Весна Јаневска

„Учениците имаат учебници и таблети“ рече министерката Царовска.

Ниту учебници имаат ниту таблети имаат.

Училиштата добиваат учебници на УСБ. Потоа на директорите и наставниците им се вели учебниците да се инсталираат на дигиталните уреди на децата. Бидејќи некои деца, односно многу деца, немаат дигитални уреди, а и најголем број од учениците, заедно со нивните родители, бараат хартиени учебници наставниците им велат да си ги испечатат учебниците сами. Така почитувани заврши приказната со бесплатното образование во Македонија.

Јас на родителите им препорачувам да направат писмено барање до училиштето повикувајќи се на законската обврска на надлежните за обезбедување на учебници со напомена дека доколку не им се обезбедат бесплатни учебници во печатена и електронска форма ќе превземат правни постапки и ќе побараат правни мерки.

Самата Министерка вели дека почетокот на учебната година ќе ги чини родителите 8 000 денари за ученик. Јас разбирам дека таа сума за некои родители не е значаен издаток, но можно ли е Власта да е толку нереална за да не сфаќа дека оваа сума за најголемиот број на родители во Македонија е ЗНАЧАЈНА! Дополнително ако имаат 2 деаца, а некои и 3, тое е скоро една цела просечна плата. Ако ја има другата, со неа и режија и превоз за возрасните и храна и облека треба да се набави. И предлагам на Министерката само 1 месец да се обврзе да помине со 24 000 денари, не за друго, туку само со цел да ја сфати состојбата во која и се наоѓа поголемиот дел од народот. Нели над 5 000 кмпании се затворија, нели околу 50 000 луќе изгубија работа.

Министерке, образованието по закон е бесплатно!

Министерката целата мината година тврдеше дека училиштата ќе ги печатат учебниците, кои јас ги нареков фотокопии, затоа што училиштата немаат можности да печатат учебници, а некои и црно-бели копии не можат да обезбедст. Сум згрешила за училиштата. Родителите ќе си ги печатат учебниците од сопствените средства, а дел од нив ќе обезбедат само црно-бели фотокопии, пак од сопствени средства, затоа што само тоа можат да си дозволат. Навистина убав начин за да се учи за еднаквост, рамноправност и се разбира за прифаќање на различностите.
За тоа дека 2 деца ќе користат еден учебник, немам коментар. Оставам сами да судите до кое дереџе дојдовме во 21 век со заем од 21,5 милиони евра за реформи во образованието.

Што се однесува до таблетите потсетувам, дека таблети требаше да се обезбедат за сите деца, така велеа директорите. Небило за сите, сега според Министерката било само за децата од ранливите категории. Пред 2-3 дена Министерката порача“ секој кој може нека обезбеди дигитален уред за детето“, што значи дека таа всушност и не знае колку таблети и требаат, или како што веќе се зборува таблети нема доволнони за децата од ранливите категории, иако заемот е 21,5 милони евра.

Не знам дали таблетот е вклучен во сумата од 8 000 денари.

Дигитаните уебници пропаднаа. Нема вистински дигитални учебници какви што Министерката најавуваше. Бидејќи насоката е да се спуштат учебниците на таблетите, ги спуштив од страната на МОН и добив ПДФ учебник, не дигитален учебник. Навистина има додатоци, кои не се интегрални со учебникот, туку се посебно доставени аудио и видео материјали, па ученикот треба да влегува и излегува од папка во папка, да губи време и да се деконцентрира. Дигитализацијата е почната и недовршена. Прашувам зошто учебниците не се дигитализирани како што треба?. Немаше време? Немаше. Нема фирма која ќе ја изведе дигитализацијата? Веројатно има, ама време нема. Скапо е? Да, скапо е. Работа на министерот е да цени и проценува и правилно да планира. За жал од сето тоа ништо нема!како што се претпоставуваше по секоја цена се брзаше само да се почне без оглед на квалитетот.

После цела година миење на мозокот и вознемирување на јавсноста станува јасно дека проектот дигитализација на учебниците, се извинувам, материјалите за учење, кој требаше да биде база на реформата е комплетно пропаднат. Се разбира, предизвици има, ќе се справуваме со нив и во иднина учебниците ќе се постават на националната платформа, која патем ја нема. Понекогаш иронијата е лек за душата.
Во однос на превентивните мерки состојбата иста како и кај сѐ друго. На вториот училишен ден 3 класа од 3 различни училишта отидоа во изолација, на третиот дем трендот продолжува. Дали почетокот на учебната година со физичко присуство не беше само обид да се приккаже пред сите дека ете се работи во корист на образованието и со намера да се преина на онлајн настава после првите 2-3 неедели? Или токму пред избори? Од мерките против Ковид епидемијата во одредени училишта се спроведува мерка учениците на малите одмори да седат во училница, која нема мијалник за раце. Од другите мерки издвојувам 38 во еден и 40 ученици во друг клас, како што се случува во една Скопско средно училиште. Доволно е, останатото веќе е познато.

Министерката во стил на Понтиј Пилат си ги мие рацете и вели “Општините се одговорни“.

Да, општините имаат одговорност, но зарем никкој не и кажа на Министерката дека тие се различно спремни? За жал никој не и кажал, или таа не нрашала, или пак и прашала ама толку води грижа. Нејзините раце нема да може да се измијат како оние на Пилат, различно е, се плашам дека ќе останат валкани.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.