Михајло Маневски

На 17 јуни на денот на двегодишнината од капитулантскиот Преспански договор, злосторниците на Македонија и македонаскиот народ Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски и кликата окулу нив, го посетија местото на злосторот. Ја посетија Преспа, таму каде што се подпиша тој фатален договор за Македонија и за македонскиот народ.

Во селото ЉУБОЈНО „свечано” ја одбележаа двегодишнината од капитулацијата и предавството што го извршија. Се вратија на местото на злосторот. Однародените изроди, бедници, лажомани и велепредавници одбраа за нив сосем за пристоен амбиент. „Свечаноста” се одржаа пред руинираната училишна зграда во селото, која има посебно значење за Македонија и за македонскиот јазик.

Зоран Заев предавник, лажоман и кривоклетник, црпнат од нива со образ како ѓон, застана да држи говор пред жалната слика на руинираната зграда на ПРВОТО УЧИЛИШТЕ НА МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „Димитар Влахов“ во Македонија, кое почнало да работи на крајот на виорот на војната на 15.11.1944 година. Одржа говор и техничкиот претседател на Владата Оливер Спасовски и од татко проколнат со сушење на рака на секој подписник на договор Никола Димитров, кој го подпиша договотот.

Од некогашната прекрасна училишна зграда денес високо стојат само зидовите издигнати на цврстите темели и пркосат на времето, со урнисан покрив. На самиот врв на зградата на средишниот дел на капителот, гордо стои изгравирано СОНЦЕ. Изгравирано е половина сонце со ОСУМ КРАКА на училишна зграда изградена пред повеќе од 100 години.

На зградата доминира бела мермерна спомен плоча поставена од просветни работници на 2-ри август 2004 година по повод 60-годишнината од работата на Првото училиште на мајчин македонски јазик „Димитар Влахов“ во селото. Од тоа училиште излегле голем број високо стручни кадри. Тоа е накратко жалната слика на амбиентот на симболот на „прославата”.

Симболот на прославата е одраз на  руинирана политика

Што слават? Сликата на руинираната училишна зграда е симбол на руинираната политика на ова однародена капитулантска корумпирана власт на предавникот Зоран Заев и квислинзите окулу него. Овие бесрамници одбележуваат прослава на капитулантски Преспански договор со кој целосно се врши идентитетски, културен и историски етноцид на македонскиот народ. Со најгрубо насилство, уцени и подкуп ја погазија вољата на народот изразена на референдум и го сменија вековното име Македонија. Направија некаква вештачка творба СЕВЕРНА.

Во СЕВЕРНА, веќе нема ништо македонско. Нема основни идентитетски и културни белези на македондкиот народ. Нема Македонска академија на науките и уметностите, Македонски народен театар, Македонска филхармонија. Ги прекрстија во НАЦИОНАЛНИ, а на која националност тие припаѓаат, кога нема маедонска националност. Нема веќе ниту Македонска фудбалска репрезентација, со која се гордееше Лубчо Ѓорѓиевски, но и тој лесно се откажа и се предаде пред налетот на предавниците.

Многу многу срамно и трагикомично, се избегнува да се изговори името МАКЕДОНИЈА. Тоа, пред сè се однесува на носителите на највисоките функции во државата! За две минути говор сто пати ќе изговорат Северна Македонија, а никако само Македонија. Срамно, но вистинито. Се трудат кој ќе излезе поглуп, попрост и помизерен.

На одбележувањето на 2-ри август во вилата Водно, Стево Пендаровски упорно одбегнуваше да го изговори името Македонија. Кажи Македонија, стоко, му напишаа граѓани на соцјалните мрежи. Стево Пендаровски, во интервју од 15.04.2019 година изјавува дека на Зоран Заев му верува 102%!. Уште не седнат на столот, призна дека Гоце Делчев бил Блгарин, кој се борел за автомномна Македонија!. Го изгуби сиот ионака сиромашен кредибилитет и си стави лепешка на глава, која ќе си ја носи за навек. Смрдежот на лепешката стално ќе го подсетува на предавството што го направи. Лепешкарот со таква лепешка на глава, никогаш нема да има ниту почит, ниту верба, не само како претседател, туку и како човек.

Ги урнисаа Одлуките на АСНОМ. Зоран Заев, дури и се извинува што Илинденското востание го нарекол македонско, замислете каков бедник! Нема да добиете одговор ниту на прашањето на кој јазик зборуваат македонците во Грција, во Егејска Македонија и на кој јазик зборувале предците на Никола Димитров од Цакони. Се откажаа од македонскиот народ кој како национално малцинство живее во соседните земји. Го направија тоа без око да им трепне, како во никоја друга земја во светот.

Во Северна Македонија нема македонци. Македонците веќе не се препознаваат во светски размери и секаде се бришат. И најсофистицираните елекртонски уреди не ги препознаваат новопокрстените довчерашни македонци. Професорот на Правниот факултет Тони Десковски дури смета дека ние сега сме Северномакедонци, а не Македонци. Како професор би требало да знае дека е повредено елемнтарното човеково право на самоопределување. Ама незнам зошто толку се глупира!

Згазија на емелементарните норми за човекови права. Досегашните македонци стануваат анонимуси без корен и без идентитет. Еден исконски народ го бришат од земјината топка, народ кој низ вековите ја пренесуваше писменоста и просветлувањето. Тоа го сторија изроди, на кој ке им суди народот и историјатаза предавството што го извршија. Тоа народот никогама да им го прости.

Нема националност мекедонец, нема државјанин на Македонија. Не претворија во ТРИ коси црти /// – граѓани на Република Северна Македонија, мекотелци, амеби, дрво без корен во 21 век!?.

Нема македонсеки производи. Тие сега се прекрстени во домашни! Таква корумпирана предизборна акција спроведува Владата со цел за подкуп на избирачи – купувајте домашни производи, а не купувајте македонски производи. Уште не им текнало да ги сменат фискалните каси. И денес во продавница ќe ви дадат сметка на која стои  “промет од македонски производи”.

Нема македонски песни. Се пушта секаков шунд, но од илјади песни испеани од народот за Македонија, како за ниту една друга земја во светот, нема ништо да слушнете.  Тек, тук, веќе похрабро се јавуваат една до две ТВ куќи кои со мерак ја подотвораат вратата. Нема Македонско девојчеитка шарена или Вие чупи Костурчанки. Можеби за чупињата од Костур ке ни запее мојата соселанка КИЦА КОЛБЕ, егејката од Башино село, член на Комисијата за спроведување на договорот со Грција, која се отепа напаѓајки ја родната земја, а ниту случајно нема да  и падне на памет да побара да се вратат имотите на протераните.

 

Сонцето секогаш било симбол на македонскиот народ низ вековите

Сонцето гордо стои на врвот на руинираната зграда во селото на само неколку километри од границата со Република Грција. Не му паднало на памет на оној градоначалник од Ресен со брусилка да го избрише, како на оној налудничав градоначалник од Крива Паланка. Бришење на историјата започна во Струмица во 2014 година во време на тогашниот градоначалник Зоран Заев, каде со брусилка е осквернавен споменикот на народиот херој Благој Јанков Мучето. Се брусеше знамето дури и од геризните шахти, се менуваа табли и плочи. Какви лудории?

Зоран Заев, Оливер Спасовски, Никола Димитров и кликата окулу нив, како не занемеа од почит кога ја видоа мермерната плоча на зградата на првото училиште во Македонија на мајчин македонски јазик, кое почнало да работи пред 76 години? Како не се запрашаа како тоа после само 3 месеци од првото засенание на АСНОМ почна да работи првото училиште во Македонија на мајцин македонски јазик во уште не завршената војна. Во селото Подвис–Кичевско, кратко времне се одржувала настава

на македонски јазик уште во 1943 година, после ослободувањето на Кичево. Се запрашаа ли овие предавници, како тоа, само после 3 месеци од заседанието на АСНОМ бистрите праспански деца и учители го совладаа коминтерновскиот јазик на коминтерновската творба Македонија? Како тоа само после три месеци од заседаниертот изведуваа настава на мајчин македонски јазик? Како не занемеа пред македонското сонце на врвот на зградата без покрив, кое гордо стои стотина години, како симбол, а сега и како опомена.

Предвесник на овој грозоморен амбиент е покојниот великан и еден од доајените на македонско надреалистичко метафорично сликарство Спасе Куновски. Фигурите од неговите платна, како да стојат во еден миг на исчекување, кој како да претходи на некоја катаклизма. Глави распукани, черепи кои чурат и од нив излегува чад, глави без теме, како асоцијација на зградата без покрив, опустени села, распаднати куќи, распарчани семејства, растурање на историјата и културата, по теркот на оној “европски демократ” од Бугарија Ангел Џамбаски, ако треба и со ќотек.

Да имаа трунка совест, кога сето тоа го видоа пред нив, ќе се поклонеа пред спомен плочата на Првото училиште на мајчин македонски јазик основано пред 76 години и ќе си заминеа со наведнати глави засрамени од бришење на историјата и срамното откажување од македонските преродбеници и просветители, дејци и култни борци за самостојна Македонија, правејки ги заеднички!? Но од овие изроди неможе да се очекува ниту чесност, ниту совесност, ниту почит.

Сега за нив е време на бришење и распродажба на историјата на Македонскиот народ, како на пазар. Сега е време на уцени и застрашувања. Сега е време на корупција, рекет и грандиозна пљачка на народот. Сега е време на масовен подкуп на избираци и наводни „невладини” организации со државни пари, по секоја цена да се добијат изборите. Предавниците не избираат начин и трошат огромни средста што ги пљачкаат од народот, да ги купат изборите.

Заглавени во милионски рекет и марихуана империјата на кланот ЗАЕВИ, ја загубија главата и веќе не знаат што прават. Дури и Оливер Спасовск изигува адвокат и се обидува да го брани од криминалот на кланот!? Сè ставија на една карта oll in, како што се закануваше кривоклетникот дека ќе јаде живи луѓе, тоа и го стори. Гнијат во зандани  наводни терористи, осудени на драконски казни за монтиран политички случај. Грандиозните случаи на рекет и галопирачка корупција се заташкуваат, па и дури и најновиот рекет од  6 милиони евра. Молчат јавнте обвинители Јовевски и Русковска. Тие не ја извршуваат финцијата. Молчат и го кршат законот со злоупотреба на положбата штитејки го  криминалот и за тоа треба да положат сметка. Тоа право никој не им го дал.

Многу се лажат Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовеки, Радмила Шекеринса, Петре Шилегов и кликата окулу нив, дека овој пат ќе го измамат народот со подкуп и со лажни ветувања. Овој пат народот не можат да го излажат и неможат да го купат. Народот го подценија и го навредија. Неможат да ги купат изборите и со вреќи народни пари да истурат, за кои ќе одговараат. Народот не е недоветен како што сакаат да го прават и да го подкупат со конзерви, макарони и ситни пари. Ќе поминат овие времиња и ќе дојдат нови, кога ќе положат сметка за сиот криминал што го прават и за сето понижување на народот.

Сега е време на трезнење. Сега е време на разум. Сега е време на одлука за спас од криминалната предавничка тиранија на ова ненародена власт. Сега е време на одлука за спас на Македонија или за нејзина пропаст. Сега е време да се раскрсти еднаш засекогаш со криминалците на власта кои го опљачкаа народот и ја предадоа Македонија. Сега е време народот да им нанаплати за сите лажни ветувања и понижувања. И тоа ќе го стори.

Одговорот ќе го добијат на 15 јули, кога ќе биде катастрофално поразана ова криминална погубна предавничка политика на Зоран Заев и квислинзите окулу него. Набрзо по тоа, пред НАРОДНИОТ СУД ќе одговараат сите предавници и пљачкаши и ќе положат сметка за сите злодела што ги направија.

Главата горе народе. Дојде времето на одлука да се спасите и вие и вашите поколенија од овие предавници, пљачкаши и криминалци. Дојде време да ја спасите Македонија.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.