Михајло Маневски

Според Македонскиот дигитален речник, будала е именка од женски род и означува нетокму човек, човек што не е здрав со паметот. Во турскиот јазик познат е и зборот орта будала, што претставува груб израз за глупак или што би рекол народот ептен будала. Изведенки од овие зборови има повеќе, како на пример: Петре будалиот, пуштете го овој будала, будалите се слепи при очи, остави го, тој е орта будала.

Во која категорија може да се сврсти Зоран Заев?

Каде може да се сврсти Зоран Заев после 2 часа и 17 минути седење во кафана, дали во будала или во орта будала, каде му е местото? Но, него не му е прв пат да се будали. Многу е оптоварен со псуење, човекот како да е опседнат да ги псуе мајките на луѓето. Псуе се по ред што е мајка, реди псовки и се заканува. Каков е тоа снндром?

За учесниците на шарената револуција вели: “сè ќе соберам на купче и шуто и рогато, све“ и “после мамето ќе им го е*ам на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“. Тие не се партија, треба да се формираат како партија, ама не може да се формираат, јас го регистрирав тоа, каде ќе се регистрираат? Веќе кажа дека на ваков начин ги користел и невладините организации. За владијата Наум вели “Со сите бои обоен, измачкан. Не знам дали мине повеќе време со мене или со Сашо”.

Дали Зоран Заев беше пијан, кога на ваков груб начин гнасно се закани дека ќе им е*ел мајката на сите (шарените) кои учествувале во тие настани и ќе пуштел низ вода и шуто и рогато?. Зошто изнесе толку псовки и закани? Што го натера да дава такви гнасни изјави? Имаше ли некаков повод за тоа? Каков е поривот на овој човек? Многу луѓе и подолго време, некои раководени од идејата за промени и за подобар живот, некои и од други побуди, секојднево тргнуваа од рекетерското СЈО низ улиците на Скопје, истурија тони боја, искршија и запалија објекти, повредија стотина полицајци.

Тоа се тие што Зоран Заев го доведоа на власт. И што сега? Шарените ги фрли низ вода, ги прави шути и рогати и им ја псуе мајката! Просто невероватно, човек да се запаша каков е менталниот склоп на овој исто така фрлач на бои по фасади.

Дали Зоран Заев беше пијан, кога само пред десетина дена од тој настан, се слушна како се заканува дека ќе му е*бел мајката на еден од најуспешните менаџери во државата? Псовката во суштина реално преставува навреда. Но псовката на Зоран Заев во случајов е реална закана за освета спрема личноста на која е упатена. Никој не му дал право на Зоран Заев на таков начин да ги омаловажува, да ги навредува луѓето и да се заканува. Сите тие за тоа можат да го тужат пред надлежниот Основен суд.

Дали Зоран Заев беше пијан кога се закани дека “ нема да дозволам еден педер, суетен новинар и криминалци да ја симнат Владата”.

Дали Зоран Заев беше пијан и колку часа беше во кафана кога ја продаде Македонија, кога го смени името на државата, идентитетот, јазикот, историјата, културата, кога врши предавство на нашата гордост, на нашите преродбеници, просветители и писатели, на борбата за самостојна и независна Македонија, на комитите, војводите и партизаните, кога го избриша АСНОМ од Уставот?

Колку часа беше во кафана кога лажно се колнеше во најмилите во семејството, во родителите, во децата, дека нема да се менува Уставот и уставното име на држвата. Дали бил мортус пијан или орта будала за да направи такво предавство со раката ставена на срцето? Само еден ноторен лажоман со нулта совест и достоинство може да направи такво предавство на државата и народот, кој со векови се борел и се бори за ова земја.

Што се однесува до Зоран Заев, лагите, псовките, кривоклетството и заканите се негова карактерна особина и сосема реална состојба, и тоа не само во последниве години, туку многу поодамна, уште пред десетина и повеќе години. Тој неможе без да излаже. Зборот не му вреди од утро до вечер и нема никава вредност и тежина. Лаже суши, да згреши па да каже нешто вистина. Тоа секако е одраз на неговиот карактер, воспитување и култура.

Дали Зоран Заев беше пијан кога јавно ги обзнани неговите канибалски намери на 18 декември 2010 година во Валандово кога изјави: “ Рече Заев, апсениот Заев, живи луѓе ке јадеме “ кога ќе дојдеме на власт, “ ќе ги бркаме од работа”…

Дали Зоран Заев беше пијан кога ги лажеше од болка скршените родители на зверски убиените деца на Смилковското езеро со нови докази и бомби?

Дали Зоран Заев беше пијан кога го злоупотреби покојното момче Мартин Нешковски со смислено монтирање на снимката од 13 на 3,5 минути, а сега, во време на неговото владеење неговиот убиец го снема.
Дали Зоран Заев беше пијан кога свесно за злоупотребуваше смртта на Никола Малденов, загинат во сообрачајна несреќа за негови политички интереси?

Неговите лаги се недобројани, а неговото криминално владеење погубно.Му доликува ли на претседател на Влада да падне толку ниско во амбис

Може ли еден човек да врши највисока политичка државна функција во извршната власт, а неговиот морален и духовен кредибилитет да биде целосно урнисан? Кој може да има доверба во таков човек? Зоран Заев не го негира тоа што е јавно објавено, туку се обидува да се брани на еден вулгарен простачки и понижувачки начин. Што значи неговата изјава:

Секако после 2 саата и 17 минути седење во кафана на слободен разговор се случуваат грешки, сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам. Ниту сум го мислел тоа, ниту сум имал некои непријатности во работењето, напротив имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја”.

Што значи признание дека после 2 часа и 17 минути седење во кафана се случуваат грешки? Дали после толку време седење во кафана тие “грешки” се резултат на неговата алкохолизирана состојба, односно дали тие “грешки” за шутите и рогатите и псуењето на мајките на сите што ќе влезат кај него во коалиција, Зоран Заев ги направил под дејство на алкохол? Какво објаснување може да се има за такви вулгарности и такви закани? Дали Зоран Заев беше пијан или не беше пијан? Како и да е, ниту едното ниту другото не го оправдуава.

Зошто баш, ако не бил пијан во кафанскиот муабет се нафрлил со сета жестина на учеснициѕтте на шарената револуција и така гнасно да се изразува за нив, да ги псуе нивните мајки и да ги прави шути и рогати?.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во изјава за една ТВ куќа, на прашањето зошто Зоран Заев на неговите митинзи има остра реторика против ДУИ и најавува дека ДУИ треба да оди во опозиција, одговорил дека Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок, рекол Ахмети.
Едно лице кое учествувало во настаните на шарената револуција најдобро го отсликува понижувањето. Со зборовите “ шуто и рогато, толку многу ме погоди што еве сакам да го прашам директно Зоран Заев дали спаѓам во шутите, рогатите, затоа што јас сум инвалид, во сакатите можам да кажам.

Тој ја претера толку многу, се забега во времето и просторот. Од тој човек неможеш да очекуваш ништо добро веќе, освен само зло”.

Ваков однос на Зоран Заев не се покрива само со извинувње. Овој заканувачки и простачки однос према луѓето, псовките и заканите, неможат да се покријат со некакво извинување, туку само со оставка и со одговорност. Нему не му е прв пат да се извинува Се извинуваше дури и за тоа што Илинденското востание го нарекол Македонско!!

Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата

Зоран Заев грубо ги повредува елементарните морални и етичкиа норми и грубо го крши Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата.

Според членот 4 од Кодексот, Претседателот на Владата, неговите заменици и министри се однесуваат и се изразуваат на начин кој доликува на функцијата која ја вршат. Тие се должни да избегнуваат секаков вид на етички некоректно однесување, настап или говор и имаат колективна и лична одговорност.

Му доликува ли на Зоран Заев после 2 часа и 17 минути седење во кафана да
псуе мајки, да навредува и омаловажува, да се заканува и осветува со искористување на функцијата. Коректно ли е, етички ли е, настап со говор на омраза и однесување со тешка навреда на недолжни луѓе кои ги класификува како шути и рогати. Што му направија тие луѓе, освен што му помогнаа да ја освои власта која ја злоупотреби, а нив ги понижува.

Придавката шут во македонскиот јазик означува човек кој не е со сиот ум, удрен, мрднат. Такви ли беа луѓето кои излегуваа на протестите? Затоа. за такви како Зоран Заев народот рекол “ем шуто ем боде”. Во Чорбаџи Теодос, врвно уметничко дело на македонскиот драмски писател Васил Иљоски, од 1937 година, во десетата појава кога чорбаџијата му вика на Панко “уште ќе пијам”, Панко му одговара: “ она што се рекло, и улавиот бега од пијаниот“. Остана уште малку да се трпи ова зло..

На 15-ти јули народот ќе го отрезни овој неморален човек кој го навредува и омаловажува народот и веќе никогаш нема да му дозволи да врши јавна функција која ја злоупотребува. Доаѓа времето кога ќе положи сметка и ќе одговара пред народниот суд за сите предавства и за сите злодела што му ги направи на овој народ и на Македонија.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.