Алдо Климан

Хистеричната врева и простачко кокодакање што ечи од велепредавничкиот и окупаторски кокошарник на партнерското акционерско друштво со натпис (со само две самогласки, поради што тешко се дише) „СДСМ-ДУИ“, во кој на сите страни летаат пердуви околу тоа чии се всушност пердувите со кои се китат и примитивно се перчат и едните и другите заевско-големоалбански петли по незаконското „озаконување“ на „Законот за  јазиците“, најсилно ја надвреска врескавиот ком-партиец Мухамед Зекири со пораката до ДУИ да не се кити со туѓи перја, бидејќи за „Законот“ е заслужна партијата на Зоран Заев.

Јас, пак, во намера да припомогнам во смирувањето на тие мрачни злодуси и на тој нивен крајно пријателски, граѓански, кокошарски меѓуетнички дијалог, го информирам ид(н)иот консензуален претседател на „Северџанија“ Мухамед Зекири, кој очигледно воопшто не се разбира во науката за птици – орнитологија, дека пердувите кои предзвикаа толкава велепредавничка полемика се всушност пердуви од задникот на еден ист вид птица „сос две глави“, за што впрочем сведочи и познатата македонска народна песна што ја приложувам подолу, и која наскоро ќе биде калиграфски изгравирана на две табли со европско знаменце, по една за секоја од страните во оваа крајно природно и емотивно, граѓански, наднационално трајно неразделна заевско-големоалбанска коалиција.

ЦРНА ПТИЦА СОС ДВЕ ГЛАВИ
Или песна за Шарен-паша

 

Ајде ред се редат, мале, црните пучисти,

компартијци, мале, с големоалбанци.

На чело им седит, мале, Зијадине Села,

до него ми седит, мале, Талат Џафер бегот,

а до него, мила мале, Зоран-паша Заев.

Кафе пијат, молчат молкум, јадат шеќер-локум.

Проговарат црни Заев: „Нема, бре, Платформа,

Хуриет ви давам, браќа, с мојава Програма“.

Одговарат Села јунак: „Не лудувај, Зоран-паша!

Ферман дојде од Тирана, Тирански тефтери,

ти ни даде љута беса – Хуриет за златна кеса!“

 

Збор збореа за барјакот в одајата на спикерот.

Тивко шептит Шарен-паша: „Ако згрешил Џафер бегот,

ќе си тргне црвен барјак со орелот сос две глави“.

Се намурти Џафер бегот: „Заев-паша, Шарен-паша,

од Муртино сарај-село с високи чардаци,

дилми бевме црни браќа при државен удар,

ме прегрна, прв ме гушна, од синија не те делам.

Како сега така збориш: Ако згрешил Џафер бегот?

Добро да си чуваш, Заев, овој орел сос две глави!

Едната е моја, другата е твоја! Слушај што ти велам.“

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.