Светски познатата пејачка Сиа, долго не се појавуваше во јавноста без големи перики кои ѝ го сокриваат лицето, а за нејзиниот приватен живот се знае многу малку.

Неодамна за магазинот „GQ“ зборувала за многу интимни работи. Открила дека посвоила син, но и дека не ја интересираат сериозни врски.

Откако признала дека повеќе ѝ одговара секс без обврски, открила и на кој музичар му дала таква понуда. Станува збор за Томас Пентз, познат под уметничкото име Дипло.

„Тој е еден од најталентираните и најпривлечните луѓе на светот“, рекла за Дипло, со кој соработува веќе 10 години и признала: „Поголемиот дел од времето се обидуваме да избегнеме секс бидејќи тоа ќе нѝ го расипе деловниот однос.“

Открила дека сепак потклекнала и му понудила секс.

„Неодамна му исрпатив порака и му реков дека тој е еден од 5-те личности на светов кои ми се сексуално привлечни. Му реков дека одлучив остатокот од животот да го поминам како соло жена, бидејќи, после посвојувањето, немам време за врска и да ми се јави ако е заинтересиран да имаме секс без обврски“, раскажала таа.

Сепак, не открила што ѝ одговорил тој.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.