Марјан Ристески

Ја испраќаме страта, а ја дочекуваме новата година и секогаш, по некое непишано правило, актуелна е приказната за Дедо Мраз. Постојат многу легенди за овој дарежлив дедо со бела брада и санка, а легендите секогаш се исполнети и со дилеми дали Дедо Мраз е вистински, дали е синоним за Свети Никола или ни доаѓа од Лапонија или пак, се симнал од Северниот пол…И така секој народ си има своја легенда (приказна) и верува во неа со надеж за добра и бериќетна година…

Така и Македонија си има еден Дедо Мраз кој не е од Лапонија, но сака да биде „Северен“ иако доаѓа од југот на државава и кој, за жал, нема баш бела брада, ама знае добро да “брадосува”, нема ниту црвен костум или санка ,но добро го “насанка”народот…Имиџот и не е толку битен во нашава македонска приказна за Дедо Мраз, најбитна е големата торба со ветувања што ја носи, а веќе станува толку голем товар на неговиот грб, што едвај може да оди, да дише, да манипулира…И дел од нашиот народ така убеден претходно од својот таканаречен Дедо Мраз со големата торба, си создаде големи и легитимни очекувања, а и зошто да не, кога приказната за Дедо Мраз е универзална и секаде иста: Дедо Мраз не смее да лаже, а она што го ветува, мора и да го исполни…

И сега кога ја испраќаме 2019та година нели треба да сумираме што ветил, а што исполнил “нашиот” Дедо Мраз, дали желбите и очекувањата што ги подгреал и ветил кај народот, ги реализирал или не? …

Од направениот сублимат на карјот од годината, испаѓа дека приказната на нашиов „Дедо Мраз“ е поинаква од другите! Нашиов е уникатен, нашиов „Дедо Мраз“ си лаже, си краде – си јаде од торбата, ем истата напати ја гине…Туф….Нашиов Дедо Мраз е ФЕЈК!

Е токму ваквиот Фејк преизвика големо разочарување кај народот, толку големо што еруптира во национален и универзален презир и омраза кон една убава и романтична приказна за добриот Дедо Мраз!

Неисполнетите ветувања и желби на нашиов Фејк предизвикуваат општа хипокризија кон оваа романтична приказна. Додека секаде во светот се слави добриот Дедо Мраз, кај нас почнува да се мрази и прекорува или едноставно, создадена е болна и искривена слика кон легендата за истиот! Кај нас веќе имаме девалвиран Дедо Мраз со извртена еуфорија за Нова година, претворена во тотална национална депресија! Во очите на народот Фејкот создаде избледени новогодишни лампиони, прегорени светилки и политички пакетчиња во кеси за смет. Ни џингловите за Дедо Мраз не се тоа што беа и во ушите на нардот делуваат летаргично. Со ваквиот Дедо Мраз и елката е искривена од болка обиколена во смредеа и смог околу неа.

Да видиме зошто е тоа така и зошто тежината на торбата е толку голема и тешка како маглата во Скопје!?

Ветуваше економски бум, а ни донесе економски колапс во изминатава 2019та! Ни донесе енормни задолжувања на грбот на народот. Нашиов ФЕЈК ни вети датум за преговори и влез во ЕУ и повторно брутално не излажа!!! Во оваа тековна година наместо инвестиции и градежна експанзија, доживеавме исторски најниско ниво на капитални инвестиции, ветувањата за чист алпски воздух прераснаа во светски рекорди за загаденост, а од нови фабрики и вработувања, добивме масовно иселување од државата! Ваков фејк „Дедо Мраз“, да си признаеме, никаде нема!!! Место ветени 500 евра плата, народот доби мизерни 14.000 денари со покачени цени за струја, вода, гориво и намален животен стандард. Ветеното европско здравство го претвори во криминални тендери, а од ветената правна држава, направи рекет-држава!

Ветувања имаше многу и затоа вреќата на овој Дедо Мраз е голема и тешка, таа е намерно заборавена или загината во лавиринтот на сопствените лаги, креирајќи хаотично и болно општество со извитоперен систем на вредности од кој секој сака да избега! И ова чувство го има секој, без оглед на националната, верската, старосната или било каква припадност.

Потценета држава, потценет народ, потценета интелигенција, потценет правен поредок…!

Доаѓа новата 2020та година и повторно (си велиш зарем е можно ова!??!)- истиов Дедо Мраз со нови лажни ветувања, во уште поголема “Луј Витон” торба!

Тука, приказната веќе добива друг тек – КРАЈ! И така познатата: Дедо Мраз, Дедо Мраз – дојди и кај нас, се претвори во – бегај од кај нас!

ОВОЈ ДЕДО МРАЗ ЈА УБИ И СТАРАТА И НОВАТА ГОДИНА КАЈ НАС!!! ЗАТОА…АЈДЕ МРШ ФЕЈК ДЕДО МРАЗ !!!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.