е економски и општествено, онака како што треба, ќе се опорави и вистински ќе се поткрене, доколку не се опорави и доколку не закрепне морално, доколку не заздравее и општонационалниот дух и општонационалното достоинство, по сите страшни газења и понижувања, внатрешни копачења и растурања на народот по партиски и етнички основи, по сиот безобѕирен корупциски грабеж, но и грабежот од страна на соседите и трагичното своеволно самоодречување од сопственото национално-историско и културно минато, јазикот и името, што ги доживеаја македонскиот народ и целата македонска нација во ова црно, во ова мрачно време во кое Заев сееше само Лудило а ние жнеевме само Пелин.

За жал, не гледам такво лице, не гледам таков Лик што енергично, суверено и уверливо ќе се извиши, ќе се исправи и јавно, без влакна на јазикот, пред народот и во името на народот, охрабрувајќи го во внатрешната национална обнова, решително ќе ја демистифицира сета подмолна предаторска политика на тнр. „меѓународна заедница” што безочно ѝ се нафрли на Македонија за да ја разурне и да ја поништи, не гледам лидер и државник што недоделканите амбасадори ќе ги врати во нивните амбасади, кај што им е местото, и јасно ќе им даде на знаење веќе да не се мешаат во политичкиот живот на државата, човек што недвосмислено и прагматично ќе тргне кон енергично возобновување на пребришаниот државен и национален суверенитет и кон враќање на историското име на македонскиот народ и на Република Македонија. За остварување на таков државнички и политички релевантен потфат не се доволни само млаки предизборни „победнички” зборови упатени кон политичките противници во интервјуата по порталите и во официјалните партиски соопштенија, па така нема да биде доволно дури ниту тоа што можеби, но засега само можеби, изборно ќе биде победен оној што политички веќе тотално се самопоразил, и на „победникот” му го отстапил испразнетото и на секој начин разнебитено и избербатено место.

За вистински лидер и државник на чело на Република Македонија ни е потребна крупна, оригинална, општоприфатена и општопрепознатлива, смела политичка фигура, која, меѓу другото, нема да се држи цврсто и исклучиво само за скутот и за името на својата матична партија, со нејзините јасно дефинирани членски габарити и гласачки капацитети. Зашто без апсолутна изборна победа за која се потребни „сите” – сѐ ќе си остане сосема исто, или дури ќе биде и уште полошо.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.