Експертите и научниците што го истражуваат однесувањето на луѓето кога станува збор за љубовта и сексот спроведоа интересно истражување за да утврдат врз основа на што повеќето жени ја избираат својата посилна половина.

Таквите истражувања покажале дека најголем дел од жените за свој животен сопатник попрво би одбрале и не премногу привлечен маж кој може да ги насмее и да се грижи за нив, а не физички атрактивен маж со мускулни плочки на стомакот.

Сигурност пред привлечност

За разлика од мажите, на кои им е важен изгледот на нивнната избраничка од гледна точка на еволуцијата, односно поради добрите гени што ќе бидат пренесени на потомството, за жените е многу поважно да имаат стабилен, сигурен и посветен маж, кој нема да флертува наоколу, туку на неа и децата ќе им овозможи безбеден дом.

Карактер пред физички изглед

Атрактивните мажи обично сметаат дека да се биде привлечен е доволно и затоа не работат на развој на нивниот карактер, туку чекаат жените да паднат пред нивните нозе.

Но, откако ќе помине фасцинацијата од физичкиот изглед, останува само неговиот карактер и особини и секоја жена повеќе би сакала да го сподели својот живот со харизматичен, духовит и талентиран маж отколку со маж кој единствено што има да понуди е неговата убавина.

Отвореност пред мускулесто тело

Добрата комуникација, отвореноста и изразувањето на емоциите се исклучително важни за жените. Нема ништо попривлечно од маж кој е мажествен и полн со самодоверба и кој не се срами да му покаже на целиот свет дека вие сте неговиот свет.

Атрактивниот и себичен маж кој е вљубен во неговите бицепси и неговиот одраз во огледалото покрај првиот тип на мажи едноставно нема шанси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.