Никола Србов

Fake news или лажните вести се сериозен проблем на денешното општество во кое преку комуникациската технологија секој човек претставува еден вид на медиум. Лажните вести можат сериозно да наштетат на угледот на една личност – лично сум го почуствувал тоа на своја кожа, или можат лажно да ја насочат целата нација да верува во нешто што не е вистинито – да верува во пласирана лажна вест. И врз основа на таа лажна вест целата нација да влезе во еден вид на еуфорија од која пласирачот на веста би имал некаков бенефит, како на пример пораст на неговиот политички рејтинг. Ви звучи познато, нели? Потоа, цела нација да се впушти во некаква прослава како резултат на еуфоријата која била поттикната од лажната вест, и ова мислам дека ви звучи познато.

Сериозна е дилемата кој, како и според кои критериуми ќе одлучува што е лажна вест а што не е.
Македонските власти стокмиле план за пресметка со лажните вести. Борбата ќе ја предводи тим кој во социјалистички манир ќе се брани од неподобни ликови за власта. Доколку некој на својот фејсбук профил напише лажна вест, која патем може да биде и непроверена вест, или недоволно разбрана, Владата ќе го оквалификува објавувачот како ширач на лажни вести и човек кој врши, вмимавајте, напад на демократијата! Терористите кои дејствуваат низ светот, покрај напад над цивили и ширење на страв и несигурност, САД ги квалификува и како луѓе кои вршат напад врз западните општества и западните вредности во кои на прво место се наоѓа демократијата, што е сосема логична квалификација за луѓе кои извршуваат терористички акт. Во Македонија, власта во ист кош со луѓето кои извршуваат терористички акти ќе стави и некој човек доколку тој на својот фејсбук профил објави лажна вест која може да му биде и непроверена вест, но ете, ја објавил.

Покрај граѓаните кои ќе треба три пати да се препотат пред да стиснат „сподели“ на фејсбук, овој тим ќе ги лови и новинарите кои се дрзнале да пишуваат за криминалот на власта. Многу лесно ќе стигматизираат некој медиум или новинар како „Fake news“ и по полициски станици новинари ќе се објаснуваат за нивната работа.

Ова не е социјалистички манир, ова е бетер, денес излезе вест дека амбасадата на Белорусија ги алармирала македонските власти да не му маваат рекет на бизнисмен во сопствената држава. Дојдовме на скалило на кое држава која има вечен лидер како Балорусија да ја укорува македонската Влада за принципите на демократијата и да не си ги рекетира своите граѓани под плаштот на некакви „повисоки цели“.

И ова што сега го пишувам може владата да го квалификувано како „fake news“ бидејќи пишувам онака како што јас го разбрав акцискиот план кој премиерот го изнесе на прес конференција. Што значи, може да бидам обвинет за напад врз деморатијата заради пишани неколку реченици кои се резултат на моето разбирање на прес конференција.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.