Никола Србов

Заканата кон новинарот нема да не дефокусира, одамна знаеме дека медиумите и новинарите се под огромен притисок, ова сега е кулминација со лично жигосување на новинар. Истo како заканата кон новинарот така и навредата кон една цела група граѓани, која патем Заев ја придобиваше за свое гласачко тело, нема да не дефокусира. Вакви евтини трикови за дефокус на јавноста од суштината не врват, а суштината е „рекет“.

1. После острата реакција на меѓународната заедница за аферата „рекет“ и нивната оцена дека случајот мора да се реши, на премиерот му остануваат две опции. а. Да ја уапси целата група која била вклучена во рекетирањето а во која можеби би се нашле и негови блиски соработници. b. Да си поднесе оставка.
И во двата случаи Заев губи.

а. Доколку ги уапси сите кои се вмешани во рекетот, како што и би требало да постапи, тој стравува дека многумина од нив можеби ќе „пропеат“ а тоа „пеење“ можеби ќе води кон потреба од негово апсење.

– Александар Николоски изјави дека допрва ќе излегуваат вистините за „заевата правна држава“ во кои јавноста ќе види како биле рекетирани голем број на бизнисмени од кои биле собрани над 20 милиони евра а операцијата за уценувањето била организирана од врвот на СДСМ.

b. Другата опција е да си поднесе оставка

– Но и да си поднесе оставка кога-тогаш предметите ќе мора да бидат расчистени за што алармираше и целата меѓународна која Заев целосно ја потцени заборавајќи дека во организациите каде што сакаме да одиме владеењето на правото е прв неприкосновен услов. Тој мислел дека менувањето на името ќе му овозможи бришан простор од Македонија да направи семеен пашалук.

Но премиерот има и трета опција која за дефокусирање од случајот „рекет“ преку апсења на членови на ВМРО ДПМНЕ, но мислам дека и тој самиот знае дека ова му е најпогубна опција која ќе го втурне уште повеќе во калта во која веќе е до гуша. Таков обид за дефокус ќе биде целосно неуспешен и ќе излезе на површина она вистинското – прогон на политички неистомисленици. И сето ова на куп ќе го запали алармот по кој Македонија ќе остане заглавена.
Од ваквата неизлезна ситуација и од реакцијата на меѓународната извира оваа нервоза која ја манифестира премиерот, а таа нервоза значи само едно нешто – блиску е крајот.

2. Откако излегоа снимките во италијанскиот медиум се поставуваат две прашања за работата на Јавното Обвинителство, посебно за одделот за организиран криминал предводен од Русковска.

a. Дали обвинителството ги имало кај себе снимките кои ги објави италијанскиот медиум? Доколку ги имало, а самите потврдија дека ги имало, зошто тогаш не биле повикани обвинителите од СЈО да дадат исказ?

b. Дали доколку не беа објавени снимките од италијанскиот медиум Обвинителството немаше да ги повика на распит обвинителите од СЈО и на тој начин ќе го пресечеше ланецот кој води кон горните слоеви во шемата за рекет и ќе останеше само со долните слоеви и извршителите?

Ова последното, под b, ви кажува зошто новинарите, кои сега се мета за напад од страна на власта, јавно ги објавуваа индициите за сторен криминал. Доколку ги поднеле докази во обвинителството, како што советува Заев, и истите не ги пласираа јавно целиот случај „рекет“ ќе завршеше во темна фиока. Во тоа не уверува самото обвинитеслтво кое започна да го повикува на разговор средниот слој од шемата „рекет“ дури откако се објавија снимките јавно.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.