Ламбе Арнаудов

Што туку се вратив од Црква после одржаниот Акатист (пофални песни) посветен во знак на благодарност кон Пресвета  Богородица, која ни го роди Синот Божји, Спасителот на нашите души и тела.

Ево од мене еден искрен и топол Акатист за страдните души на македонските чеда кои денес беа неправедно распнати како Исус Христос од клети домашни Ироди.

Не тагувајте, синови македонски и мои браќа затоа што од вашите страдања ќе се роди радост.

 

Се стемнува, се смркнува,

Во затворот паѓа мрак.

Од пенџерето ме гледа

Дење ноќе еден враг.

 

Колку сакате гледајте,

Нема тука да останам.

Синџирите што ме стегат

Ќе ги скинам, ќе бегам.

 

Белегзијо! Белегзијо!

Вие црни стражари,

Свивајте се, кршете се,

Дајте Слободата ми!

 

Колку убаво е надвор

Колку чист е воздухот

Таму другарите ме чекат

Да им сменам стражата.

 

Многу скоро стража ќе смениме. Вие надвор ќе се најдете, а вашите места џелати клети ќе ги заземат.

До скоро видување, при Вашиот брат во Охрид, Ламбе

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.