Сексуалното образование во училиштата е повеќе од сиромашно. Се запрашав: што ќе сакав да дознам на часовите, а го научив по потешкиот пат, правејќи грешки во животот? Одоздола е одговорот на моето прашање, а потоа им го поставив и на моите другарки. Еве ги нашите „секс-мудрости“ од прва рака…

И жените сакаат секс!

Првпат се сретнав со поимот ерекција на часот по биологија. Учевме дека врз основа на ерекцијата можеме да препознаеме дали мажот сака секс. А што е со жената и со нејзината желба? Дали некој некогаш ни зборувал на часовите за потенцијалните начини на кои жената ја демонстрира желбата за секс? Се разбира дека не. Кога наполнив 15 години, ми беше кажано да бегам од момчињата што „те брзаат“, на 17 се прашував каде се тие момчиња, дали некој го има нивниот телефонски број?! Замислете, жените сакаат секс еднакво како и мажите! И тоа е сосема легитимно. Сексуалната желба не нè прави лесни жени.

Не, мажите не се секогаш расположени за секс

Кога првпат се најде во ситуација момчето да ѝ каже дека не е расположен за секс, Мина беше очајна. Беше убедена дека мажите постојано се расположени за секс и дека со тоа што не сака со неа, всушност планира да ѝ раскине. Да ѝ беше претставена помалку стереотипно машката сексуалност на часовите по биологија, Мина ќе заштедеше часови и часови неутешно плачење што следуваа по таа случка, а нејзиното момче можеби ќе собереше храброст да ѝ ги довери проблемите што го мачеа и кои му го уништија либидото во тој миг.

Комуникацијата е клучот за добар секс

Кога своите најрани сексуални искуства ги набљудува од сегашна перспектива, на Сања ѝ изгледаат просечно.

Всушност, проблемот е што тогаш не знаев да кажам што сакам. Се надевав дека мажот ќе ми ги прочита мислите и ќе го направи она што го прават глумците во филмовите кога романтично водат љубов во тишина“, вели таа.

Во реалниот живот нема такви сцени. Доколку сакаме навистина да уживаме во сексот, важно е да разговараме со партнерот и да му објасниме што ни се допаѓа, а што не.

Поинтензивни емоции предизвикуваат поинтензивен оргазам

Весна ни ја открива својата сексуална фантазија: како помлада,замислувала како води љубов со тотален странец. Во нејзината фантазија тоа беше најжешкото искуство што го доживеала: дива страст, срце што силно чука, експлозија од емоции. И едно лето доби можност и да ја оствари. Искрите помеѓу неа и непознатото момче светкале на сите страни, но кога дошло до секс, тоа било најнепријатно искуство во нејзиниот живот.

И двајцата биле воздржани и „млаки“ и им изгледало дека сè прават погрешно затоа што не знаат ништо еден за друг. Авантурата завршила како фијаско.

Она што го научив тогаш е дека љубовта е основа за вистинска сексуална комуникација. Колку се емоциите посилни, толку е и оргазмот поинтензивен. Најдобар секс ќе имате со некој што го сакате лудо, а не со непозната личност“, вели таа.

Мастурбацијата е опција секогаш, можеби и подобра од лошиот секс.

Се сеќавам дека на 20 и кусур години се согласив да одам на состанок со едно многу здодевно момче, и тоа само заради тоа што знаев дека постои можност да имаме секс“, раскажува Марина.

Денес во таквите ситуации се потсетувам дека имам вибратор! Да знаев порано дека тоа не само што е можно туку и дека имам право на сигурен, добар, здрав секс со самата себеси, немаше да трошам време на празни разговори“, смеејќи се вели таа.

Повеќе на Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.