Атанас Кирјаковски

Хајуду? Добри сте? Све е океј? Кај мене добро, еве се обидувам да го поставам таргетот или летвата малку повисоко. Давам сѐ од себе да поставам сидро кое ќе влече напред. И тоа го правам не само за себе, туку и за сите напатени души околу мене. Но некако се чини дека на луѓето им е топличко во калта. Посебно оние коишто имаат уши, а се прават слепи. Но што да правам, изгледа мене Господ ме црпна од нивите само да помагам. Токму затоа и ја пишувам оваа кратка колумна на чист македонски јазик. И затоа не се срамувам.

Ја пишувам на најчист можен македонски јазик, без никаква дамка, на стерилен македонски, чуван во стерилизатор на 250 целзиусови степени неколку часа. Претходно дезинфициран, забришан со шпирт и изрибан со циф. Ја пишувам на чист македонски јазик, а вие, мож да пукнете ако сакате! Но во главата нешто шупоти. Се мислам да лапнам пола диазапамче. Истовремено нема воздух, а велат – ајро, ајро! Ако треба и железни опинци ќе облечам и ви гарантирам дека нема да дозволам ширење на Пандорината кутија. Дури и да е противправно (ова што го пишувам), не може не бива – ќе се најде начин. Во секој случај, без разлика на чистотата на македонскиот јазик, јас сум за ено опшесво за сите. Бидејќи сакаме да ја дадеме Македонија во богато семејство.

Но да не правам премногу брејн дрејн. Понекогаш си мислам дека ни треба камшикар. Некако чувството е како да весламе со палка и дека се однесуваме како иднината веќе да не ни е судбина. Се однесуваме некако закукулено, замумулено. Се чукамо се ударамо у градима нашима, како да го прелапуваме големиот заб. А ако ги начучулиме ушите ќе разбереме убаво кога Европската унија на пример, ни кажува дека рибата смрди од опашката. И тогаш сакам барем една фасада да слечам. Единствено ме радува и ми дава надеж тоа што Јуроп ис морр сексипил грл и нема тука дискасити. Но дискасити. Надеж дава и баклавата која е изедена, а типсијата стоо. Тој чист македонски јазик и таа прекрасна рамна типсија која никогаш не нѐ напушта. Едноставно си стоо. Одозгора на тога, ние го наметнавме, го тупосавме тој историски наратив за кој сега имаме проблеми со Бугарите, и за Цар Самуил, и за браќата Кирил и Методиј. А Цар Самуил је пуно шетао, а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари. За разлика од нас, кои во моментов стоиме во место, а можеме да влеземе во ЕЈУ до 2030-тата.

Токму затоа наместо да гледаме кон историјата во која Турците се бореле против Османлиите и каде Холокаустот е еврејска традиција, ние треба да го пробиеме звучниот ѕид на сите времиња, да гледаме кон иднината и да живееме во свет каде животот живее. Во таквиот свет со сила на човека можеш да му дадеш и во таков свет се случува дожд од 93 литри во секунда и гарантирана е средна плата од 500, а минимална од 1000 евра. Во тој свет глобите се намалени за 150%.

Затоа, хев а њу јар еврибоди и во иднина не гибајте ми ја жицата македонска оти изгубен во времето, би го барал семето одејќи по жица.

За потребите на колумнава беше искористен лексиконот во кој се собрани примери на најчистиот можен македонски јазик што се говори на планетава. Може да се провери на следнава врска

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.