Моооре забеганиии! На ова Бугариве како чавките умот да им го испиле, па се претвораат во муви без глава. И тоа не од оние обичните, туку од оние големите, с*рки. Веќе не знаат ни каде се, ни што прават. Изгубени се во просторот и времето.

Не минува ни ден да не се чепнат. Колку да не ги заборавиме дека воопшто постојат. Иако за некој ден треба да излезат и да гласаат. А, божем ни префрлија дека не може кампања да се води на сметка на Бугарија. За нив, секако, може. На сметка на Македонија. Зашто, нели, тие се од Бога дадени. Та, постари се и од Адам и Ева. Со нив почнува и завршува светот. Ашљаци!

И според системот топло-ладно. Еден ден ќе се нафрли, така, нешто благонадежно, а веќе утре следува глупост. Невидена. И која од која поголема.

Да се чуди и да не му се верува на човека. Да не му се верува дека држава и народ со историја, традиција, култура може да изнедри ваква глупава генерација политичари. Се разбира, чест на исклучоците. Не дека нема такви. Напротив, ги има, ама некако не доаѓаат до израз од ова недокваканиве. За жал, тие оро водат и вијат. Ај ќе видиме до кога.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја пропушти шансата да манифестира лидерство на Западниот Балкан. Да имаше малку визионерство немаше да дозволи српскиот претседател Александар Вучиќ да ги собере ловориките во борбата против корона вирусот.

Масовната имунизација на граѓаните од БиХ, Македонија, Црна Гора, па и од некои западноевропски земји во Србија го истакна Вучиќ во улога на глобален играч на овие балкански простори. И за тоа Борисов може само да жали и да му завидува.

Пред неколку месеци кај Бојкота престојуваше нашиот министер за здравство, Венко Филипче. И главната порака од таа средба беше дека Македонија ќе добива по еден дел од вакцините, што ќе пристигнат во Бугарија. Колку само убаво звучеше тоа за уво. Арно, ама Бојко како Бојко. Жив човек, жив ѓавол.

Едно мисли, друго зборува, трето прави. Ни вакцина видовме, ни бутур. Сега Бојко повторно вети 5.000 вакцини. Ама подобро да не ги носи и нека си ги стави во… Впрочем, знае каде. Од него ни чаша вода, што се вели. Се додека е ваков, никаков. Само после да не јаде бурек по комшии за повампирен србокомунизам во Македонија.

А, книгите! Оние, де, близу 1.ооо. Од акцијата Испрати бугарска книга во Македонија. Море ашљаци! Па, барем нешто ново, некоја нова книга да пратат. И Зборникот на Миладиновци и делата на Димитар Талев тука се познати повеќе од 25 години. Познато е и кога, и зошто, и како се пишувани. Нашле таму некој будала од нивните служби, кој треба да ни ја открива вселената. Види му го суратот, ќе ти биде јасна како ден намерата.

Не, па, книга да му земеш. Може, така, по еден примерок да им даде на Денко и на Владо. За да ги прошират знаењата како „вљубеници“… во бугарскиот пишан збор. Кој сега, нели, треба да биде основа за сотирање на македонистичкиот културен дух. А, којзнае, можеби и ќе им текне да покренат иста, реципрочна акција Испрати македонска книга во Бугарија. Нека не се секираат, имаме и ние македонски културен центар во Софија.

Ако не заборавиле во меѓувреме. Богами и книги имаме. Ако не се срамат од нив. Денко може да земе од оние што татко му Владо ги пишувал или нарачувал за обработка и објавување. А, Владо под мишка нека си ја понесе „Седумте секретари на СКОЈ“. Со нив растел и пораснал и одлично ги познава.

Читам, нашето Министерство за надворешни работи се вознемирило од предизборен спот и се одважило да му возврати на малиот наци, Ангелчо. Оној Џамбаски, де. Па, тој се уште да ти бил жив! Мислам, политички. Уште не чувствува дека е жив мртовец. Ај, млад е, ќе го сфати тоа кога ќе му дојде времето. Еве им ги изборите, кај и да се, тука им се.

Ама нешто се ку*чи. Со каузата. Македонија. Види мајката, таа, Македонија, да ти имала привремени владетели. И мизерна сегашност, градена врз лажни темели. А, на почитуваниот премиер Заев му вели дека колку и да се врти, Македонија е бугарска. И колку да се врти, Албанија секогаш ќе биде од запад.

Море, ашљак еден! Таа, Македонија, каква е, таква е, таман е, стигнала ти да и ги поставуваш темелите и тебе да те чека за да бидеш нејзин траен владетел! Оди сокри се таму! Зарем не гледаш дека си грешка на природата!

Патем, научи ги и законите на природата. Зашто, колку и каде и да се вртиш, не Македонија, туку дупето ти е од зад! И оди само покрај „стена“. Ова се нови времиња и нема да знаеш кој со какви намери те гледа, што ти мисли и што му се мота во глава. За секој случај, носи си лубрикантче со себе.

А, кога ќе легнеш и ако успееш да заспиеш, почни да сонуваш. Убави и слатки сништа. Почни од „мизерната“ сегашност на Македонија. Зашто, таа „мизерна сегашност“ на Македонија е, всушност, блиско „мизерно минато“ на Бугарија. Да не мислиш дека Бугарија секогаш била некаков „раскош“?! Ако немаш кого да прашаш за ова, прашај ги мајка ти и татко ти. А, ако они не сакаат да ти кажат, дојди јас ќе ти (рас)кажам за Златните песоци, за Созопол, Варна, Софија, Пловдив…

И да, немој да го заборавиш македонизмот. Почни да го сонуваш. Полесно ќе ти биде да се привикнеш и да живееш со него. За да не го поминеш целиот живот во илузии.

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.