Михајло Маневски

Како од “ДРИСЛА” се извлечени над 800.000 евра?

Јавни претпријатија основани од градот Скопје се изложени на расипништво и можности за пљачкосување на парични срества од големи размери. Тоа се врши на перфиден начин преку “изнајмување” на градежни машини и изнајмување на возила, исплати за наводни “консултантски” услуги, “надоместоци” за членови на управни органи, исплати за вршење на “интелектуални” правни услуги, репрезентација и други исплати.

Градската депонија “ДРИСЛА” во Батинци е златна кокошка за кубење. Во 2018 година од “ДРИСЛА” се “извлечени” над 50.000.000 денари или над 800.000 евра за изнајмени градежни машини и за изнајмени возила, за консултантски услуги, за надоместоци за членови на управен орган, за репрезентација, за адвокатски услуги и други.

1). Извлечени 27.700.000 денари или 450.000 евра за изнајмени машини и возила

За изнајмени градежни машини и возила, како што се будлдожери, утоваривачи, камиони МАН и други машини, во 2018 година депонијата ДРИСЛА исплатила на правни или физички лица од кои биле “изнајмени” машините и возилата 27.772.000 денари или над 450.000 евра. Тоа е за 20 пати повеќе исплатени средства во однос на 2016 година.

Биле изнајмени багер ЈСП, булдожер КАТ 5, булдожер КАТ Д5, булдожер ЛИБКЕР, булдожер КАТ Д4, 6 камиони МАН и утоварна лопата СБ.

Од машинте со кој располага депонијата ДРИСЛА во 2018 година во дефект биле скоро сите булдожери, ровокопач, компактор Ханомак, 2 утоварувачи Фијат Хитачи, утоварувач УЛТ1 и Кипер-Фап. Работел само еден булдожер, кој имал 71 работни саати, еден ваљак со 17 работни саати и еден кипер. Се друго било во дефект!?

Многу е симптоматично, како тоа наеднаш во 2018 година готово сиот машински парк и сите возила се расипале, а ДРИСЛА не направила скоро ништо и не презела потребни напори да се извршат поправки и да се оспособат ”расипаните” машини и возила. Најлесно било да се измнајмат машини и возила и за тоа да са плати баснословен износ пари од граѓните и да се полнат џеповите на изнајмувачите на машините и возилата.

Во врска со изнајмените машини и повеќе возила МАН, се поставуваат повеќе прашања: Од кого се изнајмени градежните машини булдожери, утовариувачи, кипер и повеќе возила МАН? Од кои правни или од физички лица се изнајмени машините и возилата, кои се тие фирми или физички лица? На кој начин се изнајмени машините и возилата – со спогодба или по јавен тендер? Колку работни часови работела секоја машина поединечно и секое изнајмено возило и колку пари се исплатени лицата од кои се изнајмени градежни машини и возила?

„Изнајмувањето” на машини и возила е добар софистициран начин за извлекување на огромни парични стредства од депонијата, имајки во предвид дека еден работен саат на машина се плаќал од 3.500 до 5.500 денари!?

2). Извлечени 14.247.000 денари или над 230.000 евра за услуги и за возила за превоз на отпад од Тетово до Скопје

За користење на услуги за транспорт на одпад од претоварна станица во Тетово до депонијата ДРИСЛА – Скопје, во 2018 година биле исплатени 14.247.000 денари или над 230 илјади евра, што е двојно повеќе во однос на предходната година.

Депонијата ДРИСЛА е изградена и отворена со средства од Градот Скопје во 1994 година. Се простира на површина од 76 ха, со капацитет од 26.000.000 м3 депониран комунален отпад. Се предвидува истата да биде наполнета за околу 30 години. Во досегашната експлоатација од 16 години, истата е исполнета окулу 35 % од вкупниот капацитет.

Депонијата ДРИСЛА не е основана како регионална депонија или како трговско друштво. Спротивно на актите на основање, депонијата ДРИЗЛА веќе две години врши транспот и складирање на комунален отпад од Тетово во Скопје. Во Тетово ДРИЗЛА со сопствени средства изградила претоварна станица со капацитет од 250 тона отпад на една смена, за која платила над 13 милиони денари. За утовар и за превоз на отпадот од Тетово до Скопје ДРИСЛА користела услуги и возила. за кои платила големи парични средства во износ над 230.000 илјади евра!

Од кои правни или физички лица се користени услуги и се изнајмени возила и на кој начин е извршено нивното ангажирање?. Колку километража поминале возилата, изнајмени за превоз на сметот од Тетово до Скопје и за секое возило колку пари се исплатени на лицата од кои се изнајмени возилата.

Има голем сомнеж дека во депонијата, покрај од Тетово, се складира отпад и од други региони. Како што тргнало, за неколку години Скопје ќе мора да гради нова депонија, бидејки ДРИСЛА е претворена во трговско друштво на штета на градот Скопје, со чии средства е изградена депонијата.

3). Кој и какви за интелектуални (консултантски) услуги вршел и на кого се исплатени 5.71.222 денари или над 96.000 евра

Депонијата “ДРИСЛА” во 2018 година за интелектуални (консултантски) услуги исплатила 5.971.222 денари или над 96.000 евра.

На кое лице (правно или физичко) се исплатени огромни средства во износ од 5.971.222 денари интелектуални (консултантски) услуги? Во што се состои консултацијата и за какви консултантки услуги се работи? На кој начин била ангажирана фирма или физичко лице за пружање на такви интелектуални услуги (консултантски) за исплаќање на толкава сума на пари? На кој начин е избран консултантот, дали со објавен јавен тендер или со непосредна спогодба.

4). Исплатени 7.200.476 денари или окулу 120.000 евра за надомест и други примања на членови на управни органи

На име трошоци за надомест и други примања на членови на Управен и Надзорен одбор, на директори и управители во 2018 година се исплатени 7.200.476 денари. “ДРИСЛА” нема ниту Управен ниту Надзорен одбор, туку има само Собир на содружници од 5 члена, од кои се дваица италијанци.

За една година на секој член на Собирот на содружници призлагува дека се исплатени по 1.440.000 денари, односно по 23 илјади евра или по 1.900 евра месечно!? По какви критериуми се вршени исплатите на членовите на Собирот на сордружници, по кои критериуми се исплаќани и патни и дневни трошоци, платен хотел на италијанците, платено користење на услуги за rent a car и други трошоци, кога општо познато е дека италијанската фирма во ДРИСЛА не вложила ниту едно евро.

5) За репрезентација потрошени над 60.000 евра и над 65.000 евра за адвокатски и нотарски услугии

Огромни средства се исплатени за “репрезентација” над 60.000 евра или секој втор ден по 300 евра? За правни, адвокатски и нотари услуги се исплатени над 65.000 евра.

Расипништвото во трошењето на средствата на депонијата

Расипништвото во трошењето на средствата на депонијата е сосема очигледно. “Изнајмувањето” на машини и изнајмувањето на возила станува проверена шема за пљачка. Со средствата од 650 илјади евра, колку што се исплатени за изнајмени машини и возила, ДРИСЛА можела да купи исто толку нови или употребливи машини и возила.

Советот на град Скопје на седницата 11.06.2019 година расправаше по годишниот извештај за работата на ДРИСЛА во 2018 година и извештајоот не го усвои. Извештајот не е усвоен токму токму поради наведени причини и сомнежи за незаконито работење и расипништвото во трошењето на огромни средства.

Во својство на советник во Советот на град Скопје на 13 06.2019 година поставив советничко прашање за работењето на ДРИСЛА и за расипничкото трошење на средствата, на кое согласно член 44 ста 2 од Деловникот за работа на Советот требаше да добијам одговор во рок од 10 дена. Ниту после скоро 5 месеци и покрај две ургенции на седница на Советот, не е доставен одговор на советничкото прашање. Како член на Советот, согласно членот 19 став 1 алинеа 3 од Статутот на град Скопје ќе ја изврши својата работа и ќе може да врши контрола на работата на јавната администрација и јавните служби, кога спротивно на Деловникот и Статутот на на град Скопје со месеци не се доставува одговор и не се доставуваат бараните податоци?.

Согласно членот 57 став 1 алинеа 8 од Деловникот на Советот на град Скопје, Претседателот на Советот е должен особено да се грижи за примена на деловникот. Ова што се случува е флагрантна повреда на Деловникот и неизвршување на службената должност. Како ќе се обезбеди владеење на правото и спречување на корупцијата и финансискиот криминал, ако се постапува на ваков начин, никој ништо да не презема и не се извршуваат елементарните законски обврски? Ова ли е владеење на правото?

Со ваквиот начин на постапување депонијата ДРИСЛА се изложува на уште поголем ризик. Тоа е многу значаен комунален објект на градот Скопје и никој нема право на неодговорно однесување за неговата работа.

Кој сака и натаму да продолжи огомното влечење на средства од депонијата и да се богати? Кој сака и натаму од скапано и смрдено ѓубре да влече “чисти” златни пари?. Сите сомнежи за расипништвото во депонијата ДРИСЛА мора да се испитаат до крај и секој да понесе казнена и материјална одгворност за стореното. Секаков вид на криминал во ДРИСЛА мора да се спречи. Но тоа не се постигнува со крајно пасивен однос на надлежните индституции за гонење и одкривање на кривичните дела и нивните сторители.

На овој начин на кој се постапува ДРИСЛА се влече во пропаст.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.