Предраг Димитровски

Угледниот, достоинствен и чесен премиер на Република Македонија, Зоран Заев, денеска уште еднаш беше во свој елемент. А, кога не бил?! Па, нема речиси ден да не не изненади со некоја глупост.

Премиерот Заев не чувствува никаква морална одговорност за трагедијата во тетовската модуларна болница во која пламените јазици пеплосаа 15 човечки животи. Живите човечки факели не се доволен повод за манифестирање елементарно човечко чувство на морал и етика, нешто што е неизбежно и задолжително во секоја, па и во оваа трагедија.

Трагедии се случуваат секаде и речиси секојдневно. И за тоа не паѓаат влади или министри. Но, трагедијата во Тетово е нешто сосема друго. Таа е, пред се, израз, слика на целиот систем, што пред очи на сите нас ни се распаѓа секој божји ден.

Систем без никакви вредности, систем во кој царуваат нефункционални институции, систем во кој доминираат неспособноста и неспособните, систем во кој орвеловски едни се поеднакви од сите други, останати обични смртници. Или, систем во чија основа лежи познатата српска фраза „Кад се сељак проципели мисли да је чизма“!

Да, Република Македонија се најде во рацете на сељаци, кои мислат дека се мали богови, зашто до нивната седма година ништо не научиле за елементарата човечка култура. А, потоа за се им било доцна.

Уште кога ќе се дограбат до власт, и тоа до апсолутна власт, која апсолутно расипува, не може ништо друго да се очекува освен бескрајно, секојдневно паѓање удолу и само удолу. Затоа во Република Македонија е лесно да се биде сељак, ама е тешко човек да е премиер.

Угледниот, достоинствен и чесен премиер Зоран Заев нема намера да поднесе оставка. Не за друго, туку зашто во спротивно, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе бил премиер, а лидерот на, исто така, опозициската Алијанса на Албанците, Зијадин Села, прв вицепремиер!

И не е работата во неговото сфаќање на политиката, ниту во неговото толкување на  уставната одредба дека во оваа држава секој има право да бира и да биде избран. За него Уставот одамна не е обичен лист тоалетна хартија, туку едноставо не постои.

Работата е во начинот, гестикулацијата, интонацијата на тонот на изреченото, па и во целосно извртените тези!!! Сељачки до немај каде!

И тука не помагаат никакви кодекси на однесување на ГРЕКО, пропишани за премиери и високи владини функционери. Не помага ни надзор на родител или старател! Не помага ни секојдневно сипување во уши на манири за убаво однесување.

Не помага ни секојдневно советување за однесување пред медиуми и камери! Не! Ништо од тоа не помага, зашто и нашиот премиер ги прескокнал првите седум години од својот живот и, за жал, сега не може ни Господ да му помогне.

А, што добар љубовџија, трговец со домати и лубеници, подоцна и е*ач на својот, сопствен народ бил. Можеби единствен премиер во светот со две први љубови во животот. Една од Горни или Долни Милановац, веќе не е ни важно, а другата од нашиот Дојран. За народот, пак, каква глава, таква капа.

Нејсе. Кој и како да му каже дека од неговата оставка не зависи доаѓањето на власт ниту на Мицкоски, ниту на Села!? Кој и како да му каже дека неговата денешна изјава е чист говор на омраза и девалвирање на луѓе и личности на отворена сцена!? Кој и како да му каже дека финтата „нападот е најдобра одбрана“ веќе не минува меѓу граѓаните, зашто тие во изминатите три децении се изнагледаа се и сешто!?

Зарем треба да го потсетуваме дека на власт дојде со некрофилија, со злоупотреба на чувствата на граѓаните за убиството на Мартин Нешковски, смртта на малата Тамара, убиените момчиња кај Смилковски Езеро, убиените полицајци во кумановско Диво Насеље, со смртта на Никола Младенов… Заборави дека како опозиционер како мало кутре трчаше покрај Села по Швајцарија за да ги освои срцата на алабнската дијаспора, заборави дека со гласовите на Села успеа да формира влада…Што мисли за себе премиерот кога бил прв опозиционер? Дека бил светец или во најмала рака Мајка Тереза? Повеќе од сигурно, не!

Ај нека го преслуша клипот со Сека Сабљиќ, што со неговиот лик за него се ширеше на социјалните мрежи. И тоа не делот во кој се говори за лажењето. На тоа сите веќе се навикнавме. Па и делот за крадењето, зашто корупцијата ни цвета на секој чекор. Нека обрне внимание на делот каде Сека вели „ти си најголемиот изрод на нашиот народ, кој тебе ќе те сретне, три години среќа ќе нема, за зелен бор да се фатиш, и тој би се исушил…“.

И ова не го пишувам јас. Го напишал некој друг, за друга средина, а Сека Сабљиќ само го пренесува. Ама вреди да се слушне. Ако премиерот Заев не може самиот да го најде, сигурно ќе му помогнат неговите пи-ар питбули.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.