Макијавелизам е поим во психологијата каде лицето има склоност да ги мами и манипулира другите со цел да постигне некоја лична добивка. Овој концепт е инспириран од ренесансниот политиколог Николо Макијавели, поточно од неговото дело „Владетелот“, од кое подоцнежните мислители ја имаат изведено максимата: „Целта ги оправдува средствата“. Но кога е доведена во прашање безбедноста и здравјето на граѓаните тогаш апсолутно не постои никакво оправдување.
На Заев, макијавелизмот му е софистицирана цртка на личноста. Ја карактеризираат: дволичност, емоционална смрзнатост, манипулација со другите за постигање свои себични цели, ниска емпатија и екстернализација на вина. Се служи со искористување на другите, со давање на пари, продукти и функции, според принципот: подобро да манипулираш, отколку да те манипулираат. Сега со истите тие манипулации полни со парадокасалност и недоречености, Заев како лидер на владејачката партија бара брзи избори во време кога сеуште имаме двоцифрен број на заболени од коронавирусот секојдневно.
Некрофилската политика на порази и предавства карактеристична за хибридниот режим тенденциозно продолжува на штета на граѓаните дури и во време на најголемата здравствена, финансиска и економска криза. Заев и неговите заевисти, наметнувајќи ја идејата за брзи предвремени избори само ја потврдуваат нивната незрелост како политичари кои пред се и на се во фокусот го ставаат личниот интерес.
Факт е дека се што прави власта под диригентската палка на заев е лага и предизборна кампања, а не грижа за населението. Ако тие воопшто се грижат за граѓаните во вакви услови не смеат да помислуваат на брзи избори додека не се стабилизира целокупната ситуација. Ситуацијата со која се соочуваме деновиве во однос на бројот на заболени од коронавирусот само ја демантира власта, но ја потврдува негрижата за граѓаните.
И додека здравствените работници се борат за животите на заразените и дополнително молат за заштитна опрема за себе, Заев сака да не втурне во предизборна кампања во која ризикот е многу голем, а потенцијалниот изборен ден е дирекнта опасност, посебно за членовите на избирачките одбори кои ќе бидат изложени на бројни контакти во текот на изборниот ден.
Оксиморонот на Заев е до толку неразбирлив што верувам дека и самиот не се разбира. Да бараш избори, а секој ден да имаш двоцифрен број на заболени, додека има полициски час на територијата на целата држава и при тоа знаеш дека роковите се спритивни на изборниот закон, без прочистен избирачки список и без протоколи за време, не е ништо друго освен борба за највисокото партиско столче во матичната партија, кое очигледно на Заев му е многу нестабилно.
Макијавелистичките халуцинации на Заев и барањето изборите да се одржат во јуни е обид да се изведе организирано национално самоубиство.
Одговорна и сериозна власт секогаш треба да ги става граѓаните на прво место, но тоа не е случај со оваа власт предводена од СДСМ. И Заев и Филипче и Спасовски во очи ги лажат граѓаните, се со цел да се оди на избори за да се спаси кариерата на Заев по цена на изгубени човечки животи, само за да го ублажат поразот.
Избори мора да има и оваа неспособна, корумпирана и криминална влас час поскоро мора да замине.
На Македонија и е потребна обнова, потребни и се подобри, посопособни работници кои имаатплан и визија, луѓе кои ќе донесат правда, луѓе со морален кодекс кои ја сакаат Македонија и знаат што е подобро.
Но, изборите никако не смеат да се случат на штета на здравјето на граѓанит

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.