Ламбе Арнаудов

На првиот меѓусебен натпревар после Втората светска војна одигран помеѓу репрезентациите на Англија и Германија , дотогаш лути и непомирливи непријатели во војната, седат еден до друг навивачи, Германец и Англичанец. Победува Германија и Германецот му вели на Англичанецот: “Ве победивме во вашиот спорт“ алудирајќи на фактот дека фудбалот е измислен од Англичаните. На тоа следел одговор од Англичанецот: “А ние во вашиот“, војната, што довело до пресметка со крвави последици.

Зборот ми е, војната, политиката и спортот ги имаат истите чувства, непријателства особено ако случувањата се  свежи, а не пак актуелни како во случајот помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија.

Уште еден пример дека спортот е “војна“. За време на одржувањето на првото Светско фудбалско првенство во Бразил, ден пред одржување на финалето Бразил бил прогласен за светски првак со слики на тимот во сите весници.

Селекторот на Уругвај, вториот финалист, гневен и огорчен во соблекувалната на Уругвај пред натпреварот ги растурил сликите од весниците на под и ги натерал фудбалерите, а и тој самиот, да ме извинете, да ги помочаат. Уругвај пред 220.000 гледачи победи со 2:1.

Има уште бројни примери, војната предизвикана заради фудбалскиот натпревар чинам помеѓу Хондурас и Сан Салвадор.

Јас сум поранешен фудбалер и не можам, а да не застанам во одбрана на навивачите бидејќи знам каква е нивната улога во мотивирањето на фудбалерите. Особено македонските навивачи. Познаваат фудбал, често знаат да ги наградат со ракоплескање и овации и гостинските тимови.

Сега следува прашање? Дали некогаш нашите навивачи, пред овој меч, исвиркале нечија химна? НЕ.

Второ прашање: Чии деца, сопрузи, синови, ќерки, браќа се навивачите? Зошто така грубо се нафрливте малкумина дома и многу надвор?

Трето: Што ги натерало така да се однесуваат? Сте се запрашале вие нивните родители, наставници, професори, воспитувачи? Веројатно кога ќе ги погледнете сакате да бидете како НИВ, ама кога ќе се видете во огледалото се срамете од себе си.

Во Португалија, една од најнепријателските држави кон нашата татковина, стои дека во Скопје играат Бугарија против Бугарија.

Србија, фудбалската, го зема во одбрана селекторот Крстајиќ како жртва поединец, а вие за срамота сиот македонскиот народ иако жртва на еден духовен геноцид, ги напаѓате единствените кои ја пополнуваат празнината за вас и реагираат на вашето мачење.

Место да им благодарете и ги благословите вие се оградуваат и ги напаѓате, за среќа малу сте на број.

Читам, дека реакцијата на македонските навивачи не била соодветна на расположението на граѓаните во Македонија. Најдете стадион што собира милион и пол гледачи и ќе видете, ЗА ЖАЛ, дека реакцијата ќе биде иста на секој натпревар помеѓу Македонија и Бугарија со ваков негаторски став и територијални претензии од Бугарија кон Македонија.

Затоа драги мои навивачи ви благодарам што сте во првата линија на одбрана својот народ и татковина, и покажавте дека народот е поинаков од политичките предавнички елити кои го даваат името, идентитетот, историјата, јазикот на крај територијата за што на лице место вечерта видоа и се посрамотија.

На крај претседателот на Бугарската фудбалска федерација бара да бидеме казнети. Казнете уште еднаш, казнете уште илјада пати. ЗАРЕМ МАЛУ досега нѐ имате КАЗНЕТО.

Гајле ни ѐ и нѐ заболе.

ИЗГОРЕНОТО ГУМНО, ОД ВАС ЗАПАЛЕНО,
ПОРЕЗ НЕ ПЛАЌА.

Ова е мој личен став и е предизвикан од тридневното молчење и без трунка разбирање и поддршка на, за дваесет илјадите навивачи сплотени во еден патриотски дух.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.