Минатата недела англиската полиција добила повик дека често се случуваат „експлицитни случки“. А потоа полицијата уапсила шест стари лица, меѓу кои се наоѓала една жена и нејзиниот сопруг.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилијамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линарк (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џојс Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, а Добинс и Линарк добиле обвинение и за „соблекување во јавност“ – еден од нив е пронајден во својот автомобил како седи насмеан, без пантолони и долна облека.

Откако ги уапсиле и ги испрашале, пензионерката и пензионерите биле пуштени да се бранат со слобода. Сепак, сопружниците Батлер, кои имаат пет деца и 14 внуци, тврдат дека само седеле во автомобилот и уживале во природата во паркот.

Полицијата, како што навела, ги зголемила активностите во подрачјето од почетокот на август, по повеќе пријави за „сексуални активности на сомнителни парови“.

Додале дека ќе продолжат да ги следат случувањата во Ферфилд за јавниот простор да биде удобен и сигурен за сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.