Ова се трите работи што се неопходни за жените. Кога ќе останат без нив, тие бараат друг маж што ќе им ги овозможи…

Заштита

Ова не подразбира само заштита од насилници. Денес, својата сопруга мора да ја заштитите и од безопасни, но не помалку деструктивни работи. На пример, да ја заштитите од гневот на свекрвата ако живеете со вашата мајка. Ова е многу важно, иако не е очигледно. Мора да бидете подготвени да ја заштитите од лошиот шеф, така што ќе ѝ дадете поддршка и можност да најде подобра работа. Да ѝ помогнете со материјалната егзистенција.

Задача на мажот е да ја заштити жената од она што се плаши и со коешто не може самата да се избори. Основната машка функција е да ѝ даде мир и сигурност на жената. Ако не можете да го овозможите тоа, нека не ве изненадува нејзината неверност. Запомнете, ако не сте биле таму кога ѝ требало заштита, сте направиле чекор назад.

Помош

Ова е најочигледната манифестација на љубовта. Со тоа што одбивате да ѝ помогнете на вашата жена, вие ѝ велите „Не те сакам!“. Па што очекувате тогаш од неа? Треба да ѝ помогнете на вашата партнерка, дури и ако не станува збор за „машка“ работа. Ако видите дека не може да се справи со нешто, помогнете ѝ. Помогнете ѝ кога е уморна поради бебето. Помогнете ѝ кога оди да пазари. Помогнете ѝ ако видите дека има тешкотии на работа, пригответе ѝ вечера. Бидете тука за неа кога ќе се најде во неволја!

Сексуални емоции

И на жените им треба секс. Но, малку поинаков отколку на мажите. Всушност, токму затоа настануваат повеќето недоразбирања и неверства. На жените во сексот им требаат емоции, а не квантитет и квалитет на перформанс. Жените сакаат нежност, страст, желба, нешто ново. По 5-7 години брак, убаво би било мажот да поработи малку на некои новитети во сексот.

Ако не ѝ го дадете она што ѝ треба, жената ќе ја побара среќата на друго место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.