Тие се комуникативни, интуитивни и обожаваат промени. За нив важи правилото дека не стареат, а сексот умеат да го направат фантастично искуство. Изгледаат одлично, имаат многу енергија и со сигурност ќе ви го расклатат креветот. Нормално, станува збор за Близнаците.

Близнаците генерално повеќе ги привлекуваат интересните, отколку згодните луѓе. Тие се неверојатно шармантни, умеат да флертуваат и друштвото едноставно го имаат на дланка, бидејќи се одлични раскажувачи на приказни и шеги. Нивното расположение се менува кон лошо единствено доколку ги оставите сами или доколку прават нешто досадно. На Близнаците им е потребна константна стимулација и ангажираност во различни активности, бидејќи така се чувствуваат најдобро и блескаат.

Жената родена во знакот на Близнаци е паметна, малку зајадлива и саркастична. Секогаш сака да го има последниот збор во дискусијата. Близнаците сакаат авантури. Доколку сакате да ги задржите покрај себе, немојте да сте предвидливи и досадни, бидејќи веднаш ќе ве откачат.
Тие доживуваат удари и веднаш се креваат од земја, како вистински Феникс од пепелта.
Имаат меко срце и брзо простуваат, но немојте да се залажувате дека Близнаците се глупави.
Тие едноставно имаат одговор за сè во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.