Ламбе Арнаудов

Пред дваесетина години “Климе“ од К-15 се поигруваше со мене и напиша  дословно: за да бидеш директор на ЕСМ најважно е името да ти кореспондира со професијата, Ламбе – електрика, следствено јас сега додавам:

МАКРО(Н) – подведувач на политичка проституција.

Кај мене се заменува задната буква “Е“ со “А“, а кај тебе се бриши буквата “Н“ и исти сме.

Затоа, не ме чуди оваа твоја безобзирна агресија врз мојот народ и татковината наша МАКЕДОНИЈА со крајна цел за нивно уништување и бришење од светската мапа на народи и држави. Па те прашувам, ЗОШТО?

Ако си толку голем државник, се грижиш за човекови права, правда и праведност, зошто се нафрли на една мала земја, мало девојче, невино, и им ја препушти да се изживуваат врз неа политички педофили и тешки неурамнотежени личности и пијандури.

Веројатно затоа што имаш голема почитувана држава зад себе, ама ти си МАЛ ЧОВЕК кого го маваат неговите незадоволни граѓани со јајца и патлиџани.

Да беше чесен како што се претставуваш требаше она што го побара од македонскиот народ да го отстапи на Бугарија, за да бидеш ГОЛЕМ ЧОВЕК, зошто по ист принцип на твојот пријател Зеленски ме му препорачуваш да ги прифати сите услови што ги бара Русија, да го спречиш крвопролевањето, разурнувањето, гладот, енергетската криза, отпуштањето работници, здравствената загрозеност, сиромаштијата до степен на мизерија.

Со еден збор, најтешката светска апокалипса во последниве 70 години. МАЛ СИ.

Сега доаѓаме до клучното прашање. Зошто поддржуваш фашизам во срцето на Европа, и зошто се обидуваш од петни жили да го оправдаш и да го отераш во заборав окупаторско-фашистичкото минато на Бугарија, земја членка на ЕУ.

Одговорот јас ќе ти го дадам. Гајле ти е тебе за Бугарија. Застанувајќи зад неа се обидуваш да ја замаглиш вистината дека сите членки денешни во ЕУ, сите бевте фашистички и им клечевте на Хитлер освен Англија која сега е надвор од ЕУ и МАКЕДОНИЈА која по сé изгледа никогаш нема да биде ваш содружник.

Претседател си на ПЕТТАТА ФРАНЦУСКА РЕПУБЛИКА најдиректно создадена од Шарл де Гол кој беше еден од ретките антифашисти од тогашнатаелита предводена од францускиот КВИСЛИНГ како самиот француски огорчен народ го нарекува маршалот Петен.

ШАРЛ ДЕ ГОЛ, големиот патриот, француски јунак, автономен лидер со врвен имунитет за одбрана од секакви влијанија негативни за демократски определен праведен и хуман почитуван народ.

Беше згрозен од одлуката на предавничката профашистичка власт која симболично капитулира во истиот вагон во кој ја принудивте 1918 година на капитулација Германија и Хитлер ве понижи со тоа што побара од предавникот Петен а тој со двете раце прифати, внимавајте: Сите трошоци што германската окупаторска војска ќе ги направи во Франција, ќе ги сноси предавничката влада на Петен, од јадење, пиење, облекување, снабдување со облека, оружје, муниција, одржување на инфраструктурата до шампањ, кавијар и куртизани. Сé на грбот на слободниот и демократски француски народ. Направи споредба како се чувствуваше твојот народ тогаш, чии претседател си сега, со чувствата на македонскиот народ од сé што му се случува деновиве за кои најзаслужен си ти и сé ќе ти биде јасно.

Прости ми, знам дека е тешко тебе и сурово од мене, но зошто кон МАКЕДОНЦИТЕ постапуваш исто. Бугарија ќе печати учебници, ние ќе ги плаќаме. Биди ДЕ ГОЛ зошто убеден сум дека не си Петен ама да бидеш еднаков пред сите и за сите, не ДЕ ГОЛ за Французите, а Петен за МАКЕДОНЦИТЕ. Нели ќе бидеме рамноправни во ЕУ, ако некогаш до тоа дојде.

Политичарите тогашни, без да ги прашаат и почитуваат своите народи кои не се согласуваа со нив, со КОНСЕНЗУС клекнаа пред Хитлер и сега со КОНСЕНЗУС (најголемата демократска замка и лага) одлучувате за бришење на народи и држави.

Можеби има нешто што на нас МАКЕДОНЦИТЕ не можете да ни го заборавите. Ама барате помирување и нé враќање во минатото, башка што за тоа немате право, тоа не беше вперено против вас.

Ако се држеа до вашиот став на незаборав на одредени историски настани тогаш многубројнинароди населени на десетици, десетици милиони квадратни километри низ Африка, Азија и двете Америки треба, имаат далеку повеќе право и резигнација кон вас за сéона што своевремено го доживувале, секако далеку од пријателско и чесно.

Сакам да кажам дека искажувам огромно почитување кон слободољубивиот француски народ, ниту една забелешка не се однесува за пријателите граѓани од Франција освен за човекот МАЛ кој се надевам ќе се трансформира, ќе порасне во ГОЛЕМ и ќе го промени своето мислење и став за МАКЕДОНЦИТЕ.

На крај сепак ти не си најлошото што ни се случи деновиве нам МАКЕДОНЦИТЕ.

Тоа се да ми простите на израз најомразените микроби народски наречени ПИЦАЈЗЛИ, се сместуваат во репродуктивните органи кај мажите и жените и ако не ги уништиш нив, тие ќе ти го уништат вашиот род и пород.

За среќа заради вашата лакомост и удобно сместување скокнавте и се преместивте кон поголемите. Се ослободивме од вас.

Еден доктор советување: За да се ослободите од ПИЦАЈЗЛИ едноставно земете огледало за шминкање кое зголемува ставете го пред органот кај што се вгнездени, кога ќе видат поголем ќе скокнат таму и вие ќе се излечете.

Вчера вие ПИЦАЈЗЛИТЕ скокнавте кај поголеми м…ња и го ослободивте честољубивиот македонски народ од вашето досадно чешање и загрозување на репродуктивната моќ наша за да не нé донесете до конечно исчезнување.

Ама тие со “големи“ не трпат такви ПИЦАЈЗЛИ, ќе ве исчистат со отров и ПИПС и ќе се куртулиме од вас и ние и тие кои ќе ја завршат работата место нас. ПИЦАЈЗЛИ никој НЕ САКА.

На крај најголем изум во историјата не е Теоријата на релативитет на Ајнштајн, ниту Законите на Њутн, квантната теорија на Макс Планк, изумите на В.К. Рентген, Илон Маск, Безос, Дајмлер, Тесла, Едисон и други без оглед на нивните епохални откритија кои го облагородија животот на луѓето за што симнувам капа и се поклонувам и изразувам најдлабока благодарност за сé што направиле за човештвото.

Најголем изум е ВМРО, денешна персонификација во ВМРО-ДПМНЕ. Создадена покрај другото и на ЕВАНГЕЛИЕТО со БОЖЈА ПРОМИСЛА и кон предодредени и одбрани синови на МАКЕДОНИЈА заветна со идејата за вечна борба, одбрана, заштита и опстанок на македонскиот народ и МАКЕДОНИЈА без застанување, сплотени во вечна симбиоза ВМРО, сегашно ВМРО-ДПМНЕ, заколнати за вечно заедничко патување низ времето и просторот. Тоа никој не може да го запре. Се обидувале, ЗАЛУДНО.

Тоа е најсветата жртва пред олтарот на мајка МАКЕДОНИЈА и највозвишена цел што еден МАКЕДОНЕЦ може да си ја постави пред себе, без никогаш да ја преиспитува својата совест и да заработи благодарност од ГОСПОД.

Затоа народе мој македонски бидиспокоен, вчера со право тоа ви го порача најголемиот лидер кој во поново време го има МАКЕДОНИЈА, искрен, чесен, храбар, задоен со неуништливиот дух македонски, најголемиот македонски ТРИБУН ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ. Му веруваме сите затоа што го знаеме. Сé што ветил, сé остварил. Со ХРИСТИЈАН ќе ја биде и МАКЕДОНИЈА.

Изразувам и најдлабока благодарност и восхитеност кон пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која три дена се бореше со најсилен, надмоќен непријател организиран во Алијанса од силни држави против малобројниот но ГОЛЕМ македонски народ, го бранеше и го одбрана.

Го придоби својот обесправен народ на своја страна со својата чест, родољубие, патриотизам и искрени настапи.

Најубавото на крај за најдоброто.

За НАРОДОТ кој во моментот на изјаснувањето на НЕнародните пратеници гласно ридаше, плачеше и ронеше крвави солзи за својата МАКЕДОНИЈА:

НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ! НЕ ОЧАЈУВАЈ МОЈ НАРОДЕ!

Душмани,закоравени паразити за разболеа МАКЕДОНИЈА и ја легнаа на претсмртна постела. Ќе оздравее.

Најдобриот конзилиум составен од доктори експерти веќе почна да ја лекува и ќе ја излекува, ќе оздрави МАКЕДОНИЈА, посилна од кога било во историјата.

Ќе ја излекува најдобриот доктор НАРОДОТ.

П.С.

До бугарскиот народ!

Дваесет години пред вас ги исполнивме комплетно сите критериуми, начела, правила и услови за безусловен влез во ЕУ. И, ако имаше барем малу праведност од Европа тоа и ќе се случеше. Тогаш ние Македонците без никаква задршка и услови и условување ќе ве внесовме вас Бугарите во ЕУ.

ЌЕ ЗГРЕШЕВМЕ!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.