Жена од Уганда му го отсекла пенисот на својот сопруг откако тој одбил да има секс со неа. Тој сакал да ја казни поради тоа што таа непрекинато пиела алкохол, пишува „Дејли Мејл“.

Беатрис Акен (30) на 30-ти јуни се вратила дома во околу 22 часот па од сопругот Мојсиј Окота (46) побарала да имаат секс.

Тој кажал дека тој ден неговата жена кога се вратила дома го нападнала.

Откако се случило тоа, Беатрис е во бегство.

Жртвата верува дека неговата сопруга го направила ова затоа што не сакал да спие со неа.

Како човек јас повеќе не можев да толерирам такво однесување, па одлучив да скратам од сексот со надеж дека таа ќе се вразуми, изјавил тој.

Ова не е првпат Беатрис да се однесувала насилно кога мажот одбивал да има секс со неа. Сведоци изјавиле дека минатата година му ја скршила клучната коска и дека побегнала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.