Како и пред јуни минатата година, се сеќавате, нели, а подоцна и пред октомври 2019, кога на сите страни низ Европа, па дури и до самиот „господар на датумот” Макрон, сосема безуспешно се растрчуваа хистеричните велепредавнички и големоалбански „северџански мисионери” Заев, Османи, Димитров, па дури и карикатуралниот дрвен манекен-потпишувач од водњанскиот пејзаж Стево Пендаровски, од една страна, бесрамно залажувајќи ги граѓаните на Република Македонија дека – еве сега, опа-иха! – и веднаш ќе добиеме датум за почеток на преговорите, а од друга страна, на европските ладнокрвни политички лидери-лазачи им се закануваа дека ако не добиеме датум, и тоа веднаш, ќе ни дошле Русите или Кинезите, леле, и преку нас ќе ја поткопале Европската Унија и Западната цивилизација воопшто, – ете, така и сега, „пред март!”, тие морални мивки и политички свлечковци (и пак апсолутно сервилно и стерилно!) се растрчуваат наоколу и со истата велепредавничка и квислиншка реторика, исполнета со куп бедни лаги за божемните „реформи” и со „застрашувања од источната опасност” настојуваат да ги уверат „новите еу-лидери-лазачи” дека е бескрајно важно – ама најважно на светов! – на Македонија да ѝ се даде датум, и тоа сега, „токму во март”, никако подоцна, зашто, во спротивното, тоа страшно би влијаело на изборните резултати, и би овозможило „повторно” да ги кренат главите и да победат националистичките сили, наспроти заевските, замислете – проевропски. Деновиве, во текот на своето „државничко” патешествие (ха, ха!), тоа особено сликовито, „полицајски” прецизно, го дефинира нашиот Берија-премиер, Оливер Спасовски, силно нагласувајќи ги поимите „националисти”, наспроти „проевропејци”.

И не само тоа: на европските лидери-лазачи, со оние нивни наместени лицемерни насмевки и стаклести, студени очи, тие „растрчковци” им ставаат на товар и голема „морална одговорност” да постапат токму така, да ни дадат „датум”, и тоа „во март!” – бидејќи инаку Европа ќе се покажела несериозна, некоректна и пред сѐ неуверлива пред светот, зашто, велат, ние исполнивме сѐ што баравте од нас: си ја самопоништивме државата, со потпишувањето на капитулантскиот и криминален Преспански договор го сменивме Уставот, на Грците им го дадовме своето историско име и се преименувавме во некоја троделна именка којашто НЕ ЗНАЧИ НИШТО, исцело си го избришавме националниот македонски идентитет и се откажавме од нашите браќа и сестри во соседните и во другите држави во светот, со Договорот со Бугарија на најбезобѕирни туѓински ограбувачи на поддавалник им ги предадовме сета наша културна и политичка историја и нашето богато културно-уметничко наследство, во целост, па и далеку, далеку преку сите поставени барања, суицидно до последната точка ја исполнивме деструктивната и дезинтегрирачка примитивна големоалбанска Тиранска платформа, со криминални, неделовнички и незаконски постапки и со невидено политичко и секакво друго насилство, поткупување, измами и уценување во 5 до 12 пред распуштањето на парламентот, донесовме закони со кои се штитат сите сторени криминали на велепредавникот Заев и на сета негова кримогена братија, и, се разбира, до максимум ги задушивме човечките и медиумските слободи. Значи, Европска Унијо, исполнивме ама баш сѐ што ни поставивте како задача за тотално да ја уништиме Република Македонија! Во тоа успеавме, а сега вам ви е редот, па затоа веднаш дајте ни „датум”, ама – посебно енергично инсистираше Берија-премиерот Спасовски – тоа да биде „во март, во март, слушате: во март! – пред изборите! По изборите, по 12 април ќе биде премногу доцна! Ќе победат националистичките сили, наспроти проевропските”!

Гледано така, тоа значи дека имавме навистина голема среќа што лани, по „ризичното” недоделување „датум”, и вака ставени „во изолација” од страна на ЕУ, не ни се втурнаа ниту Кинезите, ниту Русите, ниту пак кренаа глава „националистите”, а за, не дај Боже, да не ни се случи нешто така страшно, и за да ни ја зачуваат троделно-именската вештачка државичка и забетонираниот „прозападен” идентитет будно внимаваа господата Зоран Заев, Берија Спасовски, Никола Димитров, Бујар Османи, и особено хистеричната НАТО-фундаменталистка со маскирен шлем Радмила Шекеринска. Уф! Шуќур!

Освен што покажаа надреална доза на индивидуално и политичко лудило и глупост, сите тие и нивната едноумна (хм?!) „прозападна” македонско-космополитско-големоалбанска клика што во овие три страшни ништителски и понижувачки години, безобѕирно, брзопотезно и така вешто ја растураа и ја уништуваа Република Македонија, и примитивно, садистички се изживуваа и го понижуваа македонскиот народ – тој џган, таа црна багра, покажа и колку се тоа сурови, дрски, безобѕирни, смртно опасни луѓе, длабоко подмолни, превртливи, совршено истренирани за крајни злосторнички активности од овој вид, и подготвени за секакви застрашувачки крајности. До коска и до сржта загризоа во душата и во телото на македонскиот народ и не пуштаат, не се откажуваат од своето црно зло до последниот момент, до последниот здив. Па сепак, почитувани граѓани, знајте, тоа се само најприземни уличарски велепредавници, злосторници и криминалци! А за таквите Платон вели: „Злосторниците имаат неотуѓиво право да бидат казнети, а ние треба да им овозможиме да си го одбранат тоа свое неотуѓиво право!”

Но тоа нивно „неотуѓиво право да бидат заслужено казнети” за сите свои тешки криминали и злостворства кон државата и кон народот тие, заедно со корумпираните претставници на од нив инсталираната и безочно управувана слугинска судска власт, ќе можат успешно да си го конзумираат по 12 април годинава. Ним тоа им е сосема јасно и затоа сега со сите сили настојуваат да си го зачуваат насилно наметнатото „феудално право”, својата неограничена моќ над државата што ја узурпираа до последното катче, и што, така заробена, сосема ја отуѓија од народот, претворајќи ја во сопствено, приватно, фамилијарно-политичко кримогено тендерско претпријатие. Се разбира, во тие очајнички обиди спаѓаат и сите овие најнови шизофрени трчања и коленичења кај своите европски налогодаватели со молбата: ”Во март! Во март! Во март!” – заборавајќи притоа дека тие се само нивни најобични бедни балкански измеќари и извршители што со уништувањето и поробувањето на Република Македонија веќе си ја завршија својата погана квислиншка работа, и сега ќе мораат малку да почекаат до некои нови распоредувања на други валкани и гнасни должности.

Од тие причини, по којзнае кој пат, уште еднаш треба јасно да се каже дека од „датумот” ”во март” нема ништо! Во „мај”, кога одново на домашниот и на меѓународниот политички пазар интензивно ќе се „нуди” и ќе се ветува „датумот”, а „северџанците” ќе трчаат нов ступиден маратон низ Европа – од тоа повторно пак нема да има ништо. Оние, меѓутоа, на кои и натаму ќе им се лаже, само нека лажат, сѐ додека уште има некој што ќе ги слуша и што ќе им верува. Но на Македонија ѝ е одредена поинаква, за многу години сосема периферна судбина, независно од тоа дали во каква и да е утешителна форма, порано или подоцна, ќе ѝ се „додели” и некое заебантско „датумче”.

Затоа, за колку-толку да ја релаксираме состојбата од овие тешки „пред-мартовски” илузионистички теми околу „датумот”, за кратко ќе го отворам интелектуалното „досие” на Берија-премиерот Оливер Спасовски, кој за ова ни даде и директен повод со паничното инсистирање на своите фантазмагорични „полицајско-лингвистички” разграничувања и кодирања од типот „националисти” и „проевропејци”, но и некои други термини што во збудалено и незапирливо завртениот тапан на изместената заевштина и бериевштина постојано се тумбаат, чекајќи некој од нив, или некој од нивните бројни политички слепци, како некој си беби-ступидариус Костадинов што одвреме-навреме искокнува на федер, повремено, како во некаква терминолошка игра на среќа, да ги извлечат и тук-таму да ги залепат во своите незаборавни „говори”, „изјави” и „соопштенија”.

Веднаш треба да се нагласи дека сите предметни поими имаат свои антиподи, т.е. поделени се на добри и лоши. Се разбира, добри се само заевските затоа што се проевропски, а лоши се оние на сите други политички и јавни субјекти, затоа што се, едноставно, антиевропски. Во светлината на тој далтонистички црно-бел, „полицајски”, апсолутно бесмислен заевско-бериевски систем поделен на добро и лошо, тешко е да се воспостави некој поинаков, нормален, навистина логичен, сложен, цивилизиран систем, зашто секој поим, разбирливо, има непрегледни котекстуални вредносни и семантички можности, за што завалијата Берија Спасовски и неговиот шеф-простак Заев си немаат блага врска.

Значи, според заевско-бериевската шизозофија и шизолингвистика тоа изгледа вака:

македонски  =  антидемократски, антизападно и антиевропски

патриотски  =  антидемократски, антизападно и антиевропски

национално  =  антидемократски, антизападно и антиевропски

Од друга страна пак:

големоалбански  =  демократски, прозападно и проевропски

големогрчки  =  демократски, прозападно и проевропски

големобугарски  =  демократски, прозападно и проевропски

големоалбански шовинисти  =  прозападни и проевропски демократи

големобугарски шовинисти  =  прозападни и проевропски демократи

големогрчки шовинисти  =  прозападни и проевропски демократи

македонски националисти = антизападни и антиевропски недемократи

проевропејци = прозападни демократи

антиевропејци = антизападни недемократи

прозападњаци = европски демократи

антизападњаци = антиевропски недемократи

И аналогно на сето тоа:

прозападно  =  демократско и проевропско

проевропско =  демократско и прозападно

антизападно  =  антидемократско и антиевропско

антиевропско = антидемократско и антизападно

проНАТО  =  демократско, прозападно и проевропско

антиНАТО  =  антидемократско, антизападно и антиевропско

Е, ваквото идиотско заевско-бериевско разбирање на нештата, со кое секојдневно дивјачки ја трујат и ја индоктринираат македонската јавност, е најсугестивен израз на нивната патолошка политичка лудост и надреална природна глупост, за разлика од големоалбанските „префинети” шовинисти од нивниот заеднички владејачки тим, кои на сосема идентичен агресивен и одвратно бескрупулозен начин се служат со истата стигматизирачка полициска терминологија, особено гебелсоидот Артан Груби, но воопшто не се ниту луди ниту глупи, туку се само неизмерно расипани и без трошка цивилизациско и национално, албанско достоинство, при што вешто пливаат во катаклизматично заматените води на тажната македонска стварност. Тоа што вака безочно комплотираа со невидените шекспировски лудаци и глупаци од велепредавничкиот заевски блок, независно од сето тоа што, врз сметка на македонскиот народ и на другите народности што живеат во Република Македонија, успеаја до крв да го исцицаат од нив со своите најприземни, атпазарски и проѕирни пазарења и уцени само Заев да се одржи на власт, нема да бидат аболицирани пред судот на времето, што и да си мислат тие сега, вака опиени од успешното тргување со тие бедни малоумници и квислинзи, но се надевам дека и нив ќе ги дофати и овоземната рака на правдата за сите оние неуставни и незаконски дејанија во врска со државниот удар од 27 април 2017, и за сиот оној криминален, незаконски след на постапките што без прекин се редеа потоа, сѐ до денес.

Нејсе! Се враќам кон „проблемот” на заевско-бериевската шизозофија и шизолингвистика, за да ги заокружам, и до крај да ги појаснам нештата.

Начинот на кој Берија Спасовски, неговиот шеф-простак и подеднаков аналфабет Заев и сите нивни партиски подлизурковци и заслепени верници-следбеници ја сфаќаат европската демократија, или демократијата воопшто, е начин на кој „размислуваат” едноќелиските суштества, парамециуми и волвокси, или некои амеби од далечните егзотични мочуришта. Демократијата, од античките времиња кога е создаден тој општоцивилизациски поим па сѐ до нашево време, ги подразбира и иманентно ги содржи слободата на мислењето, слободата на самоопределувањето и слободата на себеизразувањето. „Сите тие слободи се сестри”, цитирам една стара револуционерна француска поговорка. Најцврсти елементи во темелите на современата европска цивилизација, од француската буржоаска револуција до денес, се токму тие недопирливи човечки, што значи демократски, слободи. И затоа секоја политичка етикета со која се настојува не само бедно дневно-политички да се дезавуира некого или нешто, туку и крајно опасно да се денунцира пред законот, или во најмала рака пред јавното мнение, претставува конкретен, совршено прецизен, непобитен и недвосмислен показател на опасна фашизација или сталинизација на општеството. А, впрочем, зарем тоа не го покажаа и не го докажаа и еклатантните, (бе)срамни антисемитски истапи во неодамнешниот случај на министерката Рахела Мизрахи, македонска Еврејка, скандалозно разрешена од „големиот проевропски и прозападен демократ” Берија Спасовски, а потоа од истиот заевско-бериевски блок агресивно атакувана и мрачно стигматизирана со препознатливите нацистички ознаки од времето на холокаустот, и навредувана со познатата наци-шовинистичка треминологија?

Сега, по враќањето од ЕУ, Берија-премиерот може да се смета за „шетан чоек”. Можел таму малку и да се распраша што значи зборот „демократија”, и дали таму, во таа недосеглива, демократска Европа, сите до еден мислат заевски „прозападно”, „проевропски” и „проНАТО”. Зашто, ако не мислат така едноумно сите, ако има поинакви, па и спротивни мислења, па дури и происточни, и антиНАТО, и суверенистички и националистички уверувања и ставови – а што да се прави кога ги има, и тоа баеги! – е, тогаш таа ЕУ, според мерилата на нашиот Берија-премиер, и не е баш некоја демократска заедница, а пак ако не е демократска, се прашувам што мајка таму си бараме ние, предводени од големите нобеловци и демократи Заев и Берија Спасовски, со сета нивна убава велепредавничка и големоалбанска демократска братија? Море, сега се гледа дека на ЕУ ѝ се потребни еден Заев и еден Оливер Берија Спасовски малку да ги доведат во „демократски” ред! И ако поради ништо друго, барем поради тоа треба таму да нѐ примат!

Затоа, вака на крајот, господа велепредавници и големоалбанци, големобугари и големогрци, запомнете: прекрасната, достоинствена триола македонски, патриотски, национално не е нешто срамно, туку, токму спротивното: таа означува еднаквост со другата наша суптилна македонска триола со која со право се гордееме: демократско, европско и светско! Тоа се нашите македонски цивилизациски знаци на препознавање, отсекогаш и за сите времиња!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.