Постојат знаци во Зодијакот кај кои жестоката и страсна природа е видлива во сите аспекти на животот, особено во спалната соба

Жените родени под овие три знаци знаат да уживаат во сексот без граници.

1. Шкорпија

Имаат поголем сексуален апетит од сите други знаци. Нејзината жестока и страсна природа е видлива во сите аспекти на животот, особено во спалната соба. Сексот со неа е секогаш возбудлив, најмногу затоа што сака да пробува нови работи.

Сè што треба да направите е да се насмеете на одреден начин, да ѝ испратите порака со поглед или да ја допрете и таа веднаш ќе разбере на што мислите и ќе ја прифати играта. Луѓето кои стапуваат во сексуална врска со Шкорпиите треба да имаат силно либидо и да се подготвени добро да се испотат во спалната соба.

2. Овен

Жената Овен сака добар физички предизвик и нема подобар предизвик од сексот, нели? Сексуалниот апетит на Овенот е поттикнат од чист адреналин. Сака да освојува, а сексот со неа е секогаш полн со страст, игри и експериментирање.

Жените од овој знак се исклучително страсни, што изобилно го покажуваат во спалната соба. Се чини дека нивниот сексуален апетит е поврзан со немирност и желба за игра.

3. Бик

За жената Бик допирот е многу важен во сексот, а бидејќи сака да се држи за раце или постојано да се допира, нејзиниот сексуален нагон е секогаш силен. Таа е многу тврдоглава и никогаш нема да признае дека е иницијатор за секс, но и двајцата сте свесни дека таа секогаш ве искушува и индиректно алудира на секс.

Нејзиниот сексуален нагон е од физичка природа, затоа внимавајте на допирањето, галењето, па дури и на сензуалната масажа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.