Девојка (21), која сакала да остане анонимна, пред неколку седмици спиела со пријателот на нејзиниот татко, кој наскоро ќе наполни 50 години. Тој исто така е татко на нејзината другарка, па тоа е многу проблематична ситуација.

Сексуалниот однос помеѓу нив се случил, како што кажува таа, по 21-от роденден на другарката, односно неговата ќерка.

Тој е разведен така што не можеме да кажеме дека станува збор за изневерување, но се грижам како мојот татко и другарка ми би реагирале кога ќе дознаат за нас двајца. По забавата уште неколку пати се допишувавме и тој сака повторно да ме види. Навистина ми се допаѓа и можам да се замислам во врска со него, но чувствувам дека тоа би било лоша идеја, објаснила девојката во писмото кое ѝ го испратила на советничката Колин Ноал.

За сексот со таткото на една од другаарките, им признав на неколку другарки, кои се згрозени, но само затоа што е „стар“. Сепак, верувале или не, тој всушност е добра личност и не ме познава од раѓање. Татко ми го запозна пред три години кога се преселивме во нивното соседство, а јас се зближив со неговата ќерка. Знам дека е комплицирано, но ми се допаѓа. Што да правам – ја прашала девојката на познатата советничка.

Нолан на девојката ѝ рекла да го следи својот инстинкт кој вели дека тоа е лоша идеја.

Тој е постар човек и тоа сега ти е возбудливо, но сметам дека неговото однесување е погрешно поради неколку причини. Татко ти многу ќе му се налути, а твојатаа другарка ќе се разочара во двајцата. Без сомнеж ќе се уништат вашите семејни односи, ја советувала советничката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.