Пред некој ден, врвејќи покрај едно основно училиште застанав восхитен од детските гласчиња кои со духовна милозвучност но и вдахновена решителност детска но многу поучна и со јасни пораки, песна која никого не може да го остави рамнодушен.

ЕЈ, ТАТКОВИНО е песната која ми ја разгали душата, ми го исполни срцето и од радост ме фрли во занес што одамна не сум го почувствувал со таква страст.

Како секоја патриотска и родољубива песна и оваа ги содржеше трите најважни сегменти кои се неопходни за да се смести во тој жанр.

Прво: Неопходно е во содржината да се најдат историски и географски специфичности што татковината ти ја доближуваат до тебе како нејзин син.

Второ: Висок степен на искажување, изблик на љубов и лојалност кон татковината.

Трето: Мелодичноста се црти од народниот фолклор МАКЕДОНСКИОТ лесно певлив и исклучително сугестивно навлегува во чувствата и на оние кои пеат, но и тие кои слушаат.

И, сé до тука беше величествено.

Дефектот, побргу би рекол хаваријата се случи кога едно детенце излезе од завршниот час и сето озарено, среќно и задоволно му се пофали на својот татко, познат шарен “револуционер“ и денес висок функционер од власта, дека денес сите радосно пееле за ТАТКОВИНАТА.

Таткото видно строго “револуционерно“ го праша своето синче:

За која ТАТКОВИНА пеевте?

За МАКЕДОНИЈА, одговара детето.

Таткото шарен, видно разочаран го прашува синот и веднаш одговара:

Знаеш ли што е ТАТКОВИНА и продолжува:

ТАТКОВИНА е куќата на твојот татко.

Тогаш како се вика мојата татковина?

Веселин Маслеша бр. 12, така се вика мојата татковина.

Но, татко ние имаме две куќи во Скопје и една во Соње, значи ли дека јас имам три татковини.

Синчето упорно продолжува: Татко, Матеј од моето одделение и неговата помала сестричка Ана немаат куќа и живеат под кирија. Дали тоа значи дека Матеј и Ана немаат татковина, или сакаш да ми кажеш дека Лука кој од Кисела Вода се пресели во нова куќа во Тафталиџе сега има нова татковина?

Оваа интересна претстава која се одигруваше пред стотина родители, баби и дедовци и ученици нагло беше прекината од една мала група насилници облечени во црвени елечина и ја пееја познатата ДЕТСКА песна:

Јас ќе ти купам црвено елече

Таче татино, Таче татино,

Ти да го носиш, јас да те гледам

Таче татино, Таче татино,

Таче татино ЌУРКА шарена искубена.

После оваа глетка сите безглаво се разбегаа плашејќи се од овие насилници да не им го одземаат скриениот доручек од сува проја. За учебниците не се грижеа. Учебници и така немаат со години.

Зборот ми беше: Секогаш кај народот МАКЕДОНСКИ достоен и честит се појавувале и вакви “архитекти“ кои се обидуваат да го месат и обликуваат народот со лаги или со сила, но не΄рѓосувачката компонента, цврста, светла, никогаш не прави легури со неблагородни метали, ги отфрла и сам си се доведува во ред.

Исто така умешно, сугестивно како што синчето мало, голем родољуб и патриот го суреди и доведе во ред својот татко шарен, на кого не му верува повеќе на неговите лаги.

На крај да не бидам надвор од настаните и времето.

Голема ѓурултија се крена со споменикот на нашиот познат револуционер, близок соработник на великаните ГОЦЕ, ДАМЈАН, неустрашливиот АНДОН ЈАНЕВ ЌОСЕТО и обезбедување на локација.

Ево, јас Ламбе Арнаудов, кој со гордост го носам името на мојот дедо познат илинденец, револуционер, терорист и анархист, соборец и близок пријател и другар на ЌОСЕТО се понудувам да го поставам споменикот во мојот двор на улица Петре Чаулев бр.18 во Охрид, што е моја адреса и е само дел од ТАТКОВИНАТА.

МОЈАТА ТАТКОВИНА е МАКЕДОНИЈА.

И не само Охрид, не само Република МАКЕДОНИЈА, туку и БЕЛОМОРИЕТО, ПИРИН. Сé заедно е све кога е ЦЕЛО. ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.

Имам два килибарни чубуци со седефести дршки, уште е чувам тепсијата за дробен тутун, чоканчината за ракија па нека прават муабет за НЕОЛАТА (неволја) односно сé уште живата рана незатворена, отворен прозор низ кој навлегува љубовта за МАКЕДОНИЈА.

ТИЕ нека разговараат, ние да слушаме, сé уште имаат што да нé научат.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.