Михајло Маневски

Зоран Заев и СДСМ не почитуваат ниту една одредба од Законот за донации и спонорства

Што се случува во Струмица? Се отвара ли нов криминален партиски РЕКЕТ на Зоран Заев и СДСМ? Дали се работи за донација или за тешка рекетарска криминална манипулација со политичка цел и подкуп на избирачи од големи размери. Јавноста со денови се држи во заблуда за некаква хуманирарна помош со политики мотиви и од сомнителни извори на средства. Ќе излезат ли на виделина парите од РЕКЕТ или е ова нов Струмички политички финансиски РЕКЕТ од многу големи размери со огромни штетни последивци?

На потег е Јавниот обвинител Љупчо Јовевски и обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Тие се должни да ја извршат службената должност. Зошто сеуште молчат?

Донациите и спонзорствата се уредуваат со Закон

Донациите и спонзорствата се уредуваат со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности од 2006 година, кој е четири пати е изменуван и дополнуван. Целта на измените и дополнувањата била насочена кон поттикнување на донациите и спонзорствата и со даночните олеснувања, тргнувајки од нивното значење, и од насоките на надзорната расправа во Собранието на РМ од 2010 година за примената на овој значаен закон.
Во вонредната состојба, прогласена поради корона епидемијата, Владата на РМ на 16 април 2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во време на вонредна состојба. Донесени се и повеќе подазаконски акти за примена на Законот, како што се Правилникот за формата и начинот на издавање на писмена потврда за донации во јавните дејности и за даночни олеснувања, Извештај за донацијата и пропишани Обрасци за даночни олеснувања од УЈП.
Тоа е легислативната рамка со која се уредени донациите и спонзорствата, со која се утврдуваат гаранции и обврски на давателот и примателот на донацијата и за утврдување на јавниот интерес. Легислативните норми се пропишани за унапредување, но исто така тие се брана за спречување на злоупотреби и остварување на криминални мотиви.

Со Законот се уредени предметот, целите и јавниот интерес на донацијата

Според членот 3 став 1 т. 1 од Законот, донација е доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот на донацијата. Донацијата може да биде дадена само за цели од јавен интерес или за поддршка на активности на примателот од таков карактер.

Јавниот интерес се дефинира како поддржување или промовирање на дејности во областа на заштитата на човековите права, промоција на културата, етиката, спортот образованието, науката, социо-хуманитарните дејности, заштитата на животната средина, развојот на граѓанското општество, промоција на меѓународната соработка и други дејности утврдени согласно член 3 точка 4 од Законот.

Предмет на донацијата, можат да бидат финансиски средства, секаков вид добра и услуги, материјални добра, сопствено произведени или набавени. Предметот на донацијата мора да биде во согласност со дејноста на примателот на донацијата. Предмет на донацијата не можат да бидат добра и услуги чиј промет е забранет со закон.

Целта на донацијата е остварување, унапредување, промоција и поддршка на дејностите од јавен интерес. За донацијата секогаш е домимнантен јавниот интерес. Донација се дава на примателот на донацијата со цел да се задоволат неговите декларирани, јавно утврдени потреби и цели и/или да се решат одредени состојби и проблеми.

Договор за донација

За предметот на донацијата, давателот и примателот на донацијата склучуваат договор во писмена форма, согласно со Законот за облигационите односи. Договорот за донација се склучува помеѓу давателот и примателот на донацијата.

Според членот 6 од Законот, давател на донација може да биде домашно и странско физичко и правно лице. Давател на донација и спонзорство не може да биде физичко и правно лице чие дејствување не е во согласност со Уставот и законите на Република Македонија и со меѓународните договори.

Примател на донација, според членот 7 може да биде домашно правно лице. Како примател на донација може да биде и странско правно лице кое има непрофитен карактер за остварување јавен интерес во друга држава во случаите на елементарни непогоди, природни и хуманитарни катастрофи. Примателот на донацијата станува сопственик на донацијата и ја користи исклучиво за намената определена во договорот за донација.

Договорот за донација, според член 18 од ЗОО е склучен кога договорните страни се спогодиле за суштествените состојки на договорот. Договорот е склучен во момент кога понудувачот ќе изјави дека ја прифаќа понудата. Договорната обврска мора да биде возможна, дозволена и определена. Кога предметот на обврската е невозможен, недозволен, неопределен или неопределив, договорот е ништовен. Тоа се елементите што мора да ги има и договорот за донација.

По исклучок, според членот 4 став 2 од Законот, кога примател на донација е здружение или фондација која се стекнала со статус на организација од јавен интерес согласно со Законот за здруженија и фондации или кога примател на донација е здружение или фондација која согласно со основачкиот акт е основана за конкретна финансиска поддршка во врска со јавен интерес утврден со закон, може да не се склучува договор во писмена форма.

Во таков случај основ за даночно поттикнување ќе се смета извршената уплата на финансиски средства на посебна трансакциска сметка на примателот на донацијата за таа намена, и тоа од моментот на упис во регистар на здружение или фондација согласно со закон до конечното остварување на јавниот интерес.

Постапка за утврдување на јавен интерес

Министерството за правда согласно член 21 од Законот е надлежен огрган за утврдување на јавниот интрес на донацијата. На барање за потврдување на јавен интерес поднесено до давателот или примателот на донацијата, Министерството за правда издава решение со кое го потврдува јавниот интерес на дадената донација или спонзорство. Кон барањето за утврдување на јавниот интерес задолжително се приложува

Договорот за донација.

Во случај кога како примател на донација е здружение или фондација која се стекнала со статус на организација од јавен интерес се приложува основачкиот акт на примателот и решение за стекнување на статус на организација од јавен интерес стекнат согласно со Законот за здруженија и фондации и тековна состојба на примателот издадена од Централниот регистар на Република Македонија, не постара од шест месеци.

Министерството за правда во рок од 15 дена од добивањето на мислење од институциите од областите за кои се однесува донацијата, издава решение со кое го потврдува или не го потврдува јавниот интерес за донацијата или спонзорство. Тоа се законските одредби, а што се случува во практиката?

Дрска криминална манипулација на Зоран Заев

Сето она што се случува во Струмица во врска со таканаречената хуманитарна помош е само дрска манипулација на Зоран Заев и СДСМ и тежок криминал од големи размери. Нема ниту едно дејствие што е преземено да е во согласност Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Ништо не е во согласност со Законот и со подзаконските акти. Тоа се тешки криминални злоупотреби и непочитување на одредбите од Законот. Ова уште повеќе, што сето ова се случува во време на вонредна состојба поради корона епиденијата која се злоупотребува за политички цели.

Има ли договор за донација во случајот? Договорот за донација согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности е облигаторен. Ако има таков договор кои се договорните страни и кога е склучен таков договор? Договорните страни мора да бидат наведени во договорот, кој мора да ги има сите елементи според Законот за облигационите односи.

Кој е давател на донацијата, кој е донатор?

Во јавноста како донатор се прикажува “Семејството ЗАЕВИ”. Кое семејство Заеви? Семејството на Зоран Заев како донатор или сите семејства кои се презиваат Заеви? Семејството е дефинирано со закон како семејна заедница која се состои од брачен другар или од родители и нивните деца кои не се во брак. Според членот 2 од Законот за семејството, семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство. Ако е семејството на Зоран Заев како донатор или сите семејства Заеви, сите поименично треба да бидат наведени во договорот, а таков договор нема. Нема никаков договор.

Кој е примател на донацијата?

За тоа кој е примател на донацијата, сè е завиткано во лаги и манипулации. Но, од фактите неможе да се избега. Кој ги набави стоките што се пакувани во картонски кутии и се делени на лица на улица во близина на домот на Зоран Заев на 4-ти април и на 5-ти април во Муртино и Банско?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.