Истражување спроведено во САД во кое учествувале 212 студенти со просечна возраст беше 21 година се обидува да даде одговор на прашањето зошто по прекинувањето на една долга љубовна врска, партнерите честопати остануваат во контакт, што понекогаш може да прерасне во повремен секс.

Сите учесници во истражувањето се луѓе кои барем еднаш имале сексуални односи со поранешни девојки и момчиња во период од две недели по раскинувањето на долга врска.

За време на истражувањето учесниците добиле низа прашања во врска со последната сексуална врска што ја имале со нивниот поранешен партнер и низа прашања за тоа дали би сакале да стапат во врска со лицето со кое раскинале.

Општо земено, мажите биле поотворени кога станува збор за разговор за секс по раскинувањето. Но, нема разлика меѓу мажите и жените кога станува збор за признавање на емоциите што сè уште ги имаат за поранешните партнери. Исто така се покажало дека кај жените има поголема веројатност да жалат за она што го сториле откако се впуштиле во сексуални односи со некој со кого неодамна се разделиле.

Во вториот дел од истражувањето учествувале 92 лица, а нивната задача била да ги запишат причините поради кои имале секс со поранешни љубовници. Третиот дел од истражувањето било спроведено преку Интернет и во него биле вклучени 585 лица, на кои им се понудени 52 причини добиени во претходниот дел од истражувањето.

По завршувањето на сите три дела, истражувачите дошле до заклучок дека впуштањето во сексуален однос може да се генерализира на три главни причини.

Желба за одржување контакт

Оваа причина се однесува на емотивните елементи на сексот по раскинувањето, како што се љубов или заљубување по раскинување, како и осаменост и недостаток на партнер.

Задоволство

Оваа причина се однесува на физичките и хедонистичките елементи, а тоа се желбата за задоволство, забава, задоволување на потребите и секс со личност со која се разбирате и со која ви е пријатно.

Измешани чувства

Оваа причина се однесува на нејасни емоции и обидот да се дојде до одговор преку сексуален однос. Луѓето кои имаат измешани чувства честопати се обидуваат да ја преболат својата поранешна љубов или да ја повратат самодовербата на овој начин, да се чувствуваат подобро или помалку под стрес.

Она што треба да се потенцира е дека ова истражување не дава одговор на прашањето дали сексот по раскинувањето е добра работа и колку е чест меѓу луѓето. Исто така, во оваа студија има одговори што не може да се категоризираат во овие три главни причини, како што се пијани одлуки и секс како начин да се каже последен поздрав.

Главниот заклучок е дека сексот по раскинувањето е навистина сложена тема и феномен што може да се истражува од повеќе агли.

Тоа што треба да знае е дека не треба да имате секс со вашиот поранешен партнер затоа што постојано се надевате на помирување, но од другата страна не добивате ништо повеќе од физичкото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.