Машкиот полов орган е сочинет од сунѓересто ткиво, а познато е дека сунѓерот може да се собере и да стане помал од што е. Сунѓерестото ткиво на пенисот е исполнето со крв, а што се однесува до големината на пенисот, математиката е едноставна – колку повеќе крв толку пенисот е поголем и обратно.

Кога е студено, нашиот организам тежнее да ја повлече целата крв од периферните крвни садови, за да ја насочи кон виталните органи, за кои е најважно да бидат топли. Без крв прво остануваат екстремитетите, кои и се најистурени, бидејќи тука најмногу се губи топлина, а најмалку е потребна, па така нашиот пенис останува без големина.

Според истражувањата, на ниски температури, пенисот може да се смали за 50 отсто и да изгуби до 30 отсто од обем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.