Алдо Климан

* * *

Македонија, Гоце и Илинден не се само имиња. Македонија, Гоце и Илинден се состојба на духот на македонскиот народ.

* * *

На Хирошима и Нагасаки се фрлени атомски бомби. На Република Македонија е фрлен Зоран Заев.

Атомските бомби ги разурнаа Хирошима и Нагасаки. Зоран Заев ја разурна Република Македонија.

Хирошима и Нагасаки се опоравија и пак се кренаа на нозе. И Република Македонија ќе се опорави и пак ќе се крене на нозе.

Хирошима и Нагасаки ги возобнови јапонскиот народ. Република Македонија ќе си ја возобнови македонскиот народ.

Денес цел свет се срами од злото што му е нанесено на јапонскиот народ со бомбите фрлени на Хирошима и Нагасаки. Така цел свет ќе се срами и од црното зло што на македонскиот народ и на Република Македонија им го нанесоа големите сили со својот злосторнички велепредавнички извршител Зоран Заев.

* * *

Македонски народе, „никој не може да ти го чуе лелекот додека главата ја држиш забиена во песок” (народна поговорка).

* * *

И уште една поука од малиот, мудар народ Черемиси:

”Во шумата има бели брези, високи борови и елки, а постои и ситна смрека. Господ ги трпи сите и не ѝ вели на смреката дека мора да стане бор. Така и ние меѓу себе сме си како шума. Вие бидете бели брези, ние ќе си останеме смреки, а своите свети нешта нема да ги изневериме” (според Херцен).

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.